Концерт на виолинистите Владимир Костов и Марко Поп Ристов во Филхармонијата - Канал 5

Концерт на виолинистите Владимир Костов и Марко Поп Ристов во Филхармонијата

Во Камерната сала на Филхармонијата вечер во 20 часот ќе настапи дуото виолинисти Владимир Костов и Марко Поп Ристов. На програмата се дела од Глиер, Шпор и Горецки.

Концерт на виолинистите Владимир Костов и Марко Поп Ристов во Филхармонијата

Владимир Костов е роден во Битола, каде го започнува своето музичко образование. Студиите по виолина ги завршува на Факултетот за музичка уметност во класата на проф. Михајло Куфујонакис. Магистрира во класата на истот профеоср, а стручно се усовршува кај повеќе истакнати педагози меѓу кои: Сихана Бадивуку, Благоја Димчевски, Корнелија Бронзети, Ирина Бочкова, Наталија Пришепенко и др. Посетува мајсторски курсеви за камерна музика предводени од светски познатите „Медичи“ Квартет (Шведска), „Артемис“ Квартет (Германија) и Квартетот „Миро“ (САД).

Во 1999 година е избран како едиствен претставник од земјава во реномираниот Светскиот оркестар на Музичката младина, настапувајќи на турнеја во Европа, Америка и Азија и соработувајќи со врвни диригенти (Јаков Крајцберг, Курт Мазур) и солисти (Ана Софи Мутер, Џејмс Енес, Даниел Милер Шот). Со овој оркестар ,на концертните турнеи во 1999, 2000 и 2005 има неповторлива можност да свири во најпознатите концертни сали во светот - Национален Арт Центар Отава, Линколн Центар, Универзитетот во Харвард, Берлинска Филхармонија, Гевандхаус во Лајпциг, Келнска Филхармонија, Концертхаус Берлин , Концертхаус Виена, Шпанија, Полска, Кина итн.

Настапува и со оркестарот Исток-запад во Алтенбург (Германија), а во периодот 2000-2004 година е еден од професорите по виолина во Оркестарот на ЦЕИ. Камерната музика представува негов особен интерес и тој е член на повеќе камерни состави, оркестри и ансамбли меѓу кои: Камерниот оркестар за современа музика „Алеа“, камерното студио за барокна музика „Бахус“, квартетот „Бревис“, ансамблот за современа музика „Кон Темпора“, основач е на клавирското трио „ВАМ“ и многу други. Редовен член е на Камерниот оркестар на Филхармонијата, како и на Младинскиот оркестар на Музичка младина на Македонија. Настапува како солист со Филхармонијата и камерниот оркестар, како и на повеќе фестивали и манифестации во државава меѓу кои „Денови на македонска музика“, „Есенски музички свечености“ , „Охридско лето“ , „Скопско лето“ , „Битолско културно лето“ , како и во странство - Украина, Германија, Австрија, Велика Британија, Србија, Бугарија , Хрватска, Полска, САД... Член е и концерт мајстор на меѓународниот оркестар „Nо Borders“ каде во концертната турнеја во 2021 година настапува и како сoлист. Добитник е на наградата ,„Георги Божиков“. Основач е на фестивалот за млади виолинисти „Виолин Фест“. Моментално работи како концерт- мајстор во Филхармонијата и како професор на Факултетот за музичка уметност во Скопје.

Марко Поп Ристов дипломирал на Ројал Колеџ оф мјузик (Лондон) во 2009 година. Се здобил со титулата магистар по камерна музика на музичкото и драмско училиште Гилдхол во Лондон, а во истиот период го имал и своето деби во Барбикан во 2012 година. На возраст од 16 години бил поканет и награден со стипендија да студира кај професор Павел Верников во „Scuola di Musica di Fiesole“ во Фиренца, Италија. Има добиено повеќе први награди на различни интернационални натпревари, како што се: Performing Australian Music (Лондон, 2008), Giovanni Batista Pergolesi (Италија, 2003) и Петар Коњовиќ (Југославија, 2001).

Свири како солист со Кенсингтон синфонија (Британија), Orchestra dei Ragazzi (Италија), Битолскиот камерен оркестар и Националниот симфониски оркестар на Македонија. Со неговиот Ристов квартет, настапувал на фестивали и сцени ширум Европа, како Британија, Франција, Швајцарија, Косово, Србија и во земјава. Во 2010, квартетот бил поканет да настапи со Ромбах пијано триото на П. Дусапин на сцената на Би-Би-Си Промс. Од неговото доаѓање на Нов Зеланд во 2013 година, Марко е редовен изведувач во Филхармонискиот и Камерниот оркестар на Окланд, а воедно е и водач на втори виолини во оркестарот „Бах музика“. Марко е основач и на Вилани пијано квартет со кого од 2016 до 2019 години имаат остварено повеќе од 30 концерти ширум Нов Зеланд. Со ансамблот „Велрко“ го издаде првиот албум со дуетите за виолина и виолончело од Р. Глиер во 2021.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Лишени од слобода 11 возачи за „безобѕирно управување со моторно возило“

Пет возеле без положен возачки испит, три под дејство на алкохол, двајца со активна забрана, а еден ја пречекорил брзината.

Лишени од слобода 11 возачи за „безобѕирно управување со моторно возило“

Во текот на изминатото деноноќие, на различни локации во државата, полициски службеници лишија од слобода 11 возачи поради сторено кривично дело „безобѕирно управување возило“ по член 297-а од Кривичниот законик. Од нив, пет лица лица управувале возило без положен возачки испит, и тоа: С.А.(63), М.М.(20) од с.Лисец, тетовско, Е.Д.(28) од Штип, Ф.А.(62) од Радовиш и С.М.(36) од с.Ораовица, радовишко, кој управувал и нерегистрирано возило и бил под дејство на алкохол.

Под дејство на алкохол возеле три лица, и тоа: В.М.(38) од Прилеп, Р.Г.(56) од с.Инџиково, скопско и Б.П.(44) од Охрид, кој претходно учествувал во сообраќајна незгода со материјална штета. Две лица управувале возило и покрај тоа што имале активна забрана за управување со моторно возило, и тоа: А.Б.(25) од с.Вирче, делчевско и Љ.Д.(56) од Струга. Додека, пак, Р.В.(34) од Радовиш управувал патничко возило со брзина поголема од дозволената.

По целосно документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол и сите заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Украински дронови погодија голем петрохемиски комплекс во Русија

Украина извршила напад со беспилотни летала врз еден од најголемите руски петрохемиски комплекси во Нижнекамск, град во Република Татарстан, објавија украинските медиуми.

Украински дронови погодија голем петрохемиски комплекс во Русија

Во нападот биле повредени три лица, соопшти регионалното министерство за здравство. Властите не објавија детали за тоа кој индустриски објект бил погоден. Снимки од голем пожар се проширија на социјалните мрежи во Русија и Украина. Според тие извештаи, пожарот избувнал во фабриката „Нижнекам-Сне-Фтехим“, во чиј состав има и рафинерија за нафта. Поради оштетувањето на објектот што снабдува со електрична енергија и дел од железничката мрежа, железничкиот сообраќај бил привремено прекинат.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Маж загина во пожар во барака во скопски Жданец

Маж загина во пожар што доцна синоќа избил во барака во скопската населба Жданец.

Маж загина во пожар во барака во скопски Жданец

Од МВР информираат дека бараката, сопственост на 56-годишен скопјанец целосно изгорела, а дека откако огнот бил изгаснат, во објектот биле пронајдено тело на починато машко лице. Од Центарот за управување со кризи информираат дека во гасење на пожарот кој избил половина час пред полноќ, интервенирале 19 пожарникари од Скопската противпожарна бригада со седум противпожарни возила. Засега не се познати причините за пожарот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер