3Мерлин од Мексико е нова сензација на Светското првенство- патката носи дрес и чорапи на репрезентацијата (ВИДЕО)
КултураКонцерт со афро-кубанска музика на Националниот џез оркестар Националниот џез оркестар на 20 февруари во Филхармонијата ќе одржи концерт насловен Кубански оган (Cuban Fire) под диригентската палка на Зиги Фајг од Австрија, кој веќе има настапувано со џез оркестарот во земјава.-Ве покануваме на уште едно неверојатно музичко доживување што се фокусира на афро-кубанската музика и ги спојува биг-бенд музиката со кубанските ритми и мелодии! Низ оваа автентична „латино свита” ќе не води нашиот долгогодишен пријател и соработник, диригентот Зиги Фајг (Австрија) кој со години го држи пиедесталот на најдобар биг-бенд диригент во Европа и пошироко, најавуваат од Националниот џез оркестар на нивниот официјален фејсбук профил. Концертот е насловен Кубански оган (Cuban Fire) по истоимениот албум на исклучителниот американски џез-бенд лидер, пијанист, композитор и аранжер, Стен Кентон. На репертоарот ќе бидат дел од најзначајните композиции на Кентон, вклучувајќи го и албумот Cuban Fire, вистинско биг-бенд ремек-дело кое критиката го опишува како „возбудлива и кинематографска фузија на кубанската и биг-бенд музиката.“ Зиги Фајгл е светски познат диригент на биг бенд, првенствено познат по неговиот придонес за австриската џез сцена. Водел различни биг-бендови и ансамбли, меѓу кои биг бендот во Грац, ХГМ биг бендот, биг бендот Суд, преку својата работа покажувајќи го својот талент за аранжирање и диригирање на големи музички состави. Работата на Фајгл во музиката за биг бенд често опфаќа широк спектар на стилови, од традиционалните свинг и џез стандарди до посовремени и експериментални композиции. Има соработувано со многу реномирани музичари и уметници, како во Австрија, така и на меѓународно ниво, меѓу кои Бил Холман, Тутс Тилеманс, Арт Фармер, Марк Марфи, Боб Брукмаер, Артуро Сандовал и други, и се стекнал со репутација за неговото вешто лидерство и иновативни аранжмани. Концертот со афро-кубанска музика е закажан за 20 февруари во Филхармонија, со почеток од 20 часот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаТошковски: Најголем број сообраќајни несреќи со тротинети се случуваат кај младата популацијаСе подготвуваат законски измени за регулирање на користењето електрични тротинети со цел зголемување на безбедноста во сообраќајот, најави минситерот за внатрешни Панче Тошковски.Потенцираше дека ќе се заострува казнената политика и на регулативата во делот на управување со електрични тротинети, преку измени во Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМинистерката за енергетика уверува дека нема да има раст на цената на електричната енергијаЌе има ли промени на сметките за струја откако ЕСМ од следната година повеќе нема целосно да ги покрива потребите на универзалниот снабдувач? Од следната година АД ЕСМ нема целосно да ги покрива потребите со електрична енегрија на универзалниот снабдувач..Согласно новиот Закон за енергетика, уделот на струја што ќе го испорачува ЕСМ ќе биде ограничен на 70%, наместо досегашните 100. Министерката за енергетика Сања Божиновска објасни дека ова е последен чекор од исполнување на реформската агенда во енергетскиот сектор, но и дека тоа не значи поскапување на струјата. Според неа, поради пониските берзански цени на електричната енергија и зголеменото производство од обновливи извори не очекува раст на цената на струјата. Министерството за енергетика ќе се заложи и за евентуално укинување на блок-тарифите, но сепак како што изјави Божиновска, конечната одлука е во надлежност на Регулаторната комисија за енергетика. „Ако ги гледаме цените како се нула во овој период и колку многу има повеќе електрична енергија и дека веќе Грција извезува, јас мислам дека може да се очекува намалување на овие цени, меѓутоа тоа е сепак берза што значи на берза може да има и скокови и падови, но некој тренд е дека сега имаме многу ниски цени и нули. Регулаторната комисија за енергетика е одговорна за блоковите, тие ги дефинираат, прават истражувања. Ако не повикаат ние секако ќе дадеме наше мислење, меѓутоа целта е една и единствена граѓаните да имаат пониски сметки. “ Божиновска истакна минатата година македонија била над европскиот просек односно околу 58% од инсталираните капацитети се од од обновливи извори. Таа очекува овој тренд да продолжи и во следниот период. На јавниот повик за изградба на енергетски објекти за 2027 година, до почетокот на месецов пристигнале над 800 иницијативи од приватни компании и институции Божиновска на брифингот со медиумите соопшти и дека до министерството пристигнало решението од Државниот завод за индустриска сопственост, со кое официјално се заштитува македонскиот рубин како наш, уникатен полускапоцен камен, со што добива статус на заштитено национално минерално наследство. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМВР и МОН стартуваат со нов проект за превенција од семејно и врсничко насилствоСемејното и врсничкото насилство земаат замав. За само една година бројот на пријави за семејно насилство е зголемен за 67 проценти, а во пораст е и насилството меѓу учениците. За 67 % се зголемиле пријавите за семејно насилство во МВР за само една година. 768 кривични дела поврзани со семејно насилство се регистрирани во периодот од почекокот на оваа година до крајот на мај, наспроти минатата година кога имало 460 пријави, објави министерот за внатрешни работи Панче Тошковски. И врсничкото насилство е во подем. За претходната учебна година евидентирани се 93 пријави на насилства во 64 училишта. Министерката за образование Весна Јаневска го најави проектот „Прекинување на циклусот на насилство – системска превенција на семејно и врсничко насилство преку образовниот систем“. Министерот за социјална политика Фатмир Лимани истакна дека врсничкото насилство не се појавува изолирано, туку често е последица на нарушени семејни односи. Од Комората на психолози објаснија дека агресивното однесување доаѓа како последица од доживена болка и насилство. Опасно станува кога не се работи на овој проблем кој може да продолжи со насилство и во следните генерации. Од следната недела ќе започнат обуки за училишните психолози, педагози и социјални работници во основното образование, со цел да се препознаат децата кои се жртви на насилство и навремено преземање соодветни мерки. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски на партискиот роденден на ВМРО-ДПМНЕ најави ново поглавје - држава на можности, не на изговори15:12Мисајловски на состанокот на Северноатлантскиот совет во Брисел: Македонската Армија се развива со засилено темпо12:53Мисајловски со колегите од сојузничките земји на состанокот на Северноатлантскиот совет во седиштето на НАТО во Брисел09:06Под мотото „Македонија забрзува, наша обврска “ ВМРО-ДМПНЕ одбележува 36 годишнина од своето формирање 21:58ЕП го изгласа Извештајот за Македонија, но во финалната верзија останува делот за очекувањата од Историската комисија 15:00
Мицкоски на партискиот роденден на ВМРО-ДПМНЕ најави ново поглавје - држава на можности, не на изговори15:12
Мисајловски на состанокот на Северноатлантскиот совет во Брисел: Македонската Армија се развива со засилено темпо12:53
Мисајловски со колегите од сојузничките земји на состанокот на Северноатлантскиот совет во седиштето на НАТО во Брисел09:06
Под мотото „Македонија забрзува, наша обврска “ ВМРО-ДМПНЕ одбележува 36 годишнина од своето формирање 21:58
ЕП го изгласа Извештајот за Македонија, но во финалната верзија останува делот за очекувањата од Историската комисија 15:00