Концерт на Пласидо Доминго во Скопје - Канал 5

Концерт на Пласидо Доминго во Скопје

Еден од најголемите тенори на денешницата, но и врвен диригент, освојувачот на 12 Греми музички награди, Пласидо Доминго, за првпат доаѓа во Скопје со премиерен и  ексклузивен концерт на 14 март, 2025 година во арена „Борис

Концерт на Пласидо Доминго во Скопје

Конечно, светската тенорска мега ѕвезда Пласидо Доминго во Македонија

Прагма Продукција во копродукција со Македонска Опера и Балет го најавува спектаклот кој ќе се одржи во арена „Борис Трајковски“ на 14 март 2025 година.

Еден од најголемите тенори на денешницата, но и врвен диригент, освојувачот на 12 Греми музички награди, Пласидо Доминго, за првпат доаѓа во Скопје со премиерен и ексклузивен концерт на 14 март, 2025 година во арена „Борис Трајковски“.

Пласидо Доминго го заслужи своето место во аналите на операта со ѕвездената кариера која се протега околу 50 години. Како уметник сам по себе и како член на Тројцата тенори, тој стана едно од најпочитуваните имиња во класичната музика, освојувајќи безброј признанија, вклучително и 12 Греми награди. Тој продолжува да ја зацврстува својата репутација до денес пред публиката ширум светот. И како извонреден пејач и од неодамна и како диригент. Карактеризиран како ренесансен човек од страна на критичарите, награден со почесни титули и престижни награди, Доминго е и претседател на престижниот меѓународен натпревар за пеење Опералија, на кој е и основач, со цел да открие и промовира млади таленти.

Неговиот репертоар вклучува повеќе од 150 улоги, достигнување кое не го направил ниту еден друг артист, со над 4,400 настапи, а потврда за неговиот уметнички статус е фактот што тој е почитуван диригент со повеќе од 600 настапи. Бил почесен уметнички директор на Стогодишниот фестивал Арена ди Верона, како и генерален директор на Операта во Лос Анџелес и Националната опера во Вашингтон.

Заедно со него, на сцената во арена „Борис Трајковски“ ќе застанат и Марија Жозе Сири е една од водечките сопрани во светот, има богата дискографија со ЦД и ДВД снимки. Нејзиниот репертоар опфаќа дела од Белканто до Веризмо, а таа се издвојува како истакната интерпретаторка на најпознатите хероини на Верди и Пучини. Жорди Бернасер, еден од врвните шпански диригенти денес, редовно диригира во најпрестижните традиционални театри и со реномирани оркестри. Тој ја започнал својата кариера како асистент на Зубин Мехта, Жорж Претр и особено на Лорин Маазел.

Невозможно е да се набројат сите брилијантни оперски улоги кои Доминго ги остварил во неговата извонредна уметничка кариера која непрекинато трае повеќе од половина век, а за ова неверојатно достигнување бил прославен во оперите во Њујорк, Виена, Верона, Милано и Буенос Аирес.

Ова е уникатна шанса на Македонија конечно да биде позиционирана на светската уметничка мапа, за на граѓаните на нашата земја – момент кој не смее да се пропушти!

ПЛАСИДО ДОМИНГО на голем , спектакуларен концерт во Скопје, во соработка со МОБ!

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Филипче: Фалат 1 милијарда евра за исплата на пензии а буџетската дупка продолжува да расте

Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, на трибината „За достоинствен живот и подобра иднина на сите генерации“, во организација на Општинската организација на СДСМ Аеродром, предупреди на алармантната состојбата со буџетската дупка во Фондот .

Филипче: Фалат 1 милијарда евра за исплата на пензии а буџетската дупка продолжува да расте

Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, на трибината „За достоинствен живот и подобра иднина на сите генерации“, во организација на Општинската организација на СДСМ Аеродром, предупреди на алармантната состојбата со буџетската дупка во Фондот за пензиско и инвалидско осигурување. Филипче посочи дека дупката во Фондот за ПИОМ за две години е двојно зголемена и достигна една милијарда евра, со што власта ја става во ризик исплатата на пензиите.

„Дупката во Пензискиот фонд, која за две години е дуплирана, од 500 милиони евра, сега е милијарда евра, милијарда евра фалат за да се исплатат пензиите. Ги нема во Пензискиот фонд. Треба да ги даде државата. Кога економијата не работи, од каде ќе ги најде парите? Од заеми“, рече Филипче.

Тој додаде дека и дефицитот во централниот Буџет континуирано се продлабочува, а едиснтвен извор за да може Буџетот да ги сервисира обврските ќе бидат скапите задолжувања, со што власта свесно ја турка државата во уште подлабока економска криза.

„Единствен извор на средства се само скапи заеми, скапи заеми со кои што ќе се пополнуваат дупките во Буџетот, за да се дадат плати, за да се дадат пензии. Никако скапи заеми кои што ќе придонесат за некаков раст на економијата. И ние одиме се повеќе и повеќе во дупка. Ризикуваме да завршиме со економска криза како Грција пред неколку децении. Тоа е неминовноста. И тоа го укажуваат економистите“, рече Филипче.

Во тој контекст, Филипче предупреди дека и изолационистичката политика на власта дополнително го зголемува ризикот за економијата, бидејќи со оддалечувањето од европскиот пат ќе има сè помалку можности за европско финансирање.

„На сите европски престваници многу добро им е јасно што прави Христијан Мицкоски, дека ги лаже. Дека зад наводните изговори за Бугарија, се кријат само нивните интереси, да не се случи ништо. Тоа не е изолирана работа која што се однесува само на напредокот на земјата. Тоа е директно поврзано со економската состојба во земјата. А ако кај нас ги снема европските пари, а постепено ги снемува, и уште помалку ќе ги има, и што ќе се случи? Ќе продолжи овој систем кој што сега се случува, а тоа е да сме доведени во ситуација да е единствен извор на средства ни се само скапи заеми“, рече Филипче.

YouTube video

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Американскиот сенатор Берни Сандерс сака да ја забрани вештачката суперинтелигенција?!

Берни Сандерс сака да ја забрани вештачката суперинтелигенција. Еве го неговиот план.

Американскиот сенатор Берни Сандерс сака да ја забрани вештачката суперинтелигенција?!

Американскиот сенатор Берни Сандерс и демократскиот претставник Грег Касар поднесоа закон со кој се бара трајна забрана за развој и употреба на вештачка суперинтелигенција и привремено запирање на развојот на најнапредните системи за вештачка интелигенција.

Предлогот, насловен како Закон за забрана на вештачка суперинтелигенција, исто така повикува на создавање на наменски Оддел за вештачка интелигенција на САД кој ќе го надгледува развојот на најмоќните системи за вештачка интелигенција и ќе воспостави безбедносни прописи пред да можат да се распоредат.

Асошиејтед Прес беше првиот што го доби предлогот. Што би било забрането?

Предлогот ја дефинира вештачката суперинтелигенција како систем што ги надминува човечките когнитивни способности или поседува доволно напредни способности за да планира и изврши уништување или губење на човечката контрола.

Таквите системи би биле трајно забранети. Развојот на другите најнапредни системи со вештачка интелигенција привремено би се запрел сè додека нова федерална агенција не изготви безбедносни правила и процедура за одобрување. Потоа, за пуштање во употреба на таквите системи би било потребно федерално одобрение.

За одредени прекршувања на забраната, предлогот предвидува казни кои во некои случаи би можеле да достигнат и до 20 години затвор. „Не треба да си гениј за да кажеш: забавете“, изјави Сандерс за АП.

„Дали навистина сакаме да развиеме суперинтелигенција која, штом ќе стане попаметна од луѓето, би можела да функционира независно од човечка контрола? Не мислам дека сакаме“, додаде тој. Предлогот е поддржан и од дел од вработените во големите компании за вештачка интелигенција.

Меѓу нив се истражувачот од OpenAI, Хуан Фелипе Серон Урибе, и софтверскиот инженер од Google DeepMind, Сванте Шолц, кој нагласи дека зборува во свое име, а не во име на компанијата.

Сандерс и Касар уште на почетокот на септември најавија дека ќе предложат ваков закон. Тогаш тие изјавија и дека сакаат САД да иницираат меѓународни преговори насочени кон ограничување на развојот на вештачка суперинтелигенција надвор од границите на САД. АП известува дека предлогот има мали шанси да биде усвоен во Конгресот, кој е под контрола на републиканците.

Досега, Конгресот на САД не успеа да постигне поширок консензус дури ни за многу поблаги правила за регулирање на вештачката интелигенција.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Павле Трајанов: Постои Национална платформа за намалување ризици од катастрофи

Постои Национална платформа за намалување на ризици од катастрофи усвоена од Владата на Македонија во септември, 2019 година.

Павле Трајанов: Постои Национална платформа за намалување ризици од катастрофи

Во врска со изјавите и дилемите во јавноста дека не постои стратегија (Платформа) за спречување на можни катастрофи од пожари, земјотреси, поплави, суши, радиоактивен отпад, терористички акти, сајбер напади, загадување на воздухот, појава на епидемии итн, сакам да нагласам дека се целосни паушални и неточни тврдења, пред сѐ поради немање на институционалнa меморија.

Постои Национална платформа за намалување на ризици од катастрофи усвоена од Владата на Македонија во септември, 2019 година, која од Одделите на ООН е оценета со највисока оценка со најава финансиски да го поддржат Акцискиот план за модернизација на системот за управување со кризи, заштита и спасување, вклучително и територијалните противпожарни единици.

Во Платформата е предвидено и темелна реформа на системот за управување со кризи, преку обединување на Центарот за управување со кризи и Дирекцијата за заштита и спасување, како и функционално поврзување на ТППЕ, воспоставување единствена команда итн.

Оваа Платформа е резултат на претходна анализа подготвена од меѓуресорска работна група, како и анализи и проценки на УНДП, НАТО, ОБСЕ, Воената академија, Европската команда на САД, Европскиот цивилен механизам, Финалниот извештај на Партнери менанџмент и консалтинг, Документациската анализа на постоечката законска регулатива и документи поврзани со системите за управување со кризи итн.

Во Платформата јасно се дефинирани обврските на многу институции и потребата од реформи и насоки како да се реформира системот за управување со кризи, заштита и спасување.

Инаку реформите каснат поради незаинтересираност и отпорот на раководните(поранешни) работници во ЦУК и ДЗС.

Пред две години, Владата формира меѓуресорска работна група, која до крајот на оваа година треба да подготви закон во кој ќе се вградат реформските определби и воспостави целосно нов и обединет систем за управување со кризи, заштита и спасување.

Прилог: Национална Платформа за намалување ризици од катастрофи.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер