Концерт со бајан, хармоника и алпхорн вечерва на програмата на „Охридско лето“ - Канал 5

Концерт со бајан, хармоника и алпхорн вечерва на програмата на „Охридско лето“

Ексклузивноста на фестивалот „Охридско лето“ е препознатлива не само со настапот на голем број светски уметници, туку и преку промовирањето инструменти што досега публиката во Македонија и регионот немала можност да ги слушне.

Концерт со бајан, хармоника и алпхорн вечерва на програмата на „Охридско лето“
После полските уметници од „Дуо глас“ кои одржаа извонреден концерт на чаши, вечерва на програмата на „Охридско лето“ уште еден интересно изненадување, со солисти кои настапуваат на бајан и алпски рог.

- Наспроти предлозите уметникот на алпхорн да настапува како солист со гудачки квартет, камерен оркестар, чембало, сметав дека најексклузивно претставување на тој инструмент ќе биде токму експлузивното дуо со бајан, рече селекторот на музичката програма Гордана Јосифова – Неделковска.

Инструментот алпхорн датира уште од пред две илјади години. Се поврзува со Келтските племиња кои се населиле на северните падини на Алпите и се користел како средство за комуникација.

- Извонредните Карло Торлонтано и Масимилиано Питоко ќе ни претстават два инструменти од традиционалната и популарната култура, во рамки на италијанското дуо „Alphorn & Bayan“ кое со својот уникатен звук доживува огромни успеси насекаде во светот.

Уметникот на алпхорн, Карло Торлонтано истакна дека мисијата на формирањето на дуото било да ги промовира овие два инструменти, посебно алпхорнот, преку настапи на многу интернационални фестивали во најпознатите светски сали исто како и сите други инструменти, со цел да се даде можност на публиката во целиот свет да ужива во убавата и сензационална мелодичност на тој невообичаен инструмент.

- Задоволство и чест ми е што сум првпат тука во Македонија, во рамки на толку познат фестивал, но истовремено сум благодарен што ја имам можноста да бидам првиот уметник што ќе свири на аплхорн пред македонската публика, рече маестро Торлонтано.

Овој еминентен уметник на алпхорн има настапувано како солист заедно со Филхармониски оркестар на Санкт Петербург, Берлинска Филхармонија, Варшавската Филхармонија, како и на многу реномирани фестивали и светски сцени како Фестивал „Претежно Моцарт“ (САД), Брисбејн музички Фестивал, Фестивал на камерна музика во Кухмо, Прага Промс Фестивал, Академијата за изведбени уметности во Хонг Конг, Калифорниски центар за уметности, Музичка куќа во Порто, Музички фестивал Њупорт (САД)...

Вечерва дел од концертот како солист ќе биде и Јури Шишкин, еден од најпознатите хармоникаши во светот и еден од најреномираните професори во светската академска средина.

- За Македонија уште како мал многу сум слушал, но дури сега ми е дадена можност да бидам тука и да настапувам на фестивал со толку големо реноме на кој се претставиле огромен број светски познати уметници, рече маестро Шишкин, кој е познат и по своите транскрипции за хармоника на оркестарски композиции и дела напишани од големите светски композитори за класични инструменти.

Сложеноста на тој процес на пишување на аранжмани за хармоника, како што рече маестро Шипкин, произлегува од тоа што мелодијата што се обработува мора прво да се изработи хармониски како за оркестар, а дури потоа истата да се прилагодува за хармоника.

- Доколку композицијата не може да биде прилагодена на орекстарско изведување, не постои варијанта таа да биде изведувана на хармоника. Такви се примерите на дела на композиторите како Скрјабин, Дебиси, Шопен, чии дела не трпат оркестрација, односно не би биле истите доколку се изведуваат на хармоника, рече тој.

Чест и привилегија за младите хармоникаши е да бидат дел од мастер-класите на професорот Шишкин. Оваа година во рамки на летната академија на „Охридско лето“ маестро Шишкин ќе има можност дел од своето знаење и искуство да им го пренесува на 15-тина млади уметници на хармоника од Македонија и од поширокиот регион.

Концертот ќе се одржи вечерва во црквата „Света Софија“, со почеток во стандардниот фестивалски термин од 21 часот. /МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: За Алта банка Савески да почне од Мицкоски и Славески – сметките и трансакциите мора да се испитаат веднаш

Сега кога Савески преку медиумите доби „зелено светло“ од шефот Мицкоски дека може да почне да работи, нека почне токму од Мицкоски и од гувернерот Трајко Славески.

СДСМ: За Алта банка Савески да почне од Мицкоски и Славески – сметките и трансакциите  мора да се испитаат веднаш

Нека го испита секој можен аспект од влезот на Алта банка во Македонија, сомнителниот капитал, одлуките, кој одобрил и зошто.

Нека утврди што разговарале и договарале со Вучиќ.

Што договарале со Мацура?

Обвинител не смее да чека телефонски повик. Ниту наредба од собраниска говорница или од телевизија.

Токму ваквото однесување ја разјадува независноста на

правосудството и целосно ја руши довербата кај граѓаните.

Потоа следуваат катастрофални оценки во извештајот на Европската комисија.

Независно обвинителство не чека, не работи по сигнал од премиерот, не чека туку постапува.

Бараме веднаш да се обезбедат и испитаат сметките, трансакциите и целокупната документација на Алта банка.

Обвинителството и полицијата да ја известат јавноста за утврдените наоди.

Тоа мора да се направи пред какво било преземање. Продажбата којашто ја договара Мицкоски не смее да стане покритие за заташкување на случајот и избегнување одговорност.

Савески, отворете истрага за Мицкоски, Славески и за сите инволвирани во носењето на Алта банка, обезбедете ги доказите, испитајте ги трансакциите, повикајте ги инволвираните.

Дадовте заклетва на граѓаните, не на оваа мафија.

Вистината излегува на виделина. Бандата ќе одговара.

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Трамп потврди дека ФБИ истражува афера поврзана со извршниот директор на технолошкиот гигант „Нвидиа“, Јенсен Хуанг

Американскиот претседател Доналд Трамп потврди дека ФБИ истражува афера поврзана со извршниот директор на технолошкиот гигант „Нвидиа“, Јенсен Хуанг, и наводна кинеска шпионка.

Трамп потврди дека ФБИ истражува афера поврзана со извршниот директор на технолошкиот гигант „Нвидиа“, Јенсен Хуанг

Трамп откри дека лично разговарал со Хуанг, кој му рекол дека немал сознанија оти жената била шпионка.

Американскиот претседател изјави дека му верува.според „Њујорк Тајмс“, американските разузнавачки служби веруваат дека Алис Хуанг, позната и како Хуанг Ле, работела за Пекинг.

Весникот објави дека државниот секретар Марко Рубио уште минатата пролет испратил предупредување до високи американски функционери за наводните блиски врски меѓу жената и Хуанг.

Алис Хуанг била директорка на сингапурската компанија „Мегаспид“, која имала деловни зделки со „Нвидиа“.Компанијата веќе нарачала независна истрага и тврди дека нема индикации дека се компромитирани нејзините деловни тајни или националната безбедност на САД.

Пекинг ги отфрли обвинувањата, оценувајќи ги како неосновани и шпекулативни.аферата се одрази и врз берзата. Акциите на „Нвидиа“ паднаа за повеќе од четири проценти, а пазарната вредност на компанијата се намали за околу 250 милијарди долари.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Голден Стејт убедлив против „Њу Орлеанс, „пеликаните“ декласирани со 138-87

„Вориорс“ победија со 51 поен разлика!

Голден Стејт убедлив против „Њу Орлеанс, „пеликаните“ декласирани со 138-87

Кошаркарите на „Голден Стејт Вориорс“ утринава ја продолжија својата импресивна победничка серија, совладувајќи ги „Њу Орлеанс Пеликанс“ со убедливи 138:87 .

Тимот од Сан Франциско победи со разлика од дури 51 поен, што претставува и најголема победа на кој било НБА-тим сезонава.

Инаку, ова е осма победа во низа за „Вориорс“, кои ја започнаа сезоната со три порази, а сега се во одлична форма.

Од друга страна, „Пеликанс“ го доживеаја најубедливиот пораз во историјата на франшизата.

Стеф Кари беше еден од најзаслужните за новата победа со постигнати 25 поени, иако на теренот помина нешто повеќе од 20 минути. Тој погоди четири тројки од десет обиди, а во текот на натпреварот го престигна Демар Дерозан и се искачи на 16-тото место на вечната листа на стрелци во НБА, со вкупно 26.803 поени.

Брандин Подзиемски постигна ист број поени, додека Џексон-Дејвис забележа 23 поени, седум скока и четири асистенции.

Чарлс Беси додаде 12 поени и 10 скока, а Деантони Мелтон го заврши натпреварот со 16 поени.

Посебно внимание привлече и Џими Батлер, кој поради повреда не можеше да настапи, но се појави во улога на член на стручниот штаб. Облечен како тренер, тој држеше натпис на кој пишуваше: „Додајте му ја топката на Стеф“.

Утрово Голден Стејт ја оствари четвртата најголема победа во историјата на франшизата, а последен пат кога славеа со поголема разлика беше во април 2023 година, кога го совладаа Портланд со разлика од 56 поени. „Вориорси“ сега имаат низа од осум победи по ред – втора најдолга серија во историјата на НБА по почеток на сезоната со скор 0-3 или полош.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер