Концерт на пијано со Лилја Зиберштајн и претставата „Јами дистрикт – најстарата нација на светот“ вечерва на „Охридско лето“ - Канал 5

Концерт на пијано со Лилја Зиберштајн и претставата „Јами дистрикт – најстарата нација на светот“ вечерва на „Охридско лето“

Триесет и третиот фестивалски ден на „Охридско лето“ носи две интересни содржини, концерт на пијано со маестро Лилја Зилберштајн за љубителите на класичната музика, како и театарската претстава „Јами идстрикт – најстарата нациија во светот за вљубениците во драмската уметност.

Концерт на пијано со Лилја Зиберштајн и претставата „Јами дистрикт – најстарата нација на светот“ вечерва на „Охридско лето“
Во катедралната црква „Света Софија“ од 20:30 часот соло концерт на пијано ќе одржи уметничката Зилберштајн, чии меѓународни успеси започнуваат во 1987 година кога победува на интернационалниот натпревар „Бузони“ во Болцано. Нејзината победа претставува вистинска сензација, а поминуваат пет години пред оваа награда повторно да му биде доделена на некој пијанист. Концертните турнеи ја водат насекаде низ светот, и тоа низ повеќето европски земји, во Мексико, Јапонија, Кореја, Канада и Бразил. Зилберштајн го започнува музичкото образование на пет годишна возраст, а по 12 години поминати во класата на Ада Трауб во специјализираното музичко училиште „Гнесин“, таа станува дел од класата на Александар Сатц во Институтот „Гнесин“ во Москва, каде дипломира во 1988 година. Во 1991 година дебитира со Берлинската филхармонија, под диригентската палка на Клаудио Абадо со кој често ќе соработува низ годините. Настапува со некои од најзначајните светски оркестри како симфонискиот оркестар во Чикаго, оркестарот на Миланската „Скала“, симфонискиот оркестар „Чајковски“ во Москва, Лондонскиот симфониски оркестар, како и Кралската филхармонија, оркестарот на државната капела во Дрезден и многу други. Соработувала со светски познатите диригенти Џон Акселрод, Пааво Берглунд, Семјон Бичков, Густаво Дудамел, Кристоф Ешенбах, Леополд Хагер, Дмитри Китајенко, Марчело Виоти и Ентони Вит. Во август 1998 год. и е доделена наградата од страна на Музичката академија „Чигиана“ во Сиена, признание со кое пред неа се закитиле Гидон Кремер, Ан- Софи Мутер и Кристијан Цимерман.

Лилја Зилберштајн има снимено осум ЦД-а за „Дојче Грамофон“ на кои се поместени рецитали и концерти за пијано и оркестар. Неодамна таа издаде уште неколку ЦД-а меѓу кои и она со сонатата за две пијана од Јоханес Брамс каде свири заедно со Марта Аргерич, со која често соработува. Оваа година настапите ја водат во концертните сали во Кина и Тајван, во САД и Јужна Америка, а повторно ќе настапи на Велигденскиот фестивал во Салцбург и во Виенскиот „Музикферајн“.

Таа често е член на жири-комисии на повеќе значајни натпревари за пијано. Голем дел од нејзиното време е посветено на едукација на млади музичари, а од 2015 година е професор на Универзитетот за музика Виена, наследувајќи ги класите на Паул Бадура Скода и Олег Мајсенберг.

На програмата на концертот се избрани дела за пијано на Шуберт и Лист.

Во Центарот за култура „Григор Прличев“ од 21 часот ќе се игра театарската претстава „Јами дистрикт – најстарата нација на светот“, копродукциска поставка на Тиватскиот центар за култура „Битеф“ театарот од Белград, „Тинк Танк Студио“ од Нови Сад и Фестивалот „Маск“ од Сегедин.

Претставата на авторката Милена Богавац режисерот Кокан Младеновиќ ја поставува во форма на лажен документарец, базиран врз измислен, но можен настан. Дејството се одвива во селото Јемен, на тромеѓето меѓу Србија, Хрватска и Босна и Херцеговина каде научниците ја откриле најстарaта палеолитска населба во историјата на човештвото. Откритието е значајно бидејќи ги поместува научните сознанија за почетоците и развитокот на човечкиот вид стотици илјади години наназад.

Револуционерно откритие е од значење за целото човештво, но за него особено се интересираат Србите, Хрватите и Бошњаците бидејќи праисторискиот Јамен се наоѓа на територијата на сите три држави. Бидејќи секоја држава сака да го присоедини, започнуваат низа апсурдни теории за тоа кој народ е постар и на кого му припаѓа тоа место...

Улогите во претставата ги толкуваат Исидора Симијоновиќ, Нина Нешковиќ, Јелена Граовац. /МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Временски шокови и во ноември: Просекот на колапси на јавни места ист како во летните месеци

Наглите температурни промени земаат сериозен данок, па така во ноември просекот на колапси на јавни места останува висок со пет до шест лица дневно. 

Временски шокови и во ноември: Просекот на колапси на јавни места ист како во летните месеци

Времето не бира кого ќе кутне, наглите температурни разлики земаат данок во здравје, па колапс на улица повеќе не е слика само за летните горештини, бидејќи и во ноември просекот на колабирања е ист како во август – пет до шест лица губат свест на јавни места во текот на 24 часовната смена на службата за Итна помош. И овој период, атмосферскиот притисок и влажноста на воздухот влијаат врз здравјето, па најчесто на удар се хронично болните, за нив наглите промени знаат да имаат посилни последици, вели д-р Елена Карева Пиловска. Од Итната медицинска помош нотираат дека освен за колапси, имаат повеќе интервенции за случаи на срцев удар, но и повици кога граѓаните се жалат на слабост, вртоглавица, тресење и конфузија, што се симптоми на хипогликемија, или „паѓање на шеќерот“.

При нагло заладување се стеснуваат крвни садови што може да доведе до покачен крвен притисок и оптоварување на срцето, објаснуваат лекарите и апелираат дека хронично болните кои секако се почувствителни на промените на време да ја земаат својата терапија, а претходно редовно да го мерат притисокот.

Сепак, главната препораката до сите граѓани е да се води поголема грижа за општата состојба, бидејќи само со здрави навики, спортувања и грижа за себе може да се влијае организмот полесно да ги поднесува временските шокови.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: Разликата меѓу Алта банка и Еуростандард е тоа што Заевци ја уништија и испокрадоа Еуростандард

Секој ден се повеќе СДС личи на расипана грамофонска плоча за ширење на лаги и дезинформации. 

ВМРО-ДПМНЕ: Разликата меѓу Алта банка и Еуростандард е тоа што Заевци ја уништија и испокрадоа Еуростандард

Народната банка и гувернерот се тие кои носат одлуки за банкарскиот систем, а не премиерот и Владата. Не е вистина дека било кога и било каде гувернерот Славески кажал дека одлуката за Алта банка ја донел Мицкоски.

Така да, ова е уште една лага на СДС и со цел да се шири паника и да се прави саботажа со банкарскиот систем на земјава.

Таквата саботажа на СДС, ја потврдува нивната неконструктивна улога од која штета имаат бизнисите, економијата и граѓаните. Премиерот не носи банки. Но очигледно, тие се поучени од времето кога братот на експремиерот Вице Заев, со неговите бизнис партнери земаа кредити без покритие од Еуростандард банка, со што ја уништија банката и ги украдоа граѓаните. Е тоа е криминал.

Разликата помеѓу Алта банка и Еуростандард е тоа што Заевци ја украдоа банката, а во случајот со Алта, проблемот е увезен односно престана да постои нејзината матица која е во друга држава. Но за среќа, решение ќе има и граѓаните нема да се дозволи да бидат оштетени, се наведува во партиската реакција.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Уште 20 институции влегуваат во системот за електронска архива

Во наредните три месеци уште 20 институции се приклучуваат на системот за електронско управување со документи. 

Уште 20 институции влегуваат во системот за електронска архива

Наместо шетање и чекање по шалтери и канцеларии со куп документи во рацете, со неколку клика граѓаните ќе можат да си ги завршат административните обврски – министерството за дигитална трансформација најави дека уште 20 институции во наредните три месеци ќе се приклучат на централниот систем за електронско управување со документи и електронска архива. Министерот Стефан Андоновски вели дека се повеќе институциите ги разменуваат податоците интерно, наместо граѓаните тоа да го прават физички, а месечните трансакции за размена на податоци, од 700.000 во 2024, изнесуваат 5,2 милиони до октовмри годинава.

„Ова е важна промена во начинот на кој што работи државата, барањето можеби некогаш стигнува електронски, но ако потоа се печати, се носи од канцеларија до канцеларија, се чува во фиока или се чека физички потпис, постапката останува бавна. Со ЕДМС работиме на целиот тек на предметот, прием, распределување, постапување, потпишување и електронско архивирање. За раководителот тоа значи јасен увид каде се наоѓа предметот, за вработениот, работата му е поорганизирана, а за граѓанинот побрзо постапување. “

Во меѓувреме, според министерот, дигиталниот паричник, односно М-Услуги станува се повеќе популарен кај граѓаните, односно, личните документи, како и дел од јавните услуги веќе се префрлаат на телефоните. Апликацијата е водечка во преземања во категоријата „утилитис“ во Македонија и до денеска ја презеле речиси 29,500 граѓани. Андоновски вели ова е само старт на апликацијата, која заеднички, со забелешките на граѓаните ќе се унапредува.

„М-Услуги“ е на врвот на листата на најпреземани апликации во Македонија, што е потврда за големиот интерес на граѓаните и бројот на корисници кои ја преземаат.“

Андоновски вели дека напредокот е нотиран и од ЕУ. Ограничениот напредок од 2021 до 2024 година, во изминативе две години, според него, е евидентен, и во последнава година е оценет како добар напрадок од ЕК, а зад тоа, вели стојат, законски измени, воспоставени системи и услуги, но и претстои многу работа.

„Европската комисија констатира добар напредок во поглавјето 10, дигитална трансформација и медиуми, истовремено, нивото на подготвеност за прв пат на државата во овој дел е подигнато од умерено ниво, на меѓу умерено и добро ниво на подготвеност. Ова е значаен резултат за Македонија.“

Секоја нова електронска услуга носи и одговорност за нејзината сигурност, каде граѓаните очекуваат податоците да им бидат заштитени, па од таму, се работи на соодветна сајбер-безбедност, односно формиран е тим кој работи организирано, се обучува постојано согласно барањата на технологијата, со цел навремено препознавање на заканите.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер