3 Израел се соочува со можна политичка блокада: Ниту Нетанјаху ниту Ајзенкот не се блиску до формирање на Влада
Над 66.000 пријавени за вакцинација против сезонски грип, Клековски уверува дека вакцини ќе има за сите
1Над 66.000 пријавени за вакцинација против сезонски грип, Клековски уверува дека вакцини ќе има за сите
КултураКонцерт во чест на Никола Бадев во КавадарциКонцерт во чест на доајенот на македонската народна песна, Никола Бадев, се одржа синоќа во Домот на културата "Иван Мазов-Климе" во Кавадарци. Настанот беше во рамките на одбележувањето на стогодишнината од неговото раѓање. -Бадев е еден од најпознатите пеачи на изворни македонски песни. Амбасадор на нашата убава македонска песна, која со неговиот кадифен глас ја проширил надвор од нашите граници. Никој не можел да остане рамнодушен кога ги слушал неговите песни кои допирале длабоко до срцата и душата на секој, кој знаел да ги почуствува. Освен како пеач, Никола Бадев бил познат и како собирач на народни песни, а во 2006 година е издадена и збирка, промовирана на концерт одржан во чест на големиот великан на народната песна, рече Марија Михова, историчар во Музејот. Првиот настап го имал во Радио Скопје во 1948 година. -Оттогаш, тоа ретко грло ги испеало познатите најлирски песни, пеел за копнежот на вљубените, оживувал ликови и војводи. За своите 58 години живот, стана вистински народен уметник, кој самиот рекол "Песната е мојот живот". "Параходот" стана негова лична карта и химна на Кавадарци. Во 1976 година Никола Бадев замина од овој свет, а со својата интерпретација остави неизбришливи траги во нашето творештво, ги испеа најлирските песни, ги разбуди најдлабоките чувства на слушателите и како птица го прелета светот на кој му раскажа дека на Балканот постои еден народ, мал по бројност но голем по своето културно, уметничко и историско богатство, нагласи Михова. Сето она што во животот, додаде, не можело слободно да се каже, што требало да се премолчи и што морало да се преживее во себе, го нашло своето место во песната. "Песната, за Македонија е молитва, огледало на нејзината душа, нејзината воздишка". На концертот настапија професорот Радица Костадинова со "Ми заплакало селото Ваташа", Трио Гранде со "Параходот" и "Тешка беше нашата разделба", групата "Мањифико" со песните "Мајка на Марика думаше" и "Многу е тешко верно да љубиш", Пензионерскиот хор "Елегија" општина Центар- Скопје со песните "Праша ли Тимке мајка ти" и "Не се бели Маре мори", пејачката група "Лоза" при Здружение на пензионери од Кавадарци со песните "Вино пијам ем ракија" и "Ах мори Маро девојче", Блаже Богев со "Деспа стои на Дунава", Петре Пењушков со "По фабриките на Германија", Марјан Ѓорѓиовски со "Ацано млада невесто", Трајче Спанџов со "Гина,Гина". На самиот крај настапи КУД "Никола Бадев" – Цвета Спанџова и сите учесници ја изведоа песната "Никола Бадев , легендо славна". Чествувањето беше реализирано на иницијатива и во соработка на музејот со градоначалникот Митко Јанчев, локалната самоуправа, Домот на културата, пензионерското здружение, најблиските на Бадев. Претходно, во новиот музеј беше отворена Спомен соба за Бадев. /МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиУбиствата во Хром и Ѓорче Петров се поврзани и следувале по извршени разбојништва – уапсени четири лица 15:00Лишени од слобода четири лица во врска со двете разбојништвата со последица смрт во Скопје13:44Терористички напад пред израелската амбасада во Белград08:2876-годишна жена убиена во својот дом во Ѓорче Петров 15:00Убиена пензионерка во Ѓорче Петров12:30
Убиствата во Хром и Ѓорче Петров се поврзани и следувале по извршени разбојништва – уапсени четири лица 15:00
МакедонијаИскористени средствата за еднократната помош за пензионерите во социјален ризик од Општина ЦентарОпштина Центар информира дека средствата предвидени за еднократна финансиска помош за пензионерите во социјален ризик се целосно искористени.Поради тоа, Јавниот повик за оваа мерка повеќе не е активен, а по објавувањето на ова известување во Архивата на Општина Центар нема да се примаат нови барања. До моментот на завршувањето на повикот се доставени над 1.300 барања. За оваа намена од Буџетот на Општина Центар за 2026 година беа издвоени 7 милиони денари, а помошта беше удвоена – од минатогодишните 2.500 на 5.000 денари. Со тоа се исполни ветувањето за посилна поддршка на повозрасните сограѓани кои најмногу ја чувствуваат тежината на животните трошоци. Општина Центар им благодари на сите граѓани кои се јавија на повикот. Со почит, Одделение за односи со јавност Општина Центар - СкопјеТагови: Општина Центар Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЈанчев: Доделување на сертификати за успешно завршен ЛАПСИ циклусЛАПСИ отвора простор за младите да бидат активни двигатели на промените и да придонесуваат во обликувањето на заедницата во која живеат.Доделување на сертификати за успешно завршен ЛАПСИ циклус. Во рамки на ЛАПСИ - Локални активни платформи за социјални иновации, младите работеа во групи, ги мапираа предизвиците во својата општина и развиваа идеи за конкретни решенија и подобрување на локалната заедница, а денес им беа доделени сертификатите како потврда за нивното учество, посветеност и стекнатите знаења. ЛАПСИ отвора простор за младите да бидат активни двигатели на промените и да придонесуваат во обликувањето на заедницата во која живеат.- објави градоначалникот на Општина Кавадарци, Митко Јанчев. Тагови: Митко Јанчев Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Свет Израел се соочува со можна политичка блокада: Ниту Нетанјаху ниту Ајзенкот не се блиску до формирање на Влада Ниту Нетанјаху ниту Ајзенкот не се блиску до освојување на минимум 61 пратеничко место во Кнесетот за формирање на Влада – Израел се соочува со можна политичка блокада иако се уште во тек е пребројувањето на гласовите. Според досегашните резултати, владеачката партија – Ликуд останува водечка, сепак, комбинираниот опозицискиот блок би можел да добие мнозинство доколку соработува со арапските партии – опција која голем дел од нив ја исклучија. Бенјамин Нетанјаху повика на формирање националистичка десничарска влада и изјави дека арапските партии не смеат да имаат пристап до владата. -Што се однесува до Ликуд — две работи станаа јасни. Првата е недвосмислена: Ликуд е најголемата партија во Израел. Мораме да формираме силна, десничарска, националистичка влада. Забрането е, едноставно забрането, да се стави Израел во ризик преку формирање влада која се потпира на непријателски арапски фракции. Пред Израел стои единствена, историска можност — заедно со нашите партнери и претседателот Трамп — еднаш засекогаш да се отстрани егзистенцијалната закана од Иран.- Бенјамин Нетанјаху, преоден премиер на Израел и лидер на Ликуд Гади Ајзенкот вети дека ќе формира ционистичка влада со задолжителна воена служба - вклучително и за ултра-ортодоксните евреи, кои досега беа изземени, што е чувствително прашање во Израел. -На сите милиони што денес гласаа за општа воена служба и за но во раководство, сакам да им порачам дека ќе ги вложам сите свои сили за да формирам ционистичка влада посветена на општа служба за државата. Ова ќе биде влада што ќе се придржува до принципите што ги застапував цело време: признавање на државата Израел како еврејска и демократска, посветеност на вредностите од Декларацијата за независност, посветеност на донесување закон за „Служба за сите“ и посветеност на уништување на Хамас.- Гади Ајзенкот, кандидат и лидер на Јашар Според светските медиуми, доколку официјалниот резултат покаже дека никој нема мнозинство, израелскиот претседател – Исак Херцог би можел да се обиде да ги насочи двете најголеми партии кон формирање влада на национално единство. Херцог веќе изјави дека ќе стори се што е во негова моќ да спречи нови избори и политички застој.Тагови: Израел Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter