СДСМ: Граѓаните стравуваат за сметките за струја а октоподот на Мицкоски со нови зделки од 13,2 милиони евра
2СДСМ: Граѓаните стравуваат за сметките за струја а октоподот на Мицкоски со нови зделки од 13,2 милиони евра
3МОН: Одбележани 15 години мировно образование за градење генерации кои избираат дијалог и заедништво
КултураКонцерт на Пламенка Трајковска - гудачко трио во Крива ПаланкаПламенка Трајковска - гудачко трио ќе настапи на 8 ми јуни во 19.00 часот во кино салата на НУ Центар за култура Крива Паланка.На програмата се композиции во модерен класичен стил. На концертот покрај Пламенка Трајковска ќе настапат и Наташа Диденко на виолина и Љубица Бошкоска на виола. Пламенка Трајковска својата музичка активност ја заснова на идејата дека класичната музика треба да е широко достапна до општата публика. Таа настапува на речиси сите сцени и фестивали во Македонија како и на концерти во Србија, Грција, Хрватска, Франција и Танзанија. Последните години работи на полето на доближување на класичната музика до децата. Автор и изведувач е на албумот Апасионато, на албумот Карневал на животните од Камиј Сен Санс во адаптација за виолина и пијано и на повеќе синглови. Неодамна го реализираше проектот Ехо за кој изработи и сними композиции со автентични природни звуци од Кањонот Матка. Концертот е поддржан од Министерството за култура и од Националната установа Центар за култура Крива Паланка.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
НБАПо драмата околу борбата за децата, Лука Дончиќ ја отвори душата- Каде и да е тато ...Еден од најдобрите светски кошаркари, НБА ѕвездата на ЛА Лејкерс, Лука Дончиќ повторно ја покажа својата емотивна страна.По драмата околу борбата за децата, еден од најдобрите светски кошаркари, Словенецот Лука Дончиќ ја отвори душата како никогаш досега. Лука Дончиќ повторно ја покажа својата емотивна страна, а неговата најнова објава на Инстаграм привлече големо внимание во јавноста. Словенечкиот кошаркарски ас објави серија фотографии од своите ќерки Габриела и Оливија, придружени со порака што кај многумина предизвика солзи во очите. „Г и О, без оглед на тоа каде во светот се наоѓа тато, не поминува ден а да не сте во моето срце. Каде и да одам, вие сте секогаш со мене. Ве сакам!“ – напиша Лука Дончиќ покрај фотографиите од своите девојчиња. View this post on Instagram A post shared by Luka Doncic (@lukadoncic) Овој пост на Лука доаѓа по исклучително бурен период во неговиот приватен живот. Дончиќ раскина со мајката на Габриела и Оливија, Анамарија Голтес, неговата долгогодишна партнерка и свршеница. Нивната љубовна приказна со години го привлекуваше вниманието на јавноста, поради што нивното раскинување предизвика бројни реакции. Лука и Анамарија се запознале уште како тинејџери, а нивната врска траела со години. По бројни подеми и падови, тие се свршиле во 2023 година, а потоа добиле две ќерки. Сепак, нивната љубовна приказна немаше среќен крај.Тагови: Лука Дончиќ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Свет„Единствена Русија“ на Путун со убедлива победа на изборите„Единствена Русија“ на Владимир Путин оствари убедлива победа на парламентарните избори во Русија.Со пребројани над 71 отсто од гласовите, како што објавуваат руските новински агенции, Единствна Русија освоила 57,5 отсто, Комунистичката партија и Националистичката либерално демократска партија имале 14 и 8,7 отсто од гласовите.. Според прогнозите на ТАСС, владејачката партија е на добар пат да го задржи двотретинското мнозинство во Државната Дума со 450 места.. Изборите се одржаа и на окупираните териториии во Украина, анектирани од Русија и ова се први избори по руската инвазија во Украина.. Ниту една од партиите кои беа против војната не добија дозвола да влезат во изборната трка.. Вчера на последниот ден од гласањето Украина лансираше беспилотни летала кон Москва, при што загинаа две лица а беше запалена рафинерија за нафта Русија најави интензивирање на нападите кон Киев, и ја обвини Украина дека се обидела да „ја потисне демократската волја на руските граѓани“.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Разговарав со државниот секретар на САД, Марко Рубио.08:31Црн викенд на македонските патишта – три жртви во две сообраќајни несреќи, седуммина повредени 15:00Сиљановска-Давкова: Нека нишката што ја започнаа браќата Манаки продолжи да се ткае и ткае, со знаење, вештина, храброст....09:16Трамп не го доби Гренланд, но договори трајно американско присуство15:00Трамп потпиша закон насочен против руската нафта, гас и поддржувачите на Москва09:10
Сиљановска-Давкова: Нека нишката што ја започнаа браќата Манаки продолжи да се ткае и ткае, со знаење, вештина, храброст....09:16
МакедонијаСДСМ: Граѓаните стравуваат за сметките за струја а октоподот на Мицкоски со нови зделки од 13,2 милиони евраГраѓаните стравуваат за сметките за струја а октоподот на Мицкоски со нови зделки од 13,2 милиони евра.Додека се трупаат долгови и се распродава земјата, водата, рудата а граѓаните стравуваат од новите сметки за струја, бизнис-мрежата на Мицкоски брои милиони. Веќе објавивме - нова зделка вредна 13,2 милиони евра. Компанијата „METER&CONTROL“ од Србија е избрана за носител на договорот на ЕВН Македонија за набавка на броила за електрична енергија. Оваа фирма е поврзана со „Rudnap Group“, која се појавува во нејзината сопственичка историја. Кој е клучниот линк меѓу „Руднап“ и Владата на Мицкоски? Министерката за енергетика, Сања Божиновска и конзулот Душан Адамовиќ. Во периодот од 2011 до 2014 година, Божиновска била извршен директор во компании на „Rudnap Group“ во Централна и Источна Европа. Таа се поврзува и со „Руднап ДООЕЛ“ Скопје, каде што била управител. „Руднап“ е партнер и со „Ал Дахра“, компанија која се поврзува со проектот „Белград на вода“, модел кој сега се најавува и во Македонија. Во оваа мрежа се појавува и Душан Адамовиќ, функционер на СНС и почесен конзул поставен од Мицкоски. Ова е новата милионска алка во енергетската бизнис-мрежа на Мицкоски, која СДСМ ја разоткри пред шест месеци. Мрежа чии пипци се протегаат од Регулаторната комисија, РЕК и Развојната банка, па сè до офшор-структури на Кипар. Офшор-структурите на Кипар водат до „Rudnap Group“ на Војин Лазаревиќ, а целата мрежа директно се поврзува со Владата преку Сања Божиновска. „Руднап“ е една од клучните алки што ги поврзуваат СНС во Србија, ВМРО ОКГ во Македонија и енергетската бизнис-мрежа на Мицкоски. За граѓаните – повисоки трошоци, неизвесност и страв од секоја следна сметка за струја. За енергетскиот октопод на Мицкоски – нов договор од 13,2 милиони евра. Прес-конференција на СДСМ, Маја Серафимовска -Борозан СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter