3 Научниците тврдат дека погрешно ги сметаме кучешките години – Еве колку всушност е возрасно вашето куче
ЗабаваКонцерт на Влатко Стефановски на 1 август во ОхридНајпознатиот македонски гитарист Влатко Стефановски на 1 август ќе има концерт во Античкиот театар во Охрид. Нашиот гитарски виртуоз ќе настапи со гостите и негови пријатели Теодосиј Спасов од Бугарија, хармоникашот Танос Ставридис од Грција, Биља Крстиќ од Србија, Весна Гиновска Илкова и групата „Љубојна“ од Македонија. Посетителите ќе можат да го слушнат неговиот последен проект, албумот „Мајчин јазик“. - Верувам дека охридскиот концерт ќе биде кулминација на сите мои трагања, музички и просторни. Со нетрпение го очекувам концертот и моите гости кои доаѓаат од разни страни, рече на денешната прес-конференција Стефановски. Додаде дека е оптимист и очекува добро време за охридскиот концерт. За Охрид рече дека е место полно со магија, дух, уметност, неверојатна природа и претставува секогаш голема инспирација и возбуда за него. Одговарајќи на новинарско прашање, Стефановски рече дека еден од мотивите за организирање на овој концерт е за да се спротивстави на „тоа се и сешто што доаѓа и што настапува токму овој датум“. - И би сакал да ја имаме таа среќа да влеземе во празникот, 2 Август-Илинден, заедно со последните нумери од концертот, рече Срефановски. Владимир Мандичевски-Манде од Баги комуникации кои се организатори на концертот изјави дека во Охрид ќе има концерт по трите фантастични и успешни концерти на Стефановски во Скопје. - Она што можеме да ви ветиме дека ќе биде добар, можеби уште подобар од тие три концерти бидејќи имаме и гостин од Грција, рече Манда. Организаторот најави дека на концертот ќе присуствува и првата жена премиер на Словенија Аленка Братушек. Почетокот на концертот е во 22 часот. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСДСМ: Кочовска и Мицкоски го фингираат јавниот долг - СДСМ ги разобличува нивните лагиОткако СДСМ јавно го објави документот за ново задолжување на граѓаните од 1,3 милијарди евра владата се обидува да се оправдаат со нови лаги и манипулации. СДСМ повторно ги разобличува нивните лаги. 1.Според објавените податоци на Министерството за финансии, во јавниот долг заклучно со јуни 2026 година не е вкалкулиран новиот долг од 350 милиони евра на ЈП за државни патишта (ЈПДП). Значи Кочовска и Мицкоски го фингираат јавниот долг. Но очигледно Кочовска го крши и Законот за јавен долг во кој стои дека во јавен долг влегува и гарантираниот долг на јавните претпријатија и акционерските друштва основани од државата. Долгот за ЈПДП е сокриен и не постои во последната табела за јуни оваа година бидејќи со него веќе долгот би бил над 11 милијарди евра. Значи со фингирани табели мафта Кочовска. Позадината на сето ова е во подмолната операција која ја смислија криминалната организација со одлуката ЈПДП директно да се задолжува. Тоа имаше за цел шверцерски да го намалат дефицитот во буџетот. Но бидејќи пари во Буџетот нема сега сакаат да го фингираат и јавниот долг. Ова веќе не е прашање на политичко толкување, туку прашање на законитост, точност и кредибилитет на официјалните финансиски податоци на државата. 2.Обидувајќи се да се оправда за зголемувањето на долговите на 12 милијарди евра, односно 65% од БДП, Кочовска влета во нова лага. Ако задолжувањето од 1,3 милијарди евра било планирано за 2027 година зошто одлучувале на седница на Влада 5 месеци порано и 4 месеци пред крајот на тековната година? Вистината е сосема спротивна. Вистината е дека владата на Мицкоски нема пари во буџетот и може да ја затвори ниту оваа фискална година без ново задолжување. Вистината е дека се преговара и за нови долгови со некои кредитори. Вистината е дека до крајот на годината ќе мора да има ново поголемо надворешно задолжување и тоа ќе биде екстремно скапо со вонредно висока камата. СДСМТагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
БалканВисоките температури во Република Српска ги затворија училиштата до 11 септемвриСпоред одлуката на министерството, наставата ќе биде одложена во периодот од 4 до 11 септември 2026 година.Министерството за образование и култура на Република Српска ги информираше основните и средните училишта во ентитетот дека почетокот на наставата ќе биде одложен поради екстремно високите температури и несоодветните услови за одвивање на образовниот процес. Според одлуката на министерството, наставата ќе биде одложена во периодот од 4 до 11 септември 2026 година. Како што соопштија од министерството, одлуката е донесена првенствено со цел да се заштити здравјето и безбедноста на учениците и вработените во училиштата, како и да се обезбедат соодветни и безбедни услови за спроведување на наставата.Тагови: Република Српска Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаЕУ ќе обезбеди дополнителни 200 милини евра за ГренландЕвропската Унија ќе обезбеди дополнителни 200 милиони евра финансиска поддршка за Гренланд.Во недела оваа одлука се очекува да ја објави претседателката на Европската Комисија, Урсула Фон Дер Лајен, за време на посетата на главниот Град Нук. Лондонски „Фајненшл тајмс“ повикувајќи се на двајца европски претставници запознаени со плановите за посетата, пишува дека предвидените средства за Гренланд ќе се однесуваат на периодот 2026-2027 година. За време на посетата, Фон Дер Лајен се очекува да потпише и декларација за зајакнување на економските врски меѓу ЕУ и Гренланд, арктички остров со околу 57 илјади жители.Тагови: ЕУ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПожарот од Грачани го покри Скопје09:34Седма жртва на западнонилска треска, почина 66-годишен пациент од Гази Баба15:11Уапсени се три лица за перење пари, кривична за уште тројца и три фирми- проневериле над 2 милиони евра13:07Полициска акција и апсења за проневра од 210.000 евра за лажирани уплати во државни институции10:18Без вода делови од Центар08:16
Уапсени се три лица за перење пари, кривична за уште тројца и три фирми- проневериле над 2 милиони евра13:07