1Лефков: Филипче и СДС останаа заробени во сопствените лаги, ВМРО-ДПМНЕ одговара со факти и резултати
3Нашиот најдобар натпреварувач во коњички спорт ќе настапи на Светското првенство во прескокнување пречки
КултураКонцерт за четирирачно пијано со виртуозните пијанистки Ѓошевска и СмилевскаДвете виртуозни уметници доловија железен репертоар во областа на класичната музика. Марија Ѓошевска која спаѓа во елитата на најпознатите македонски пијанисти вчеравечер на „Охридско лето“ уште еднаш ја оправда критиката напишана за неа дека е уметник во врвни професионални карактеристики, презентирајќи ги на четирирачното пијано високите изведувачки стандарди заедно со нејзината колешка Славица Мицовска-Смилевска. Двете виртуозни уметници доловија железен репертоар во областа на класичната музика. Првиот дел од концертот беше посветен на Пер Гинт свитата од норвешкиот композитор Едвард Григ која претставува сценска музика на драмски текстови од познатиот норвешки драматург Хенрих Ибзен. Музиката во себе обедини различни приказни од светот што го инспирирале авторот да ги напише. Во вториот дел од концертот беше изведена Моцартовата Соната за четирирачно пијано, а крајот на прекрасната вечер беше резервиран за две свити од францускиот композитор Морис Равел, Мојата мајка гуска и Шпанска рапсодија. -Со професорката Славица Мицовска соработуваме уште од средношколските денови бидејќи сме иста генерација. Понатаму, во текот на студиите малку се разделивме бидејќи јас студирав во Скопје, во класата на професорот Борис Романов, а таа во Софија, во класата на професорката Жени Захариева, но по студиите повторно се споивме. Исто така, нè спојува и грижата за едно златно момче, Гоце Златев“, кој е иднината на македонскиот пијанизам и кој во моментов нижи светски успеси. Професорката Славица е негов матичен професор, а јас сум нивната поддршка како ментор. Тој матурира годинава во Државниот музичко-балетски училиштен центар „Илија Николовски-Луј“ и продолжува со своите студии настрана. Затоа со професорката Славица одлучивме, неговите успеси и заедничката соработка да ги прославиме со концертот на најубавиот и најпознатиот фестивал„Охридско лето“, вели пијанистката Ѓошевска. Двете извонредни пијанистки кои со прекрасната мелодика ги растреперија срцата на присутните во црквата „Света Софија“ се добитнички на бројни награди и признанија во земјава и надвор.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиАрмијата го слави 34. роденден08:35Трет смртен случај од западнонилска треска во Македонија, почина 61 годишен скопјанец кој имал и придружни болести15:00Продолжи судењето за „Пулс: Објектот имал прегради и врати кои ја попречиле евакуацијата14:28Денеска во судницата во „Идризово“ треба да продолжи судењето за пожарот во кочанската дискотека09:07Притвор за македонскиот државјанин – се сомничи за транспортот на 324 килограми марихуана фатени во Солун15:00
Трет смртен случај од западнонилска треска во Македонија, почина 61 годишен скопјанец кој имал и придружни болести15:00
Денеска во судницата во „Идризово“ треба да продолжи судењето за пожарот во кочанската дискотека09:07
Притвор за македонскиот државјанин – се сомничи за транспортот на 324 килограми марихуана фатени во Солун15:00
МакедонијаЛефков: Филипче и СДС останаа заробени во сопствените лаги, ВМРО-ДПМНЕ одговара со факти и резултатиОткако обидите за создавање паника околу водата пропаднаа пред фактите, од СДС нема ниту извинување, ниту преземање одговорност за кажаното. Напротив, продолжуваат со истата матрица, нов ден, нова конструкција и нов обид за создавање хаос. Тоа е разликата која граѓаните ја гледаат. Додека СДС произведува политички приказни, ВМРО-ДПМНЕ работи и испорачува резултати. Филипче може да одмора со Заев во Паљури, на милионската јахта, но не може бесконечно да бега од одговорноста за политиката што ја води неговата партија. СДС треба да одговори, зошто ниту еден пакет вода не донираа за Гостивар и зошто не го повикаа градоначалникот Лимани на одговорност? До кога секој нивен политички неуспех ќе го покриваат со нова дезинформација и нов обид за паника? Граѓаните веќе ја препознаваат оваа матрица. Македонија има потреба од одговорност и работа, а не од опозиција која сопствениот недостаток на идеи се обидува да го надомести со хаос и страв. Миле Лефков, член на ИК и пратеник на ВМРО-ДПМНЕ Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
КошаркаЛегендарни имиња во НБА Куќата на славнитеКошаркарската Куќа на славните е побогата за осум имиња.Во 2026 година, Кошаркарската куќа на славните „Нејсмит“ во Спрингфилд е збогатена за осум легенди. Во историјата на овој спорт со златни букви се запишани нови осум имиња. “It's one of those nights where you'll never forget it.”@Amareisreal reflects on officially being a member of the @Hoophall and where he'll put his spire 🔥 pic.twitter.com/kyqO2cWEWd — NBA (@NBA) August 16, 2026 Станува збор за кошаркарот Амари Стаудемајер, кошаркарките Кендис Паркер, Елена Деле Дон и Шамик Холдскло, тренерите Док Риверс, Марк Фју и Мајк Д'Антони, како и судијата Џои Крофорд. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветПретседателот на Тајван, Лаи Чинг-те, најави план вреден 7,4 милијарди долариПретседателот на Тајван, Лаи Чинг-те, најави план вреден 7,4 милијарди долари, по 314 долари од „дивидендата од вештачката интелигенција“ за секој граѓанин.Претседателот на Тајван, Лаи Цинг-те, најави финансиски пакет вреден 7,4 милијарди долари (235,7 милијарди тајвански долари), според кој секој граѓанин ќе добие директна парична исплата од 314 долари. Одлуката уследи откако силниот замав во технолошкиот сектор го зголеми годишниот раст на бруто-домашниот производ (БДП) на Тајван на рекордни 11,05 отсто, што претставува највисока стапка на раст на островот во последните 40 години. Посебно внимание се посветува на начинот на кој беше финансиран проектот. Владата во Тајпеј успеа да обезбеди директна финансиска помош за домаќинствата преку целосно избалансиран централен буџет, без дополнително државно задолжување, додека истовремено издвојувањата за национална одбрана за првпат во историјата надминаа еден трилион тајвански долари. Овој потег ја истакнува јасната разлика во поглед на регионалното економско лидерство. Додека властите во Пекинг, на кинеското копно, се соочуваат со криза во секторот на недвижности и пад на довербата на потрошувачите, избраното раководство на Тајван успева технолошката експертиза и економскиот раст директно да ги преточи во придобивки за своите граѓани.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook