КултураKoнцерт „Татковина“ во четврток во Македонската филхармонијаНа концертот насловен „Татковина“ во четврток вечер во Македонската филхармонија под диригентската палка на маестро Сашо Татарчевски, ќе настапи еден од најпосветените музички уметници кај нас, виолинистот Бојан Илкоски.На програмата ќе бидат изведени виртуозниот Концерт за виолина и оркестар бр.1 од Николо Паганини (1782 – 1840), исклучително виртуозно дело кое не ги рефлектира само техничките способности на оној што го изведува, туку овде се јасно воочливи и квалитетите на композиторот и Симфонија бр. 4 во де-мол, оп.120 од германскиот композитор Роберт Шуман (1810 – 1856) опишана како негова најмаестрална композиција, информираат од Македонската филхармонија. Додаваат дека според некои критичари, кога ја слушате Симфонијата бр. 4, се чувствувате како да сте научиле во музиката нешто што досега не сте знаеле. Сашо Татарчевски е роден во Битола каде што се здобива со основно и средно музичко образование. Дипломира и магистрира на Факултетот за музичка уметност во Скопје, на катедрите за хорско и оркестарско диригирање, а посетува и мајсторски курсеви во Њујорк, Рим, Москва, Берлин, Фиренца, Санкт Петербург и Сартеано.Настапувал со различни ансамбли, вклучувајќи ги Македонската филхармонија, Оркестарот на Македонската опера и балет, Симфонискиот оркестар на ИКО – Рим, Симфонискиот оркестар на Ермитаж од Санкт Петербург, Битолскиот камерен оркестар, Битолската опера, Симфонискиот оркестар на Битолско културно лето, Солисти на ФМУ, Симфонискиот оркестар на ФМУ, ансамблите за современа музика „Алеа“ и „КонТемпора“, Мандолинскиот оркестар при МКЦ и други камерни и симфониски состави. Во моментов работи како професор на ФМУ по група предмети од областа на диригирањето и диригент е на симфонискиот оркестар и мешаниот хор „Драган Шуплевски“, како и уметнички раководител на Женскиот младински хор при МКЦ и професионалниот мешан хор „Про Арс“. Освен на сцените низ Македонија, вклучувајќи ги и најреномираните манифестации како Охридско лето, Скопско лето, Денови на македонска музика, Есенски музички свечености и многу други, има настапувано и освоено награди со различни ансамбли во Португалија, Словенија, Шкотска, Белгија, Грција, Швајцарија, Шпанија, Хрватска, Италија, Србија, Бугарија, Чешка, Турција, Австрија, Романија, Полска и Русија. Татарчевски е редовен член на неколку жири-комисии на интернационални хорски натпревари, како и раководител на меѓународниот хорски форум во Струга. Виолинистот Бојан Илкоски (1992) е еден од најпосветените музички уметници кај нас, кој постојано настапува во различни ансамбли. Неодамна, токму со изведба на Концертот за виолина и оркестар бр. 1 од Паганини, настапи како солист во Софија со оркестарот „Симфониета Софија“ и маестро Свилен Симеонов. Музичкото образование го започнал во ДМБУЦ „Илија Николовски-Луј“ во Скопје, каде што ги завршил нижото и средното музичко образование, а првите контакти со виолината ги имал на седумгодишна возраст со проф.Румен Димитриев и проф. Зоран Џорлев. Дипломирал на Факултетот за музичка уметност во Скопје, во класата на проф.Олег Кондратенко. Досега остварил бројни настапи во земјата и надвор од нејзините граници: Романија, Србија, Хрватска, Бугарија, неколкупати настапувал како солист со Македонската филхармонија, Камерниот оркестар при ФМУ, а во 2009 година го одржал и својот прв самостоен целовечерен концерт во Даут-пашиниот амам. Со пијанистот Дино Имери основаа Камерно дуо и во овој состав реализираат бројни настапи во земјата и надвор од неа, како што се: Европскиот концерт приреден од музичките и балетските педагози на Македонија, заедно со Europian union of music competitions for youth;свеченото отворање на реномираниот натпревар „Охридски бисери“(2015); на фестивалот „А-фест“ во Нови Сад, Србија; рецитал во циклусот концерти „Доаѓаме...“ (2013) во организација на КИЦ; во амбасадата на Шпанија по покана на амбасадорот Фернандо де Галаинена Родригез... Во досегашното искуство како виолинист, вбројува и неколку соло рецитали без пијано придружба кои се од исклучителна важност и претставуваат огромен предизвик за секој инструменталист, воопшто. Со концерти од овој тип се претставува и на фестивалот „Златна лира 2017“, во организација на СМУМ. Заедно со Симфонискиот и Камерниот оркестар при Факултетот за музичка уметност има настапувано во земјава, како и во Хрватска и во Босна и Херцеговина. Како камерен музичар, соработувал со светски реномирани имиња како што се Франсис Дирој и светски познатиот виолончелист и диригент Марк Копеј, а остварува соработка и со виолинистот Сретен Крстиќ, концерт-мајстор на Минхенската филхармонија. Илкоски е член на Меѓународниот младински камерен оркестар на Музичка младина, а од неодамна е редовен член на Симфонискиот оркестар при Македонската филхармонија, како и член на оркестарот за филмска музика „Фејмс“.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Шоу бизНовата снимка од Мараја Кери предизвика загриженост, фановите коментираатСнимка од Мараја Кери во Бразил предизвика загриженост кај нејзините обожаватели. На социјалните мрежи, луѓето почнаа да се прашуваат дали сè е во ред со 57-годишната пејачка, откако видео од нејзино јавно појавување покажа дека таа се движи малку нестабилно додека излегува од автомобил. За време на престојот во Бразил, пејачката делеше автограми и се фотографираше со фановите кои се собраа да ја поздрават, држејќи транспаренти. Иако изгледаше добро расположена, некои гледачи забележаа дека ѝ треперат рацете и дека чекори несигурно. Снимката беше објавена на „TikTok“. Фановите се прашуваат дали сè е во ред „Дали треба да се грижиме?“ – праша еден корисник на „TikTok“. „Изгледа како да чувствува болка“, напиша друг, додека трет ѝ посака добро здравје на пејачката: „Се молам за неа и ѝ испраќам убави желби на нашата Божиќна кралица“. Сепак, не сите ја протолкуваа оваа ситуација како причина за загриженост. Некои укажаа на конкретните услови во кои се движеше пејачката: врнеше дожд, теренот беше закосен, а Кери носеше високи потпетици. „Како прво, врне дожд. Второ, теренот е закосен. Трето, таа носи високи потпетици. Четврто, не сака да падне“, напиша еден корисник. На снимката се гледа и како нејзиниот асистент ја држи околу половината додека таа поминува покрај фановите. Засега нема информации кои укажуваат на тоа дека Мараја Кери има некакви здравствени проблеми, а самата снимка не е доволна за да се донесе таков заклучок.Тагови: Мараја Кери Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЌе ги отстрани ли новиот Кривичен законик штетните последици од 2023 година?15:00Мицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55На коалициска средба ќе се пеглаат разликите во владата околу полагањето на Правосудниот испит15:00Скопје го одбележува Денот на ослободувањето – 13 Ноември08:49По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00
Мицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55
По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00
Технологија„Microsoft“ и големиот прекин – што навистина се случи?Услугите на „Microsoft“ конечно работат правилно по повеќе од 24 часа –што навистина тргна наопаку?„Microsoft“ го реши големиот проблем што предизвика повеќе од 24 часа застој на „Microsoft 365“, тоа предизвика сериозни прекини во работењето на бизнисите и владините агенции низ целиот свет. Проблемите започнаа на 12 ноември околу 17:17 часот по средноевропско време, кога услугата „Exchange Online“ падна. Малку повеќе од два часа подоцна, проблемите се проширија на остатокот од платформата „Microsoft 365“. Што го предизвика тоа? „Microsoft“ првично се сомневаше дека невообичаено големиот сообраќај е причина за проблемите. Сепак, последователната истрага покажа дека неколку серверски системи неочекувано престанаа да работат, оставајќи ги преостанатите сервери неспособни да се справат со зголеменото оптоварување. Обидите за рестартирање на серверите беа неуспешни, бидејќи тие повторно престанаа да реагираат откако се врати сообраќајот. Компанијата на крајот утврди дека проблемот е поврзан со претходно надградување на капацитетот на мрежата, предизвикано од последователна промена во мрежната инфраструктура. Потоа инженерите применија поправка на компонента одговорна за автентикација и насочување на сообраќајот. Обновувањето беше спроведено постепено, со обработка на заостанати е-пораки. „Microsoft“ нагласи дека нема докази за злонамерна активност и дека вештачката интелигенција не е причина за проблемот. Кој беше засегнат? Покрај „Outlook“ и „Exchange Online“, прекините влијаеја на календарите на „Teams“, закажувањето состаноци, „Copilot“, „SharePoint“ и „Intune“. Некои функции продолжија да работат за време на прекинот. Влијанието се почувствува надвор од технолошкиот сектор. Националната здравствена служба на Велика Британија (NHS) мораше да се потпре на алтернативни системи, додека индиските авиокомпании „Air India“, „IndiGo“ и „Akasa Air“ пријавија проблеми со поддршката за е-пошта. Проблемите влијаеја и на финансиските институции. Една тајванска компанија дури мораше да користи факс за да ги потврди трансакциите со акции. Според „Downdetector“, имало повеќе од 7,4 милиони пријави за проблеми низ целиот свет. Сепак, овој број не го претставува вкупниот број на индивидуални корисници погодени од прекинот. Извор: Б92Тагови: Microsoft Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаФранција на нозе: 200.000 луѓе на улицитеФранцуската полиција уапси 121 лице за време на протестите одржани низ целата земја, објави француското Министерство за внатрешни работи.Според Министерството, околу 106.000 луѓе учествувале во демонстрациите, додека синдикатите проценуваат дека околу 200.000 граѓани се собрале на улиците. 22 лица се приведени во Париз, вклучувајќи тројца малолетници. Апсењата се главно за носење оружје од категорија Д, навреди и кршење на забраните за посетување одредени места или учество во демонстрации, објавува „BFMTV“. Според полициските податоци, околу 24.000 луѓе протестираа во француската престолнина, додека младинските синдикати проценуваат дека на улиците имало близу 100.000 демонстранти. Низ цела Франција се одржаа повеќе од 60 протестни собири. Во Париз истовремено се одржаа три одделни демонстрации - против предлог-закон за претпоставка за легална употреба на оружје од страна на безбедносните сили, меѓународен марш против насилството врз децата и протест на движењето „Жолти елеци“ против зголемувањето на трошоците за живот. Тензии беа пријавени во Париз, Бордо, Нант, Лион и Руан. На Плоштадот на нацијата во Париз, полицијата употреби солзавец за да ја растера толпата, што предизвика први знаци на паника кај демонстрантите. Во Нант, полицијата употреби водени топови, додека во Бордо беа пријавени судири за време на кои некои демонстранти фрлаа предмети кон полицијата. Во Тулуз, според организаторите, протестираа 6.000 луѓе, додека полицијата соопшти дека имало 1.800. Собирот помина без инциденти. The Protests in France are Massive https://t.co/CefTcDvpqL — Ryan Rozbiani (@RyanRozbiani) November 14, 2026 Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЌе ги отстрани ли новиот Кривичен законик штетните последици од 2023 година?15:00Мицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55На коалициска средба ќе се пеглаат разликите во владата околу полагањето на Правосудниот испит15:00Скопје го одбележува Денот на ослободувањето – 13 Ноември08:49По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00
Мицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55
По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00