КултураКонцерт на пијанистката Дуња Иванова со наслов „Кругови“Во Културно-информативниот центар (КИЦ) вечерва пијанистката Дуња Иванова ќе одржи концерт насловен „Кругови“.Како што се наведува во соопштението, концертот обединува музика на тројца автори кои со својот уникатен музички израз чинат неверојатна приказна. Централен дел од програмата на концертот ќе бидат четирите пиеси со истоимен наслов од композиторот и пијанист Дино Имери, но, како што велат, ќе бидат изведени и дела од македонскиот композитор и аранжер Давор Јордановски, како и дела од современата полска композиторка Ханија Рани. – „Кругови“ е инспирирано од истоимениот роман на македонската современа авторка Тина Иванова - четиво кое низ интимен и искрен раскажувачки тон ги отвора прашањата за повторувањата и пресвртот во животот, за круговите што нè враќаат кон себеси, но и нè водат кон нови патеки на разбирање, стои во соопштението.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиТошковски: Во план се законски измени за управување со електричните тротинети11:18Маленко: Груевски за Унгарија не избега од дома, туку од Охрид15:00Продолжува судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“09:00Филипче: Социјалдемократија не ја мери државата по висината на говорницата, туку по квалитетот на живот18:16СДСМ го одржува 32. конгрес - на дневен ред новата идеолошка платформа и програмската рамка15:48
Филипче: Социјалдемократија не ја мери државата по висината на говорницата, туку по квалитетот на живот18:16
ЖивотЧовековата заштита од волци го олеснува ширењето на чакалите низ ЕвропаЧовековата заштита од волци го олеснува ширењето на чакалите низ Европа, покажа нова студија во која учествуваат истражувачи од Македонското еколошко друштвоНова студија, објавена неодамна во списанието „Екологија и еволуција на природата“, покажува дека волкот е главниот природен фактор што ја ограничува експанзијата на чакалот низ Европа, но и дека неговото влијание го сузбива човекот со своите активности. Како резултат на тоа, чакалите би можеле да населат до 75 % од европскиот континент, површина речиси шест пати поголема од таа што моментално ја заземаат, се предвидува во студијата која обедини истражувачи од 13 европски земји, меѓу кои и д-р Диме Меловски и м-р Александар Стојанов од Македонското еколошко друштво (МЕД). За подобро да се разбере човековото влијание во интеракциите меѓу различните животински видови, но и е да се објаснат причините за експанзијата на чакалот низ Европа, од 2001 до 2017 година се собирани стандардизирани теренски податоци за завивањето на чакалите на безмалку 9 000 локации низ Централна и Југоисточна Европа, вклучително и во нашата држава. Истражувањето покажа дека пократкотрајната снежна покривка, што е последица на климатската криза, умерената шумска покриеност и близината до водни тела позитивно влијаат врз бројноста на чакалот. Но, клучно за неговото ширење е отсуството на топ предатори, како волкот. „Истражувањето ја потврди тезата дека историскиот пад на волците во Европа била главната причина за сè поголемата распространеност на чакалите низ Европа. Кога чакалите ќе почнеме да ги среќаваме и на места каде што вообичаено не живееле, вклучително и во повисоките предели, тоа значи дека популацијата на волкот, но и на разни видови плен, како срната, е загрозена“, објаснува д-р Диме Меловски, раководител на Програмата за диви видови во МЕД. Во деведесеттите години на минатиот век, чакалот кај нас бил истребен, поради што порано го имал статусот на строго заштитен вид. Ова повеќе не е случај. Иако честите случаи на прегазени чакали и бројните пријави од луѓе упатуваат на заклучокот дека бројката на чакали расте и кај нас, сепак не постојат точни податоци за овој вид кој денес ја населува целата територија на Македонија. „Чакалот, како и секое друго животно, си има своја функција во екосистемот. Но, популациите на крупни месојади мора да се менаџираат. Ова, од една страна, ќе помогне да се врати и одржува балансот во екосистемот, а од друга страна ќе спречи да дојде до истребување на даден вид. Токму затоа, државата, во соработка со ловните друштва и со експертски организации како нашата, треба да преземе мерки за управување со оваа популација, почнувајќи прво од утврдување на бројката на чакали“, подвлекува м-р Александар Стојанов од МЕД. Истражувањето посочува дека закрепнувањето на топ предаторите може да биде решение базирано на природата за регулирање на растечките популации на мезопредаторите. Во нашиот контекст, ова е уште една причина да се заштити волкот со ловостој, имајќи предвид дека неговата популација е во опаѓање. За да се постигнат и задржат ваквите еколошки ефекти, потребно е топ предаторите да достигнат еколошки ефективна густина и соодветна популациска стабилност. Ова претставува голем предизвик во предели доминирани од човекот, поради што е неопходно да се преземат ефикасни мерки за спречување и намалување на конфликтите меѓу човекот и животните. Целосната студија е достапна на https://www.nature.com/articles/s41559-026-03060-yТагови: Студија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиТошковски: Во план се законски измени за управување со електричните тротинети11:18Маленко: Груевски за Унгарија не избега од дома, туку од Охрид15:00Продолжува судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“09:00Филипче: Социјалдемократија не ја мери државата по висината на говорницата, туку по квалитетот на живот18:16СДСМ го одржува 32. конгрес - на дневен ред новата идеолошка платформа и програмската рамка15:48
Филипче: Социјалдемократија не ја мери државата по висината на говорницата, туку по квалитетот на живот18:16
МакедонијаТошковски: Во план се законски измени за управување со електричните тротинетиМинистерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, најави серија реформи и засилени контроли во сообраќајот, со посебен фокус на електричните тротинети и функционирањето на системот „Сејф сити“.Тој најави казнување за погрешно паркирање и непрописно управување со возило и нови законски измени за користењето на електричните тротинети. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСДСМ: ЗНАМ е како и анкетите на ВМРО – лажни и на копчеДодека криминалната група ВМРО и Мицковски ја водат земјата во изолација, секојдневно ја задолжуваат и го блокираат патот кон Европа, ЗНАМ го напаѓа СДСМ.Исто како што прават и нивните нарачани анкети - кога немаат што да покажат, ја напаѓаат единствена реална опозиција. Исто така и Орбан нарачуваше анкети. Еве и Вучиќ сега го прави тоа. Она што им е јасно на сите е дека по падот на нивниот голем татко, на ред се и овие двајца. А ЗНАМ… Мислите ли дека граѓаните заборавиле дека вие сте создадени и финансирани од Мицкоски за да ја напаѓате СДСМ? Заборавивте ли дека токму вие ја предадовте сопствената партија и сопствените гласачи заради бизнис интересите на Максим Димитриевски? Влеговте во тендер коалиција со оние кои сега ги браните. Сега кога ЗНАМ повеќе не постои ниту во нарачаните анкети, преостанатата група околу Максим Димитриевски го одработува својот дел - го брани режимот напаѓајќи го СДСМ. ЗНАМ не е партија. Никогаш и не беше. Тоа е мала група на бизнис интереси која доби задача да ја штити власта. Дури ни соопштенијата немаат кој да им ги пишува, па им ги пишува Ивона Талевска. Граѓаните го гледаат тоа. ЗНАМ исчезнува и се распаѓа, а СДСМ останува единствена организирана сила која може да ја сопре оваа криминална група на чело со Мицкоски. СДСМТагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook