Концерт на Симон Трпчески со македонски уметници во арената „Борис Трајковски“ - Канал 5

Концерт на Симон Трпчески со македонски уметници во арената „Борис Трајковски“

Најпознатиот македонски пијанист Симон Трпчески ќе одржи предновогодишен концерт на 20 декември во арената „Борис Трајковски“ заедно со македонски уметници. 

Концерт на Симон Трпчески со македонски уметници во арената „Борис Трајковски“

Концертот го организира „Прагма продукција“ и ќе има два дела – во првиот е свита од балетот „Оревокршачка“ на Чајковски со четирирачна изведба на пијано, за која на Трпчески ќе му се придружи пијанистот Шкељзен Бафтијари, негов поранешен студент, активен во образовната дејност. Ќе настапи дел од балетскиот ансамбл на НОБ и балетските првенци Марија Кичевска и Бобан Ковачевски.

Во вториот дел од програмата, која денеска на прес-конференција ја соопшти Трпчески, ќе биде класичен репертоар и изведба на дела од Моцарт, Лехар, Верди, Штраус..., изведени од, како што рече, „цела палета музичари“, меѓу кои ќе бидат и членови на ансамблот на неговиот проект „Македонисимо“. Ќе бидат изведени и избор од класици во поп музиката, како легендите Дин Мартин, Френк Синатра, Нет Кинг Кол..., до помладите Мараја Кери и Мајкл Бубле.

Нивните нумери, рече Трпчески, ќе бидат слушнати во „поинакво руво“, обработени специјално за овој концерт од композиторот Панде Шахов. Ќе настапат и двајца оперски солисти – сопранот Гонца Богоромова-Краповски и баритонот Иван Наумовски кои, рече, ќе дадат поинаква димензија на овие класици.

- Мило ми е што со овој концерт на поврзување на класиката и на поп композиции, ќе ја добилижиме уште повеќе публиката, а пред се децата... Ова го гледам како еден вид предизвик зашто е прв новогодишен концерт целно направен во Македонија. Имав одамна желба да направам нешто вакво. Она што мене ми импонира е дека на овој концерт македонските музичари ќе имаат можност да се претстават на врвно уметничко ниво, истакна Трпчески на прес-конференцијата.

Ја поздрави иницијативата на организаторот и рече дека одамна имал желба за ваков концерт на кој, рече, ќе направат нешто убаво за публиката.

Кристијан Стефановски од „Прагма продукција“ соопшти дека одамна имале план и желба за ваков концерт со Трпчески, но поради неговата презафатеност и динамична концертна агенда, не можеле да договорат термин. Како што рече, Трпчески бргу ја прифатил нивната иницијатива и дека концерт со маестрото со светско реноме ќе биде врв во 15-годишната работа на нивната продукција.

Трпчески настапува во концертни сали и ретко во простор како што е арената „Борис Трајковски“. Последен пат, рече, настапил во арената во Вилнус по успехот на македонската кошаркарска репрезентација.

- Од тој аспект, мислам дека „Прагма продукција“ е прилично искусна и техничкиот аспект ќе биде дополнителна мотивација сето тоа да изгледа како што доликува на нивото - и на нивното, и на моето работење. Не е лесно, меѓутоа ние ќе се потрудиме сето тоа да изгледа како што треба и целата аудиовизуелна перцепција на публиката да биде позитивна, рече Трпчески.

Претставникот на продукцијата рече дека организирањето концерт со ваков концепт и формат во спортска сала е предизвик, но дека имаат опрема и инженери специјалисти за озвучување и за приспособување на салата за ваков вид настани.

-Звукот ќе биде совршен и нема да имате замерки. Во тоа сум сигурен зашто веќе имаме претходно искуство, додаде Стефановски.

Концертот на 20 декември ќе биде организиран во преполната концертна агенда на Трпчески – вчера тој настапи во Солун, денеска веќе патува за концерт во Ливерпул оваа недела, во која ќе има и концерт во Загреб. Овој период има концерти и во Белград и Будимпешта, а му претстојат турнеи во Германија и Швајцарија. Во четвртокот, Трпчески беше солист и на концертот на Филхармонијата за 80 години од нејзиното постоење.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Расел ја освои Големата награда на Азербејџан

Британецот Џорџ Расел од Мерцедес е победник на Големата награда на Формула Азербејџан во Баку. 

Расел ја освои Големата награда на Азербејџан

Расел стартуваше од пол-позицијата и убедливо ја водеше целата трка. Неговите сопатници му се приближија дури на крајот од трката по неколку безбедносни автомобили на патеката. Холанѓанецот од Ред Бул, Макс Верстапен, заврши втор, а неговиот француски колега Исак Хаџар заврши трет.

Текот на трката во саботата во Баку беше решително променет од судир предизвикан од Франко Колапинто. Џорџ Расел стартуваше од пол-позицијата и ја контролираше трката од самиот почеток. Оскар Пјастри брзо го престигна Шарл Леклер за второто место, додека Макс Верстапен напредуваше низ редоследот и го престигна Исак Хаџар благодарение на тимска одлука.

Судирот што ја промени трката

Во првата половина од трката, Расел постепено ја зголемуваше својата предност, додека зад него се водеа битки за позиции. Ландо Норис не го наоѓаше вистинскиот ритам и беше престигнат од Луис Хамилтон во 17-от круг. Астон Мартин ги загуби двата автомобила откако Ленс Строл и Фернандо Алонсо се откажаа.

Првото големо изненадување се случи во 30-тиот круг кога Алекс Албон се судри со бариерата и го извади безбедносното возило. Предноста што Расел ја имаше стекнато дотогаш исчезна. По рестартот, Верстапен веднаш го престигна Пјастр за второто место, но наскоро следеше уште еден инцидент. Колапинто се обиде да го нападне соиграчот Пјер Гасли, погрешно го процени неговото сопирање и го удри.

Расел го издржа притисокот на Верстапен

Гасли се урна надвор од трката, а Норис не можеше да избегне судир и исто така мораше да се повлече. Андреа Кими Антонели исто така го искористи хаосот и се проби до врвот, додека Пјастр подоцна се заглави во борба со Хаџар и падна на 15-то место.

Во последниот круг, Верстапен ја намали предноста на Расел од круг во круг. Доцниот инцидент во кој беше вклучен Валтери Ботас му помогна дополнително, но Расел ги возеше последните кривини брилијантно. Верстапен ја помина целната линија само 0,1 секунда зад него, но Расел го задржа водството и славеше откако ја водеше трката од почеток до крај.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Во прекин е воздушниот сообраќај на Сицилија- еруптираше Етна

Воздушниот сообраќај на аеродромот во Катанија, Сицилија, денеска беше прекинат поради вулканската активност на Етна, проследена со силна емисија на пепел.

Во прекин е воздушниот сообраќај на Сицилија- еруптираше Етна

Воздушниот сообраќај на аеродромот во Катанија, Сицилија, денеска беше прекинат поради вулканската активност на Етна, проследена со силна емисија на пепел, и поради неповолни временски услови, соопшти компанијата што управува со аеродромот.

Сите пристигнувања на аеродромот, петтиот најпрометен во Италија според бројот на патници, се прекинати до утре во 10 часот по Гринич.

Етна, највисокиот и најактивен вулкан во Европа, често предизвикува прекини во воздушниот сообраќај во Катанија, но емисиите на пепел ова лето беа особено интензивни, погодувајќи илјадници патници за време на врвот на туристичката сезона.

Воздушниот сообраќај беше дополнително прекинат поради силна бура што го зафати подрачјето во текот на ноќта.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ботовите на „Опен АИ“ навлегле во веб-страници на американски институции, протечени и фотографии од корисници

„Опен АИ“, компанијата што стои зад Чет Џпт, соопшти дека нејзини агенти за вештачка интелигенција објавиле 53 фотографии од корисници и продреле на веб-страници на американски институции, вклучително и владини агенции.

Ботовите на „Опен АИ“ навлегле во веб-страници на американски институции, протечени и фотографии од корисници

„Опен АИ“ не откри дали станува збор за фотографии од реални лица или за слики генерирани со вештачка интелигенција, ниту кога тие биле објавени. Од компанијата објаснија дека линковите до фотографиите не биле јавно достапни.

Моделите на вештачка интелигенција на „Опен АИ“ пристапувале и до податоци на американски владини институции, како Комисијата за хартии од вредност, берзи на САД и Американската статистичка служба.

Се појавуваат индикации дека би можеле да следуваат уште многу откритија за самостојни хакерски активности на вештачката интелигенција на Опен АИ. Компанијата соопшти дека информирала „десетици“ организации чии веб-страници биле предмет на непланирани интеракции од софтверот на „Опен АИ“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер