Концерт на Трпчески во Истбурн во рамки на британската турнеја - Канал 5

Концерт на Трпчески во Истбурн во рамки на британската турнеја

Со синоќешниот настап во Истбурн, нашиот пијано виртуоз Симон Трпчески го заврши делот од својата британска турнеја на кој три вечери концертираше како солист на Лондонскиот филхармониски оркестар под палката на диригентскиот феномен од Венецуела Илич Ривас.

Концерт на Трпчески во Истбурн во рамки на британската турнеја
Интересно е што со премиерниот концерт во петокот во распродадената Ројал фестивал хол во британската престолнина, 21-годишниот Ривас стана најмладиот диригент што застанал зад пултот пред престижниот лондонски оркестар, кој гостуваше во декември 2010 во Скопје со концерт во преполната Метрополис арена.

Ривес, пак, на Скопско лето 2009 на 16-годишна вораст раководеше со Младинскиот оркестар на КултурОп во салонот на Македонската опера и балет.

Тој за Македонската радиотелевизија изјави дека вчерашниот концерт му е најважното деби досега кое не можело да помине без учество на Симон Трпчески, бидејќи кога првпат диригирал во Европа, тоа се случило благодарение на Симон и, како што рече, на неговото големо срце подготвено да поддржи млад диригент.

- Никогаш во животот не сум се почувствувал повеќе добредојден отколку тогаш во Македонија, кога имав 16 години. Затоа и многу сакав тој да биде дел од мојата соработка со Лондонската филхармонија и од почетокот на минатата недела постојано мислам дека сонувам: овде сум и музицирам со нив. А кога ќе се свртам и го гледам Симон станувам уште посреќен. Сигурен сум дека овој концерт нема да биде само наша, туку и радост за нашите две земји Македонија и Венецуела, токму преку нашето присуство на сцената на Кралската фестивалска сала во Лондон, изјави Ривас и додаде дека со нетрпение чека повторна покана да дојде во Македонија.

И за Трпчески овој дел од неговата турнеја има посебно значење. Во изјавата за МРТ и тој со комплименти за својот придружник на сцената на Лондонската филхармонија:

- Драго ми е што повторно се најдов на сцената со моите драги пријатели и наши познаници, Лондонската филхармонија и диригентот Илич Ривас, особено кој со ова деби направи голем чекор во својата кариера. Мило ми е што јас бев избран и поканет заедно да го изведеме омилениот Концерт број 1 за пијано и оркестар од Чајковски. Мислам дека неговиот талент излегува на сцената преку неговата личност. Тој е многу мил, пријатен и исклучително позитивен човек, што е резултат на влијанието на неговото прекрасно семејство. Многу ми е мило што ова мина фантастично за него и драго ми е што помогнав, рече Трпчески кој статусот на миленик на лондонската публика по долготрајните овации мораше да го награди и со изведба на бис, што повторно, не пропушти да му ја посвети на Ривас.

Инаку серијата настапи низ Велика Британија нашиот пијано виртуоз ја започна на 1 март со камерната вечер во Вигмор хол заедно со, според многумина, водечката светска виолинистка, германката Јулија Фишер и нејзиниот сонародник, виолончелистот Даниел Милер – Шот.

- Навистина беше привилегија да се слушаат тројцата врвно рангирани солисти чие музичко пријателство резултираше со највисок квалитет, напишаа британските медиуми за настапот во Вигмор хол, оценувајќи го како инспиративен.

Британската турнеја на Трпчески во среда и четврток ќе продолжи со Симфонискиот оркестар на Борнмут, по што нашиот врвен инструменталист следната недела го очекува и дебито со Оркестарот на Националната опера од Париз, престижната Бастилја.



Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ЈО: Поведена постапка за насилство пред спортски натпревар

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против едно лице за кривично дело – Насилство од член 386 став 6 во врска со став 4 и став 1 од Кривичниот законик.

ЈО: Поведена постапка за насилство пред спортски натпревар

Во конфликт меѓу навивачки групи пред влезот на С.Ц „Јане Сандански“ осомничениот задал удар во глава на дете од спротивниот табор. Оштетеното дете од ударот се онесвестило и паднало на земја и со контузија на главата било пренесено во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“.

Поради опасност од бегство, можност да влијае врз сведоците на настанот кои треба да бидат сослушани, но и да го повтори делото, јавниот обвинител предложи на осомничениот 20-годишник да му биде определена мерка притвор, стои во соопштението од Јавното обвинителство.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Јотова во водство на претседателските избори во Бугарија

Според излезните анкети Илина Јотова ќе биде прва жена претседател на Бугарија.

Јотова во водство на претседателските избори во Бугарија

По вториот ккруг избори денеска неколку анкети за испитување на јавното мислење и даваат на јотова околу 52 проценти од гласовите .

Поранешниот привремен премиер Андреј Ѓуров, кој има поддршка од прозападните опозициски партии, имал околу 44 % од гласовите.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Во Брвеница победи кандидатот на ДУИ Јахиј, ВМРО-ДПМНЕ ја честиташе победата

Заврши гласањето во Брвеница, граѓаните избираа меѓу Стојанчо Радически од ВМРО-ДПМНЕ и Аркин Јахиј од ДУИ     

Во Брвеница победи кандидатот на ДУИ Јахиј, ВМРО-ДПМНЕ ја честиташе победата

За 21 часот Државната изборна комисија најави дека ќе ги објави првичните резултати од денешниот втор круг избои за градоначалник на Брвеница.

ВМРО-ДПМНЕ пред малку го призна поразот на нивниот кандидат Стојанче Радичевски и ја честиташе победата на на кандидатот на ДУИ Аркин Јахиј.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер