3Пожари веќе трет ден се шират низ неколку области на Грција, а најтешка е ситуацијата во Ретимно на Крит
КултураКонцерт со грчка музика со Клеоники Демири во во Националната опера и балетКонцерт со грчка музика со Клеоники Демири се одржа синоќа во Националната опера и балет, во рамки на одбележувањето на годишнината на националниот празник на Грција - 25 Март.Како што информира Амбасадата на Грција во Скопје, која е организатор на концертот, Клеоники Демири беше придружувана од Ахилеас Вастор на клавир, Димитрис Куфојоргос на мандолина и бузуки и Лефтерис Гривас на хармоника. - Публиката уживаше во богатата музичка програма што се протегаше низ грчката музичка продукција, почнувајќи од грчката традиција до делото на големите современи грчки композитори, се вели во соопштението од Амбасадата на Грција. Покрај концертот, се одржал и прием во Националната опера и балет, на кој присуствувале министерката за животна средина и просторно планирање Каја Шукова, евроамбасадорот Дејвид Гир, претставници на политички партии, дипломатскиот кор... /МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветГолем пожар во близина на мистериозната Област 51 во НевадаГолем шумски пожар во близина на „Областа 51“ (Area 51) – таен објект на Военото воздухопловство на САД во Невада – брзо се шири.Голем шумски пожар во близина на „Областа 51“ (Area 51) – таен објект на Военото воздухопловство на САД во Невада – брзо се шири, а засега е ставен под контрола само седум отсто од пожарот, соопшти американското Биро за управување со земјиштето (BLM). Пожарот, наречен „Квејл Спрингс“ (Quail Springs), настанал од удар на гром и гори веќе речиси една недела. Досега се зафатени повеќе од 54,6 квадратни километри. Неговото ширење е поттикнато од непристапниот терен, високите температури и сувите ветрови. За ова подрачје сè уште е на сила предупредување за екстремни горештини, кое ќе важи најмалку до недела, а во блиска иднина не се очекуваат врнежи. Од BLM соопштија дека пожарот во моментов не претставува закана за домовите или јавните површини, иако жителите на малото место Рејчел се предупредени за чадот. Пожарот се шири низ Полигонот за тестирање и обука во Невада (NTTR) – воена зона затворена за јавноста, пренесува Би-би-си. Овој воен комплекс се наоѓа во близина на „Областа 51“ (Area 51), која била формирана за време на Студената војна меѓу САД и Советскиот Сојуз како објект за тестирање и развој на воздухоплови. Она што се случува внатре во „Областа 51“ и денес останува строго чувана тајна. Пристапот за јавноста е забранет, а забраната се спроведува преку предупредувачки знаци, електронски надзор и вооружени чувари. Токму таа таинственост со децении поттикнува бројни теории на заговор – од кои најпозната е тврдењето дека во базата се чуваат вонземјани чии вселенски летала наводно се урнале на Земјата.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЦаринска управа: На Табановце спречен обид за нелегален пренос на девизи - запленети 64 илјади евра09:08Гостиварци се уште без вода за пиење, анализите продолжуваат15:21Седница за пратенички прашања во Собранието15:00Град Скопје: Дезинсекција против комарци, фаза 1011:57На ГП „Богородица“за излез од државата се чека околу 20 минути08:50
Царинска управа: На Табановце спречен обид за нелегален пренос на девизи - запленети 64 илјади евра09:08
КултураКвартет „Хермес“- млади уметници со голема зрелост во интерпретацијатаСо долги и стоечки овации беа испратени вчеравечер членовите на францускиот квартет „Хермес“ од фестивалот „Охридско лето“. Нивниот концерт се одржа во рамки на традиционалната Француска вечер на „Охридско лето“, поддржана од Амбасадата на Франција во РС Македонија и Францускиот Институт во Скопје. Младите но зрели во својата интерпретација уметници Омер Буше, Елисе Лиу, Лоу Јунг Хсин Чанг и Јан Левиноа донесоа исклучително деликатна и сложена програма за изведување, која иако таква, наиде на големо воодушевување и прием кај публиката која уживаше во секој отсвирен тон од страна на француските музичари. -Ова е првпат да дојдеме овде и навистина беше задоволство да ја откриеме оваа прекрасна црква и нејзината извонредна акустика, изведувајќи програма која е многу деликатна и сложена, како за нас, така и за публиката. Беше вистинско задоволство што можевме да придонесеме луѓето да го откријат Квартетот на Форе – француско дело што со задоволство го изведовме годинава. А тука беше и Гудачкиот квартет бр.14 од Бетовен, чие дело за нас претставува апсолутно ремек-дело, изјавија членовите на „Хермес“ кои веднаш по завршувањето на концертот заминаа во Франција зашто како што најавија, летово им претстојат многу концерти. Квартетот „Хермес“, именуван според познатиот гласник од грчката митологија, својата музичка уникатност ја градат преку тоа што се обидуваат да бидат „проводници“ на музичките идеи на композиторите и нив да ги спојат со сензибилитетот на публиката. Нивниот идентитет го градат преку бројните патувања и настапи насекаде низ светот. „Карнеги хол“ во Њујорк, Забранетиот град во Пекинг, „Вигмор хол“ во Лондон се само некои од местата во кои настапиле и кои суштински влијаеле врз нивниот развој како ансамбл.Виолончелистот Јан Левионоа свири на инструмент изработен од Давид Течлер во 1703 година кој му е даден на користење од страна на приватни донатори. Вчерашниот концерт на квартетот „Хермес“ го проследија претседателката на РС Македонија, Гордана Сиљановска-Давкова која е покровител на фестивалот и заменик-амбасадорот на Франција во земјава, Филип Маршето.Тагови: Охридско лето Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
БалканПожари веќе трет ден се шират низ неколку области на Грција, а најтешка е ситуацијата во Ретимно на КритПожари веќе трет ден се шират низ неколку области на Грција, а најтешка е ситуацијата во Ретимно на Крит,исто така и пожарот на Парос повторно се разгорува.Според информациите од координативниот центар, гаснењето на пожарот во Ретимно го отежнуваат силните ветрови и непристапниот терен, што предизвикува постојано повторно појавување на пожарот и негово ширење. Првичните проценки покажуваат дека се изгорени повеќе од 45 илјади хектари, а се очекува конечниот исход од катастрофата да биде поголем. Поради многу високиот ризик од нови пожари, властите воведоа привремена забрана за сообраќај и присуство на граѓани во одредени шумски области на Патрас, но и на ХалкидикиТагови: пожар Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЦаринска управа: На Табановце спречен обид за нелегален пренос на девизи - запленети 64 илјади евра09:08Гостиварци се уште без вода за пиење, анализите продолжуваат15:21Седница за пратенички прашања во Собранието15:00Град Скопје: Дезинсекција против комарци, фаза 1011:57На ГП „Богородица“за излез од државата се чека околу 20 минути08:50
Царинска управа: На Табановце спречен обид за нелегален пренос на девизи - запленети 64 илјади евра09:08