Концерт со авторска музика на Роџер Ино во четврток во Филхармонија - Канал 5

Концерт со авторска музика на Роџер Ино во четврток во Филхармонија

Во просториите на Филхармонија во четврток ќе се одржи концерт „Седеф“, на кој ќе биде изведена авторска музика на британскиот композитор и пијанист Роџер Ино. На концертот ќе биде изведена нова музика во аранжмани и оркестрација на Џијан Емин.

Концерт со авторска музика на Роџер Ино во четврток во Филхармонија

Директорката на Филхармонија Тина Иванова на денешната прес-конференција рече дека Роџер Ино е еден од највлијателните композитори на 20 век.

Таа додаде дека Филхармонија во последните години концерти посветува и на малку поинаква музика, а тоа е затоа што музиката е широко поле за истражување и за креација и сакаат да привлечат поширок круг на слушатели и повеќе профили на луѓе.

-Среќни сме што Роџер Ино дојде во Скопје. Концертот го насловивме „Седеф“ и вистински „седеф“ ќе имате можност да слушнете во неговата музика за чиј аранжман и оркестрации се погрижи маестро Џијан Емин кој ќе го диригира овој концерт. Се надевам сите кои ќе дојдат на концертот ќе ја почуствуваат вистинската длабочина во неговата музика, која носи порака и има многу длабоки филозофски мисли и интересни бои. Овој настан е редок настан, еднаш ќе се случи и никогаш повеќе. Затоа е добро да се биде на лице место и да се ужива во се она што го создадоа Роџер Ино и Џијан Емин, додаде Иванова.

Концертот, како што посочи, ќе биде збогатен со прекрасни визуализации и со поезија.

-Првпат работам со Џијан Емин, и задоволен сум од нашата соработка. Со своите аранжмани и оркестрација тој успеа мојата музика, која е пасторална и англиска да ја однесе на сосема друго место, рече Роџер Ино на прес-конференцијата.

Музичарот Џијан Емин рече оти му е драго што е дел од овој проект, бидејќи во еден период од неговата рана музичка младост имал можност да слуша музика од Роџер Рино.

-Имам прекрасни спомени од тој период, така што некако е погодено што и јас сум дел од овој проект бидејќи ваков тип на музика – амбиентална музика мене лично многу ми одговара. Досега немам учествувано на некој ваков или сличен проект што е чудно, нормално, меѓутоа од една страна можеби е супер затоа што еве конечно прилика на еден супер начин со вистински господин да ја покажеме музиката која што ја работевме изминатите месеци, додаде Џијан Емин на прес-конференцијата по повод претстојниот концерт.

Роџер Ино е британски пијанист и композитор чиј стил тешко може да се категоризира. Критичарите велат дека неговиот естетски код не може лесно да се стави во рамка и дека музиката му е лизгава како риба, кога станува збор за каква било детерминација. Ино креира вивидни и емотивни музички пејзажи. Вели дека го користи креативниот процес на декомпозиција во својата работа, дека го расчленува јадрото на музиката до нејзиниот последен атом, за да дојде до нејзината суштина. Соработувал со низа познати музичари како Лу Рид, со британскиот електробенд „The Orb“, со својот брат Брајан Ино... Автор е и на музиката за серијата наградена со „Еми“ – „State of the Union“, работена по сценарио на Ник Хорнби, во режија на Стивен Фрирс.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ученик со ловечка пушка пукал во училиште во Франција- се сомнева на тероризам (ВИДЕО)

Француските обвинители за антитероризам ја презедоа истрагата за пукањето во училиште во близина на Марсеј. 

Ученик со ловечка пушка пукал во училиште во Франција- се сомнева на тероризам (ВИДЕО)

Случајот е пренасочен откако првичните проверки покажаа дека 14-годишниот осомничен ученик е можно да е поврзан со онлајн движењето True Crime Community (TCC), пишува Ројтерс.

Вчера, еден ученик рани двајца наставници со ловџиска пушка. Според официјалните лица, тој го скрил оружјето во торба за гитара. Нападот предизвикал паника, а децата избегале за да се засолнат.

Истрагата е префрлена во Париз

Канцеларијата на обвинителот за антитероризам објави дека го презема случајот од канцеларијата на обвинителот во Марсеј. „Првите истраги, кои вклучуваат анализа на дигиталните уреди на малолетниците, укажуваат на веројатна врска со движењето True Crime Community (TCC). Тие исто така сугерираат дека злосторството во училиштето било мотивирано од таа идеологија“, се вели во соопштението на обвинителот.

Во истиот текст, TCC е опишан како „екосистем на онлајн заедници кои ги слават сторителите на масовно убиство и на одредени начини поттикнуваат екстремно насилство“.

Обвинителството потврди дека е покрената истрага поради сомнение за „обид за убиство како дел од терористички потфат, учество во терористичко злосторничко здружение со намера за извршување кривични дела против лица и прекршување на законот за оружје поврзано со терористички потфат“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Јанев во работна посета на СВР Тетово: Фокус на безбедносната состојба и претстојните избори

Директорот на БЈБ, Александар Јанев, во работна посета на СВР Тетово: Фокус на безбедносната состојба и претстојните избори.

Јанев во работна посета на СВР Тетово: Фокус на безбедносната состојба и претстојните избори

Денеска (13.10.2026), директорот на Бирото за јавна безбедност, Александар Јанев, заедно со дел од својот тим, оствари работна посета на СВР Тетово, при што беа разгледани актуелните безбедносни состојби, сообраќајната безбедност, јавниот ред и мир и борбата против криминалот.

Посебен акцент беше ставен на претстојните локални избори и обврската на полицијата да обезбеди безбеден, мирен и демократски изборен процес, без притисоци и незаконски влијанија врз граѓаните.

Директорот Јанев ја нагласи важноста на превентивното дејствување, оперативната координација и користењето на современите технолошки средства, како и професионалното и непристрасно постапување на полициските службеници.

„Во борбата против криминалот нема простор за селективност, а во извршувањето на полициската должност нема простор за неодговорност. Законот мора да важи за сите подеднакво“, порача Јанев, соопштуваат од МВР.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Груби излегува од домашен притвор, но без пасош

Поранешниот вицепремиер Артан Груби излегува од домашен притвор, но без пасош. потврдија од Кривичниот суд попладнево. 

Груби излегува од домашен притвор, но без пасош

Основниот кривичен суд Скопје го одби барањето на одбраната за враќање на патната исправа на Груби, кој е второобвинет во предметот за „Државна Лотарија“. Иако мерката куќен притвор му е укината по сила на законот, обвинетиот и натаму останува без пасош. По добиено негативно мислење од надлежното јавно обвинителство, Судот го одби барањето на Груби да му биде вратен пасошот и покрај гаранцијата од околу 336.000 евра во недвижен имот што тој ја понуди, а против него се определени дополнителни мерки за претпазливост.

„Се прифаќа предлогот на Основното јавно обвинителство за определување мерки за претпазливост, и тоа: Забрана за напуштање на живеалиште односно престојувалиште, Обврска повремено да се јавува во судот, Забрана за приближување односно остварување контакт и врски со одредени лица. Дополнително, против обвинетиот и натаму останува активна мерката за претпазливост – одземање на патната исправа и забрана за издавање нова патна исправа или друг документ за преминување на државната граница, соопштија од Кривичен.“

За укинувањето на домашниот притвор за Груби од Судот велат дека согласно членот 470 од Законот за кривична постапка, притворот што му е определен на ексвицепремиерот во конкретниот случај може да трае најдолго 60 дена од поднесувањето на обвинителниот предлог, кој во конкретниот случај е поднесен на 13 август годинава, поради што Кривичниот совет донел решение за укинување на мерката.

Артан Груби е обвинет заедно со уште седум лица, меѓу кои и поранешниот директор на Државна лотарија, Перпарим Бајрами, за злоупотреба на службената положба во врска со набавката на ВЛТ-апарати за потребите на Лотарија. За ова дело е предвидена казна од една до пет години затвор. Поранешниниот вицепремиер, по повеќе од една година недостапност за органите на прогонот, во февруари годинава се врати во земјава и беше приведен на граничниот премин „Блаце“.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер