Концерт на виолинистката Сајака Шоџи со Македонската филхармонија - Канал 5

Концерт на виолинистката Сајака Шоџи со Македонската филхармонија

Македонската филхармонија вечер во Домот на АРМ ќе го одржи симфонискиот концерт „Островска инспирација“, на кој како солист ќе настапи врвната јапонска виолинистка Сајака Шоџи.

Концерт на виолинистката Сајака Шоџи со Македонската филхармонија
Повеќенаградуваната уметница и една од најдобрите виолинистки од поновата генерација ќе го изведе концертот за виолина и оркестар оп.15 од Бенџамин Бритн, кој ќе ја доживее македонската премиера.

Под палката на маестро Борјан Цанев ќе бидат изведени и прекрасните Енигма варијации од Едвард Елгар.

„Островска инспирација“ е претпоследниот концерт од редовната концертна сезона на Македонската филхармонија. Следува гостувањето на 14 април во рамки на фестивалот „Денови на македонска музика“, додека на 12 мај, првпат во Македонија гостува познатиот танго уметник на усна хармоника, Џо Пауерс од САД, на концертот насловен „Алхемија“, кој ќе го означи и крајот на старата концертна сезона на оваа институција.

Македонската филхармонија, следејќи ја традицијата, во јуни ќе ги одржи и двата концерти со студентите и со учениците од музичките факултети и училишта во земјава, додека во текот на мај и април ќе оствари гостувања во Струга, Гевгелија, Битола и Прилеп.

Кон крајот на јуни, ќе се одржи и традиционалниот мултимедијален настан „Види музика, слушни слика, добиј книга“, за кој годинава Македонската филхармонија и Младинскиот културен центар подготвуваат несекојдневна и атрактивна програма.

Јапонската виолинистка Сајака Шоџи (1983) е првиот јапонски, но и најмладиот победник (по Ленута Чиулеи) на натпреварот „Паганини“ одржан во Џенова во 1999 година. Родена е во Токио во уметничко семејство (нејзината мајка е сликарка, додека нејзината баба е поетеса), а детството го поминала во Сиена, Италија. Нејзиното семејство сепак, се сели назад во Јапонија каде што Шоџи почнува да изучува виолина. На 15 години, таа заминува во Германија на Колеџот за музика во Келн во класата на Закар Брон, а дипломира во 2004 година. Меѓу нејзините учители се и Сашко Гаврилов и Шломо Минц. Во 1997 година Шоџи го прави своето деби на фестивалот Луцерн и во „Музиквереин“ во Виена со диригентот и виолинист Рудолф Баумгартнер, а две години подоцна ќе ја освои наградата „Паганини“.

Сајака Шоџи снима за престижната куќа „Дојче грамофон“, а свири на виолина „страдивариус“ од 1729 година. /МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Двојно признание за првенците на МНТ Тања Кочовска и Тони Михајловски на фестивалот во Никшиќ

Првенците на Македонскиот народен театар, Тања Кочовска и Тони Михајловски, се добитници на фестивалски признанија на 22. Меѓународен фестивал на глумецот – Никшиќ 2026.

Двојно признание за првенците на МНТ Тања Кочовска и Тони Михајловски на фестивалот во Никшиќ

Тања Кочовска ја доби наградата за најдобра женска, а Тони Михајловски за најдобра машка епизодна улога, за своите актерски остварувања во претставата „Страв и надеж“ на МНТ.

Претставата, во адаптација и режија на Татјана Мандиќ Ригонат, беше дел од овогодишната фестивалска програма, а актерските остварувања на двајцата првенци на МНТ беа издвоени како особено впечатливи.

Во образложението на жирито се истакнува:

„Беше вистинско задоволство да се гледаат овие двајца актери, особено во сцената во која настапуваат како партнери. Нивната игра беше трагикомична, исполнета со човечка топлина. Со својата инспиративна актерска игра ја направија нашата одлука лесна.“

Одлуката ја донесе стручното жири во состав: Миодраг Кривокапиќ, истакнат драмски уметник и актер, претседател на жирито, Даница Максимовиќ, истакната актерка, и Стеван Вуковиќ.

Ова двојно признание е уште една потврда за актерскиот квалитет на двајцата првенци на МНТ, како и за вредноста на претставата „Страв и надеж“, која продолжува да го афирмира МНТ.

Особено значаен е и фактот што актерскиот тандем Тања Кочовска и Тони Михајловски заедно добива фестивалски признанија на различни театарски фестивали, за различни претстави, потврдувајќи ја вредноста и препознатливоста на нивните заеднички актерски остварувања.

На свеченото доделување, наградите ги прими директорот на Македонскиот народен театар, Никола Кимовски, во име на наградените актери.

„Реткост и посебна чест е да се добие награда на фестивал посветен на актерот. Актерот без кого ликовите би останале да живеат само на хартија, а сцената би била празна. Актерот кој на сцената стои пред нас како огледало. Благодарност од срце“, кажа - Никола Кимовски, директорот на МНТ.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ-Филипче и Заев да одговорат дали знаеле за сомнителните трансакции од 110 милиони евра од Венецуела преку Еуростандард банка

СДС и Венко Филипче што со демагогии, лаги, манипулации и хистерија сакаат да предизвикаат страв и несигурност кај граѓаните, на македонската јавност им должат одговори за пропаста на Еуростабдард банка и за можноста за „перење“ пари.

ВМРО-ДПМНЕ-Филипче и Заев да одговорат дали знаеле за сомнителните трансакции од 110 милиони евра од Венецуела преку Еуростандард банка

Филипче заедно со својот ментор Зоран Заев должат јасни, јавни и недвосмислени одговори дали знаеле за трансферот на 110 милиони евра сомнителни пари од Венецуела во Македонија и дали некој од тогашната власт имал каква било улога или влијание во реализацијата на овие трансакции?

Станува збор за сериозни наводи за финансиски трансакции реализирани во 2019 година преку Еуростандард банка, во периодот кога Зоран Заев беше претседател на Владата, а Венко Филипче министер за здравство.

Особено загрижува фактот што трансакциите биле поврзани и со земји како Русија, Белорусија и Србија, што отвора дополнителни прашања за потеклото на средствата, нивната намена и политичките и финансиски влијанија.

Значи, каде се Филипче и Заев, таму има и руски, и белоруски и српски влијанија, а секогаш на штета на државните интереси.

И поаѓајќи од себе, кај СДС и Филипче проработува Фројд и мислат дека сите како нив и постапуваат со задни намери, за лични интереси.

Но, разликата е јасна и сите ја гледаат. Сега имаме одговорна власт која ги штити финансискиот систем, банките и граѓаните, а не власт како таа на СДС која банкротира банки и штедачите ги остава без своите пари.

Има голема разлика, не сме сите исти.

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Претседателката Сиљановска-Давкова ќе учествува на Самитот за климатски промени (COP31) во Анталија

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, денеска во Анталија, Република Турција ќе учествува на Лидерскиот самит во рамките на 31. Конференција на страните (COP31) на Конвенцијата на Обединетите Нации за климатски промени.

Претседателката Сиљановска-Давкова ќе учествува на Самитот за климатски промени (COP31) во Анталија

Предвидено е претседателката да се обрати на првата пленарна сесија за шефови на држави и влади, како и на дијалогот на високо ниво, посветен на транзицијата кон чиста енергија и електрификацијата. Таа ќе оствари билатерални средби со дел од учесниците на самитот.

Во состав на македонската делегација на COP31 се министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа и министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер