КултураКонцерт на виолинистот Радуловиќ и ансамблот „Ѓаволски трилери“ за роденденот на „Охридско лето“За роденденот на „Охридско лето“ 4 август веќе традиција е да се организираат концерти на познати имиња од музиката, со програма што ќе го слави секое ново фестивалско издание. Оваа година „Охридско лето“ ќе го прослави 54-тиот роденден со спектакуларен концерт на српскиот виолинист Немања Радуловиќ, заедно со француското трио „Ѓаволски трилери“, предводени од пијанистката Лор Фавр-Кан.Радуловиќ минатата година беше дел од програмата на „Охридско лето“, но за разлика од лани кога настапуваше со изведба на класични дела, за ова роденденско издание тој ќе настапува со посебна програма, со композиции на „АББА“, Пуњани, Крајслер, Шопен, Масне, Берио, Вивалди, Бизе, Паганини, Шостакович, Хачатурјан, Вилијамс, Кустурица, Монти. Немања Радуловиќ се вбројува меѓу највпечатливите уметници од младата генерација на денешната музичка сцена, воодушевувајќи го аудиториумот со своите атрактивни настапи. Радуловиќ е добитник на престижните награди „Јоахим“ во Хановер, „Џорџе Енеску“, „Антонио Страдивари“, „Јехуди Мењухин“, „Вијенјавски-Липински“ во Полска. Тој беше прогласен за „Интернационално откритие на годината“ од „Виктуар де ла музик“ (Victoires de la Musique) - Европска асоцијација на уметници-менаџери (European Assosiation of Artist Managers) и номиниран за „Рисинг Стар”. Радуловиќ настапува во најпознатите светски сали: Концертгебау во Амстердам, Мегарон во Атина, Музичкиот центар во Париз (Cite de la Musique), „Пале де бозар“ (Palais des Beaux-Arts) во Брисел, Филхармонијата во Келн, „Карнеги хол“ во Њујорк, како и на бројни меѓународни фестивали. Тој свири со најдобрите светски оркестри: симфоничарите од Монтреал, Рио, Барселона, Нирнберг, Филхармониските оркестри на Радио Франција, Рим, Штудгарт, Германската државна филхармонија, Кралската филхармонија - Лондон, Филхармонијата на Украина, Оркестарот на Романска Швајцарија и многу други. Радуловиќ редовно настапува со Мариел Нордман, Сузан Маноф, Доминик Плансад, Лор Фавр-Кан, Ане Гастинел и со ансамблите „Д девлжс трилс“ („The Devil's Trills“) и „Дабл сенс“ (Double Sens). Неговите снимки се објавени од водечките издавачки куќи „ТрансАрт лајф“ (TransArt Live) и АртАкт –Декка/ Јуниврзал (ArtAct-Decca/Universal), а неговиот солистички компакт-диск е награден со „Дијапазон декуверт“ („Diapason Decouverte“). Прогласен е за Почесен доктор на Универзитетот во Ниш – Србија, а за 2013/2014 е прогласен за најдобар уметник на „Виктуар де ла музик“ (Victoires de la Musique) (MIDEM Prize). Групата „Д девлжс трилс“ („The Devil's Trills“ - „Ѓаволските трилери“) беше создадена со цел да се преразгледа репертоарот за соло-виолина и тој да биде донесен до пошироката публика. Групата ја сочинуваат гудачки квинтет и светски познатиот виолинист Немања Радуловиќ, а нивниот репертоар претставува една разновидна музичка палета – од Бах и Моцарт, преку романтичарите Чајковски, Бизе и други, сè до современата уметничка и филмска музика. Групата редовно настапува на најпрестижните светски фестивали. Покрај најпосакуваните светски концертни сали (Токиската опера, Шангајската концертна сала, театарот „Шатле“ (Theatre du Chatelet) – Париз, Коларац – Белград и други), тие со задоволство свират во џез-клубови и на други алтернативни сцени. Нивните три компакт-дискови за Јунивeрзал (Universal) (DECCA, Deutche Grammophon- Dojce gramofon) беа со воодушевување примени од музичката критика. Групата веќе неколку години соработува со српскиот композитор Александар Седлар. Лор Фавр-Кан, по завршувањето на студиите по пијано на конзерваториумите во Авињон и Париз, постигнува значајни успеси на меѓународните натпревари и издава бројни компакт-дискови со разновиден репертоар. Во нејзината биографија бројни се рециталите и настапите со оркестрите од европските и азиските земји, како и соработката со водечки солисти, особено со Немања Радуловиќ. Во 2014 год. Лор Фавр-Кан го продуцира својот прв спектакл посветен на Шопен, заедно со гласот на францускиот актер Шарл Берлинг. Концерот ќе се одржи на голмата сцена на Античкиот театар, со почеток од 21 часот. Првиот официјален фестивалски настан на „Охридско лето“ беше концертот на оперската пејачка Ана Липша Тофовиќ на 4 август 1961 година. Од тогаш наваму фестивалот се одржува секоја година, со почеток од 12 јули. Од 1994 година „Охридско лето“ е редовен член на Европската асоцијација на фестивалите. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Шоу бизНовата снимка од Мараја Кери предизвика загриженост, фановите коментираатСнимка од Мараја Кери во Бразил предизвика загриженост кај нејзините обожаватели. На социјалните мрежи, луѓето почнаа да се прашуваат дали сè е во ред со 57-годишната пејачка, откако видео од нејзино јавно појавување покажа дека таа се движи малку нестабилно додека излегува од автомобил. За време на престојот во Бразил, пејачката делеше автограми и се фотографираше со фановите кои се собраа да ја поздрават, држејќи транспаренти. Иако изгледаше добро расположена, некои гледачи забележаа дека ѝ треперат рацете и дека чекори несигурно. Снимката беше објавена на „TikTok“. Фановите се прашуваат дали сè е во ред „Дали треба да се грижиме?“ – праша еден корисник на „TikTok“. „Изгледа како да чувствува болка“, напиша друг, додека трет ѝ посака добро здравје на пејачката: „Се молам за неа и ѝ испраќам убави желби на нашата Божиќна кралица“. Сепак, не сите ја протолкуваа оваа ситуација како причина за загриженост. Некои укажаа на конкретните услови во кои се движеше пејачката: врнеше дожд, теренот беше закосен, а Кери носеше високи потпетици. „Како прво, врне дожд. Второ, теренот е закосен. Трето, таа носи високи потпетици. Четврто, не сака да падне“, напиша еден корисник. На снимката се гледа и како нејзиниот асистент ја држи околу половината додека таа поминува покрај фановите. Засега нема информации кои укажуваат на тоа дека Мараја Кери има некакви здравствени проблеми, а самата снимка не е доволна за да се донесе таков заклучок.Тагови: Мараја Кери Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Технологија„Microsoft“ и големиот прекин – што навистина се случи?Услугите на „Microsoft“ конечно работат правилно по повеќе од 24 часа –што навистина тргна наопаку?„Microsoft“ го реши големиот проблем што предизвика повеќе од 24 часа застој на „Microsoft 365“, тоа предизвика сериозни прекини во работењето на бизнисите и владините агенции низ целиот свет. Проблемите започнаа на 12 ноември околу 17:17 часот по средноевропско време, кога услугата „Exchange Online“ падна. Малку повеќе од два часа подоцна, проблемите се проширија на остатокот од платформата „Microsoft 365“. Што го предизвика тоа? „Microsoft“ првично се сомневаше дека невообичаено големиот сообраќај е причина за проблемите. Сепак, последователната истрага покажа дека неколку серверски системи неочекувано престанаа да работат, оставајќи ги преостанатите сервери неспособни да се справат со зголеменото оптоварување. Обидите за рестартирање на серверите беа неуспешни, бидејќи тие повторно престанаа да реагираат откако се врати сообраќајот. Компанијата на крајот утврди дека проблемот е поврзан со претходно надградување на капацитетот на мрежата, предизвикано од последователна промена во мрежната инфраструктура. Потоа инженерите применија поправка на компонента одговорна за автентикација и насочување на сообраќајот. Обновувањето беше спроведено постепено, со обработка на заостанати е-пораки. „Microsoft“ нагласи дека нема докази за злонамерна активност и дека вештачката интелигенција не е причина за проблемот. Кој беше засегнат? Покрај „Outlook“ и „Exchange Online“, прекините влијаеја на календарите на „Teams“, закажувањето состаноци, „Copilot“, „SharePoint“ и „Intune“. Некои функции продолжија да работат за време на прекинот. Влијанието се почувствува надвор од технолошкиот сектор. Националната здравствена служба на Велика Британија (NHS) мораше да се потпре на алтернативни системи, додека индиските авиокомпании „Air India“, „IndiGo“ и „Akasa Air“ пријавија проблеми со поддршката за е-пошта. Проблемите влијаеја и на финансиските институции. Една тајванска компанија дури мораше да користи факс за да ги потврди трансакциите со акции. Според „Downdetector“, имало повеќе од 7,4 милиони пријави за проблеми низ целиот свет. Сепак, овој број не го претставува вкупниот број на индивидуални корисници погодени од прекинот. Извор: Б92Тагови: Microsoft Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаФранција на нозе: 200.000 луѓе на улицитеФранцуската полиција уапси 121 лице за време на протестите одржани низ целата земја, објави француското Министерство за внатрешни работи.Според Министерството, околу 106.000 луѓе учествувале во демонстрациите, додека синдикатите проценуваат дека околу 200.000 граѓани се собрале на улиците. 22 лица се приведени во Париз, вклучувајќи тројца малолетници. Апсењата се главно за носење оружје од категорија Д, навреди и кршење на забраните за посетување одредени места или учество во демонстрации, објавува „BFMTV“. Според полициските податоци, околу 24.000 луѓе протестираа во француската престолнина, додека младинските синдикати проценуваат дека на улиците имало близу 100.000 демонстранти. Низ цела Франција се одржаа повеќе од 60 протестни собири. Во Париз истовремено се одржаа три одделни демонстрации - против предлог-закон за претпоставка за легална употреба на оружје од страна на безбедносните сили, меѓународен марш против насилството врз децата и протест на движењето „Жолти елеци“ против зголемувањето на трошоците за живот. Тензии беа пријавени во Париз, Бордо, Нант, Лион и Руан. На Плоштадот на нацијата во Париз, полицијата употреби солзавец за да ја растера толпата, што предизвика први знаци на паника кај демонстрантите. Во Нант, полицијата употреби водени топови, додека во Бордо беа пријавени судири за време на кои некои демонстранти фрлаа предмети кон полицијата. Во Тулуз, според организаторите, протестираа 6.000 луѓе, додека полицијата соопшти дека имало 1.800. Собирот помина без инциденти. The Protests in France are Massive https://t.co/CefTcDvpqL — Ryan Rozbiani (@RyanRozbiani) November 14, 2026 Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook