МВР: Селекцијата за прием во Средното полициско училиште „7-ми Мај“ се спроведува согласно утврдените критериуми
1МВР: Селекцијата за прием во Средното полициско училиште „7-ми Мај“ се спроведува согласно утврдените критериуми
МЗ: Во Гостивар здравствениот систем реагираше навремено, пациентите добија соодветна здравствена грижа
1МЗ: Во Гостивар здравствениот систем реагираше навремено, пациентите добија соодветна здравствена грижа
КултураКонцерт на воениот оркестар по повод 30 години Армија и Денот на народното востаниеВоениот оркестар на Армијата вечерва ќе одржи едночасовен вечерен концерт во Домот на Армијата во Скопје. Концертот се организира во рамки на активностите со кои се одбележува 30-годишниот јубилеј на Армијата и во чест на Денот на народното востание – 11 Октомври. – На концертот, во составот на армискиот воен оркестар ќе учествуваат и припадници од воениот оркестар на Армијата , солисти и уметници од реномираните национални музички институции, како и самостојни музички изведувачи, информираат од Министерството за одбрана. Како што се наведува соопштението, репертоарот на концертот, што во рамки на јубилејната година се изведува под слоганот „Безбедност, стабилност, доверба“, содржи музички нумери од македонската евергрин сцена, војнички композиции, но и композиции на познати светски автори, како Лучијано Фелицијани, Ричард Штраус, Густав Холст. – На концертот покрај началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски, заменикот на министерката за одбрана, Башким Хасани, военото раководство од Генералштабот и Министерството за одбрана и припадници од командите и единиците на Армијата, како гости се очекува да присуствуваат и претставници од Собранието и Владата на Република Македонија, претставници од амбасадите и воено-дипломатскиот кор и други, се вели во соопштението. Од Министерството посочија дека вечерниот концерт е дел од планираните активности со кои годинава, Армијата одбележува 30 години од своето формирање, но и со кој се промовира соработката и заедништвото со сојузничките армии. Концертот ќе може да се проследи преку директен пренос на третиот програмски сервис на МРТ со почеток во 20:00 часот, како и на Јутјуб каналот и Фејсбук-профилот на Армијата.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЗдравјеМЗ: Во Гостивар здравствениот систем реагираше навремено, пациентите добија соодветна здравствена грижаМинистерството за здравство ја почитува законската можност секој да поднесе пријава доколку смета дека постои основ. Истовремено, очекуваме надлежните институции професионално, темелно и неселективно да ги испитаат сите наводи. Основното јавно обвинителство веќе постапува по случајот. Министерството и сите надлежни здравствени установи целосно ќе соработуваат и без одложување ќе ја достават секоја побарана информација, анализа и документација. Во Гостивар здравствениот систем реагираше навремено, пациентите добија соодветна здравствена грижа, а јавноста беше информирана за состојбата. Здравјето на граѓаните не смее да биде предмет на дневнополитички пресметки. Оттука, сметаме дека обидите на СДСМ случајот да го претвори во партиска тема не придонесуваат за утврдување на фактите. Наместо политички квалификации и прес-конференции, потребно е да им се овозможи на надлежните институции непречено да ја завршат постапката. Министерството ќе продолжи да работи транспарентно и одговорно. Наши приоритети остануваат функционалниот здравствен систем, заштитата на здравјето на граѓаните и целосното утврдување на фактите врз основа на докази.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СудбинаЧакал касна жена во Романија; мештаните ја спасијаЧакал нападна 41-годишна жена утрово, на 10 август, пред нејзиниот дом во селото Олтенешти во источна Романија. Животното ја касна жената за подлактицата и ѝ го изгреба стомакот, но таа се спаси благодарение на мештаните кои веднаш ѝ притекнаа на помош. Нападот се случи пред домот на 41-годишната жена, која итно беше пренесена во окружната болница, пренесува Digi24. Жртвата остана свесна и присебна; по инцидентот, жителите изразија загриженост и побараа од надлежните да интервенираат и да ги отстранат опасните животни од околината на селото, бидејќи стравуваат да излезат од своите домови.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЖивата од термометрите останува „заглавена“ на 40 степен15:0825 години од масакрот кај Љуботенски Бачила: Армијата ќе им оддаде почит на осумтемина загинати08:34ЦУК предупредува на зголемен ризик од брзо ширење на пожарите15:08Лишен од слобода скопјанец кој управувал возило со 2,13 промили алкохол и без возачка12:0928 годишното момче со повреден врат транспортирано од Кушадаси 18:18
МакедонијаМВР: Селекцијата за прием во Средното полициско училиште „7-ми Мај“ се спроведува согласно утврдените критериуми Во врска со наводите изнесени во јавноста дека кандидат за прием во Средното полициско училиште „7-ми Мај“ не бил повикан на проверка на моторичките способности и покрај тоа што ги исполнувал условите од јавниот повик, Министерството за внатрешни раСоопштение МВР Процесот на селекција сè уште е во тек и се спроведува во повеќе последователни фази. На проверка на моторичките способности се повикуваат кандидатите кои претходно успешно ја поминале административната селекција. Во рамки на административната селекција, меѓу другото, се утврдува исполнувањето на условот кандидатот да има најмалку „добар“ општ успех во двете завршени години средно образование и да не му биле изрекувани педагошки мерки во училиштето во кое ги завршил прва и втора година. Во конкретниот случај, кандидатот не е повикан на проверка на моторичките способности бидејќи не ја поминал административната селекција, односно не ги исполнил сите услови што се проверуваат во оваа фаза. По завршувањето на целокупната постапка, кандидатите ќе бидат известени за исходот од селекцијата, а согласно предвидената постапка ќе им биде овозможен и увид во документацијата. Министерството за внатрешни работи апелира да не се изнесуваат неточни и непотврдени информации пред официјалното завршување на процесот. Селекцијата се спроведува професионално, согласно критериумите од јавниот повик и со еднаков третман на сите кандидати, стои во соопштението од МВР. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter