Концерт за деца „Магичен глас“ на Македонската филхармонија - Канал 5

Концерт за деца „Магичен глас“ на Македонската филхармонија

Македонската филхармонија денеска напладне во Македонската опера и балет ќе го одржи првиот концерт од циклусот „Детски симфониски концерти“ во новата сезона.

Концерт за деца „Магичен глас“ на Македонската филхармонија
Под наслов „Магичен глас“, концертот ќе донесе возбудлива музика, но и интересна приказна, која ќе ги воведе најмладите во светот на фантазијата. Под диригентство на Ле Фи Фи, заедно со Македонската филхармонија ќе настапи младата афирмирана оперска певица, сопранот Билјана Јосифов, а аниматор и овој пат ќе биде извонредниот актер Мартин Јорданоски.

Во приказната, во која најмладите ќе имаат можност да уживаат во убавата музика на Копланд, Бернштајн, Римски-Корсаков, Моцарт, Верди, Штраус и Росини, се зборува за сонот на едно младо момче (Мартин Јорданоски) во кој тој има голема желба да стане оперски пејач. Во неговиот сон, од една музичка планета доаѓа убавата и добра Вештерка (Билјана Јосифов), која ќе ги покаже тајните на оперското пеење.

Низ актерска игра, проследена со многу фантазија и хумор, најмладите ќе имаат можност да се запознаат со магијата на гласот проткаен низ оркестарските звуци.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Државниот секретар Петрушевски учествуваше на 27. состанок на Советот на СЕЛЕК во Букурешт

На 21 октомври 2026 година, во Букурешт, Романија, се одржа 27. состанок на Советот на СЕЛЕК – Центарот за спроведување на законот на Југоисточна Европа.

Државниот секретар Петрушевски учествуваше на 27. состанок на Советот на СЕЛЕК во Букурешт

На состанокот учествуваше државниот секретар во Министерството за внатрешни работи, Сашо Петрушевски, во својство на постојан член на Советот, предводејќи ја македонската делегација.

Во рамки на состанокот беа презентирани резултатите од оперативната работа на СЕЛЕК за 2025 и 2026 година, при што беше разгледан придонесот на Центарот во унапредувањето на регионалната соработка и координацијата меѓу надлежните институции во справувањето со прекуграничниот и организираниот криминал.

Во продолжение, се одржа гласање за избор на нов генерален директор на СЕЛЕК. За функцијата беа номинирани кандидати од Албанија, Романија и Србија. По спроведената изборна постапка, за генерален директор беше избрана кандидатката на Романија, Мадалина Сорина Влангар.

Состанокот претставуваше можност за размена на информации и искуства меѓу земјите членки, како и за унапредување на регионалната соработка во спречувањето и сузбивањето на прекуграничниот и организираниот криминал.

Република Македонија, преку своето учество во работата на Советот на СЕЛЕК, продолжува да придонесува кон зајакнување на соработката меѓу надлежните институции и унапредување на безбедноста во Југоисточна Европа.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ѓорѓиевски: Го вративме вандализираното спомен-обележје на децата бегалци од Егејска Македонија

Го враќаме спомен-обележјето, го чуваме споменот на едно одземено детство!

Ѓорѓиевски: Го вративме вандализираното спомен-обележје на децата бегалци од Егејска Македонија

Го вративме вандализираното спомен-обележје на децата бегалци од Егејска Македонија, во чест на нивните судбини, прекинатото детство и незгаснатата љубов кон родниот дом.

Истовремено, во тек се градежните активности за целосна реконструкција на паркот „Жена-Борец“.

Го обновуваме просторот кој ја чува нашата колективна меморија и му го враќаме достоинството што го заслужува.

Градиме за иднината. Со почит кон минатото!, објави на ФБ градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

МП: Силна поддршка од Грција за европската интеграција и реформите во правосудството

Грција дава силна поддршка на нашата држава на патот кон членство во Европската Унија. 

МП: Силна поддршка од Грција за европската интеграција и реформите во правосудството

Ова беше потврдено на средбата меѓу министерот за правда, Јетон Шасивари, и новиот амбасадор на Грција, Јоанис Малукос, на која беше нагласена важноста на европската перспектива и натамошното продлабочување на билатералната соработка.

На средбата, грчката страна изрази подготвеност за безрезервна поддршка на реформите во правосудството, преку споделување искуства, обезбедување експертска помош и зајакнување на соработката меѓу надлежните институции.

Министерот Шасивари изрази благодарност за силната и континуирана поддршка од Грција, истакнувајќи дека реформите во правосудството, зајакнувањето на владеењето на правото и усогласувањето со европските стандарди остануваат меѓу клучните приоритети на Министерството за правда.

Двајцата соговорници ја потврдија заедничката заложба за унапредување на соработката и за конкретна поддршка на реформските процеси што се од суштинско значење за европската иднина на нашата држава.

Министерство за правда

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер