Стадион од 12 милијарди долари со капацитет од 115.000 луѓе- дали на него ќе се одржи Светското првенство 2030.?
1Стадион од 12 милијарди долари со капацитет од 115.000 луѓе- дали на него ќе се одржи Светското првенство 2030.?
КултураКонцерт во чест на Благој Цанев на 40. Денови на македонска музика Камерниот оркестар „Солисти на ФМУ“ вечер во рамки на 40. Денови на македонска музика ќе одржи концерт по повод 80-годишнината од раѓањето на Благој Цанев, во салата „Империјал“ на Македонската опера и балет. Солист на вечерта ќе биде пијанистот Дино Имери, а концертот ќе го води диригентот Борјан Цанев.На програмата на концертот е избор од опусот на композиторот Цанев создаден во различни творечки периоди: „Ленто“ за гудачки оркестар, „Суита интермеца“ за пијано, фолклорна суита „Овчеполска“ за гудачки оркестар, Три пиеси за пијано, „Пасакаља и Пајдушка“ за гудачки оркестар и Концертот за пијано и гудачки оркестар. Благој Цанев (8 авуст 1937) е истакнат претставник на македонската композиторска школа, добитник на бројни награди и признанија, автор со голем и разновиден творечки опус, изведуван во Македонија и надвор од границите. Тој е прв дипломец на Факултетот за музичка уметност во Скопје (оддел за музичка теорија и педагогија), а потоа студент по композиција во класата на проф. академик Властимир Николовски. По дипломирањето целосно ѝ се посветил на педагошката дејност работејќи во Нижото и Средното музичко училиште во Скопје, а потоа и како долгогодишен професор на Факултетот за музичка уметност. Покрај тоа, бил и предавач на голем број стручни семинари и музички манифестации во земјава и во странство. Цанев е долгогодишен врвен музички педагог, автор на најголемиот број музички учебници во Република Македонија и еден основачите на фестивалот „Златно славејче“. - Творечкиот опус на композиторот Благој Цанев изминува пат од традиционалните форми и израз, кон развиените музички родови и видови на современиот музички израз. Во него напоредно е вткаен белегот на македонскиот музички фолклор, трансформиран низ повеќе музички постапки. Чистиот и јасен приод и рационалноста во третманот на творечко изведувачката материја е уште една од значајните карактеристики на неговите дела, наведува организаторот во најавата за концертот. /МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДвајца загинати и тројца тешко повредени во директен судир15:00МФ: „Фич“ повторно го потврди кредитниот рејтинг ББ+ со стабилен изглед10:45Нема образложение од Врховен за укинувањето на пресудите за случајот „Ласкарци“ и за Стевчо Јакимовски15:00Неколку дуќани изгореа откако изби голем пожар во Шуто Оризари (ВИДЕО)10:14Газдата на „Пулс“ Дејан Јованов- Деко наскоро ќе се брани од слобода15:08
Нема образложение од Врховен за укинувањето на пресудите за случајот „Ласкарци“ и за Стевчо Јакимовски15:00
МетеоУХМР: Промена на времето и пад на температуритеСпоред хидрометеоролозите од денес ќе има значителен пад на температурите, поради што сите малку ќе здивнеме од екстремно тополото време.Ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Локално врнежите ќе бидат поројни и пообилни (над 15 l/m²), проследени со грмежи и засилен северен ветер (над 40 km/h). Дневната температура ќе биде во опаѓање. Потоа следува период на сончево време со мала до умерена облачност. Во вторник и четврток наместа ќе има услови за врнежи од дожд. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМицкоски: Граѓаните да пријавуваат ако им се бара мито – зашититени нема да имаВчера беше побаран притовор за помошник директорот во Царинската управа Џевер Имери, кој завчера беше фатен како прима мито. По случаите за примање мито од помошник директорот во Царинската управа Имери и и од возачот на генералниот секретар на Владата, премиерот Христијан Мицкоски откри дека во моментот се следат уште неколку случаи за кои постои соменвање за системска корупција во институциите. Не прецизираше за колку точно случаи станува збор и за кои сектори се работи, но посочи дека ваквите коруптивни дејствија низ иснтитуциите мора да бидат искоренети. Уверува дека случаи на висока корупција нема и порача дека секој кој се огрешил ќе одговара. „Следиме неколку случаи и чекаме тие тоа што го побарале од странките да се дрзнат да го земат. Еве однапред кажувам и ги повикувам сите граѓани кои што ќе бидат жртва на било каква системска корупција да пријават без исклучок секој ќе биде санкциониран. Еве, јавно го кажувам тоа“– Христијан Мицкоски, претседател на Влада Мицкоски најави и дека наскоро ќе биде отпочнат проект за пријавуавње корупција во соработка со Транспаренси Интернешанал. Граѓаните ќе можат на отворен број да пријавуваат доколку некој им побара мито. Во однос на случаите со барање на мито во Царинската управа и во СОЗР, премиерот вели дека не биле пријавени од граѓани во Обвинителството за оранизиран криминал но не сакаше да коментира за, како што рече, да не влијае на истрагите. Вчера беше побаран притовор за помошник директорот во Царинската управа Џевер Имери, кој завчера беше фатен како прима мито. Според истрагата на ОЈО ГОКК во периодот од април/мај до септември годинава Имери користејќи ја својата службена положба во повеќе наврати побарал и примил вкупно 17.500 евра. Тој по преземањето на парите се обиде да и избега од полицијата, но набрзо беше фатен и успасен. За примање мито пред една недела беше успасен и возачот на генералниот секретар на Владата Д,Ц кој барал поткуп од 1.500 евра за посредување при вработување на пожарникар во Град Скопје. Беше фатен на лице место при примопредавањето на 500 евра обележани пари. Веднаш по настанот, ген.секот на Влдата Јанушев целосно се огради од возачот и посочи дека за неговото незаконско постапување треба да оговара пред надлежните инстутуции. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЗдравјеЧестите отоци не се секогаш алергија – апел за навремено откривање на ХАЕ кај децата25 пациенти во Македонија живеат со наследната состојба ХАЕ или наследен ангиодем што предизвикува отоци на различни делови на телото дланки, лице, усни јазик грло, стомак. Оваа состојба се јавува без претходна најава уште во детството, и потсетува и на други заболувања како алергии. Но, честото појавување може да биде аларам за подетални испитувања со цел навреме да се направи редовно земање на терапија и да се има сосема живот без пречки. Наташа Јовановска Поповска има ХАЕ, таа е родена со оваа состојба. Таа е мајка, работи и го живее со полн капциетет. Вели дека во оваа состојба добро е што има лек и контрола на состојбата. Таа е во здржението ХАЕ Македонија. Лекови има редовни и тоа добро скоро 11 години. Она што е загрижувачко е што бројката од 25 дијганостицирани е повиска, но мора родителите навреме да реагираат заедно со матичните лекари доколку нивното дете има често отоци, но и доколку знаат дека во нивната фамилија имало. А отоците пред се во грлото може да се живото загозувачки. Животот со ХАЕ е предизвик таа имало потешка бременост, но се било навремено регулирано, најтежок период бил кога немало терапија, а останале на нозе и се бореле со семејствата. Родиделите на децата со ваква состојба не треба да се плашат само редовно да ја земаат терпијата. Сега е важна едукацијата од градинките и на децата дека ХАЕ е тука, но со зборување и едукација може да се помогне како со малата „Лили во видеото“. Од Здружението се задоволни од лекарскиот тим на детската клиника со докторка хасани и од клиниката за кожни болести каде се зема терапијата, со „апел не секој оток е алерија и навреме да се открие“ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook