Концерт на Надја Неволович на виолина и Калина Мрмевска на пијано вечерва на „Охридско лето" - Канал 5

Концерт на Надја Неволович на виолина и Калина Мрмевска на пијано вечерва на „Охридско лето"

На музичката програма на Фестивалот „Охридско лето" вечерва за вљубениците во класичната музика е предвиден концертот на уметничките Надја Неволович на виолина и Калина Мрмевска на пијано.

Концерт на Надја Неволович на виолина и Калина Мрмевска на пијано вечерва на „Охридско лето"

Виолинистката Надја Неволович ја красат музичка интуиција, виртуозна техника и интерпретации со голем интегритет, квалитети кои ѝ носат плодна кариера како солист и камерен музичар. Како и многу музички талентирани деца во Русија, таа започнува да учи виолина во специјалното музичко училиште при Конзерваториумот во Санкт Петерсбург. Откако се сели во Германија, студира во класата на познатиот педагог Захар Брон, а работи и со Ана Нечипроук-Брон, Томас Брандис, Исак Рашковски и Ливиу Прунару. Магистрира со највисоки почести на Кралскиот конзерваториум во Брисел во класата на Игор Ојстрах. Со диплома музичар-изведувач се стекнува на Универзитетот во Росток во класата на Петру Мунтеану. Особено влијание врз нејзиниот личен и уметнички развој има легендарниот виолинист Иври Гитлис.

На само единаесет годишна возраст Надја дебитира со оркестар, по што следат бројни настапи со различни оркестри меѓу кои Филхармонијата во Брисел, Северно-германската филхармонија во Росток, Симфонискиот оркестар „Нова Русија", Филхармонијата во Баден Баден, Камерата „Мењухин" и „Хармос" фестивалскиот оркестар, со диригенти како: Шломо Минц, Дирк Вермеулен, Роналд Цолман, Андреј Петренко и Иво Венков. Таа е победник и носител на награди од повеќе меѓународни натпревари меѓу кои натпреварот „Виењавски" во Полска и натпреварот „Тошија Ето" во Токио. Како камерен музичар настапува во различни формации, а во 2011 година е виолинистка на квартетот „Мењухин" со кој освојува прва награда и награда од публиката на натпреварот Шамони Мон Блан во Франција. Снима бројни ЦД-а со нејзиниот дуо партнер – катедралниот оргулаш Петер Ван де Велде. Една од активностите кои се многу значајни за Надја е педагогијата, па така од 2008 до 2009 таа е асистент на Игор Ојстрах во Брисел, а од 2011 година одржува мајсторски курсеви во Каиро, на Академијата „Римски-Корсаков" во Брисел каде е гостин предавач, на летната академија „Опус 74" во Франција, а исто така е тутор на Интернационалниот мајсторски курс и натпревар во Будимешта. Од 2017 година Надја е концерт мајстор во Филхармонијата во Брисел, и редовно е канета да биде гостин-концерт мајстор во оркестри во Европа како Оркестарот на балетот во Амстердам, Симфонискиот оркестар во Антверпен и ансамблот „Атанерес".

Калина Мрмевска музичката критика ја оценува како „пијанист со особена моќ" и „уметник со јасна и жива музичка идеја". Дебитира на само деветгодишна возраст и освојува први награди на националните натпревари за пијано. На 12 години дебитира со оркестарот на Македонската филхармонија, а на 18 години е македонски претставник на Евровизискиот натпревар за млади музичари. Победничка е на Меѓународниот натпревар „Роверо Д оро" во Сан Бартоломео и освоила втора награда на натпреварот „Шуман-Јанг Чанг". Мрмевска настапува и со рецитали и со оркестри во Европа и во САД во концертните сали во Хамбург, во салата на Филхармонијата во Варшава, Палатата „Дунав" во Будимпешта, Културниот центар во Чикаго и др.

Како хуманитарец, Мрмевска е прв амбасадор на Првата детска амбасада „Меѓаши" за што и е доделена наградата „13 Ноември". Во 2006 година, Мрмевска се појавува во филмот „Сенки" од Милчо Манчевски. Една од нејзините најважни уметнички мисии е промовирањето на македонското музичко творештво, за што говори и нејзиното идно ЦД кое ќе вклучува дела од современи македонски автори. Нејзините настапи се често пренесувани на ТВ и радио, меѓу останатото како пренос од престижните серии концерти кои го носат името на Мајра Хес во Чикаго. Мрмевска е носител на ДААД стипендија во Германија и поддржана е финансиски од фондацијата О. Стотерау и Оскар и Вера Штифтунг. Добитничка е на наградата „Џ. Бредли" на универзитетот во Денвер, како и на наградата „Сталер" на Универзитетот во Стоуни Брук каде што се здобива со звање Доктор на пијано изведба под менторство на Гилберт Калиш.

Калина Мрмевска е посветен педагог, и за време на докторските студии им предава на студентите на додипломски и постдипломски студии кои се добитници на бројни награди и признанија. Често е канета да биде дел од жири комисии на натпревари, а во 2018 е еден од предавачите на Летната Академија „Скрјабин" во Италија. Во 2021/22 Мрмевска е резидентен уметник на Универзитетот во Тенеси и на Колеџот во Хјустон. Ќе настапи со Симфонискиот оркестар во Чендлер и во Германскиот конзулат во Њујорк како и на фестивали во САД и Европа.

Концертот ќе се одржи во црквата „Света Софија" со почеток од 21 часот./МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Трамп објави примирје. Зеленски изненаден, но се согласува

Американскиот претседател Доналд Трамп ненадејно објави дека „енергетското примирје“ меѓу Русија и Украина „стапува на сила веднаш“. 

Трамп објави примирје. Зеленски  изненаден, но се согласува

„Двете страни се согласија. Не го прекршувајте! Ви благодарам на вниманието. Претседател ДОНАЛД Џ. ТРАМП“, напиша Трамп.

Зеленски е изненаден, но го прифаќа примирјето , Путин молчи.

Најавата очигледно го затекна Киев неподготвен; Володимир Зеленски изјави дека објавата на Трамп за него претставува новина, но рече дека Украина би се согласила на договорот доколку и Русија го прифати. Москва сè уште нема дадено коментар за најавата на Трамп.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Секси новинарка со пет милиони фанови заведува во провокативен фустан

Од скромна спортска новинарка до 5 милиони следбеници. Сите фудбалски ѕвезди подлегнуваат на нејзиниот шарм.

Фото: Секси новинарка со пет милиони фанови заведува во провокативен фустан

Марија Луиза Јакобели повторно привлече огромно внимание на социјалните мрежи, а најновите фотографии од Милано ја оставија машката публика без здив.

Италијанската спортска новинарка се појави во елегантен син фустан од сатен, а нејзиниот изглед набрзо стана тема на бројни коментари на Инстаграм.

Јакобели е едно од попознатите лица на италијанското спортско новинарство, но нејзината популарност одамна ги надмина границите на телевизијата.

На Инстаграм ја следат речиси 5 милиони луѓе, па секоја нејзина објава привлекува огромно внимание.

Таа влезе во светот на телевизијата во 2017 година; работеше за „Rai Sport“, беше дел од „DAZN“, а на крајот стигна до „Sport Mediaset“, каде што стана едно од препознатливите лица на фудбалската програма.

Јакобели е ќерка на познатиот италијански спортски новинар Хавиер Јакобели, па така таа израснала со фудбалот и новинарството. Во последниве години, нејзиното име често се појавува во рубриките за познати личности, особено откако италијанските медиуми ја поврзаа со фудбалски ѕвезди.

Меѓу најпознатите приказни беше поврзувањето со Килијан Мбапе, иако таа врска никогаш не беше официјално потврдена.

Таа привлече уште поголемо внимание во 2024 година, кога нејзиното име се најде во центарот на медиумските написи за наводна романса со Франческо Тоти, што дополнително го зголеми интересот на јавноста за оваа италијанска новинарка.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Емили Ратајковски со нова провокација, го оставила градникот дома ..

Го оставила градникот дома и ги ослободи градите а ги покажа и гаќичките. 

Фото: Емили Ратајковски со нова провокација, го оставила градникот дома ..

Нова провокација од една од најубавите жени на светот, манекенката Емили Ратајковски.

Сексапилната Емили не се срамеше уште еднаш, по којзнае кој пат, да ги покаже своите бујни гради во проѕирен фустан.

Синоќа во Лондон се одржаа наградите „Albies“, а на гала-настанот присуствуваа бројни славни личности. Покрај прекрасната Амал Клуни, вниманието на јавноста го привлече и популарната манекенка Емили Ратајковски.

Позната по своите атрактивни и донекаде провокативни модни изданија, славната убавица ни овој пат не се воздржуваше да ги истакне своите најдобри атрибути.

Таа се појави во структуриран фустан што ја следи линијата на телото и ја истакнува нејзината прекрасна фигура. Станува збор за специфична креација украсена со вешто поставени цветни детали, кои ги покриваат интимните делови од телото.

Како што веќе можете да претпоставите, Емили избра проѕирен фустан под кој носеше само црни гаќички. Таа го заборави градникот дома и гордо ги покажа своите гради.

Ги поздрави собраните фотографи со студен, но впечатлив поглед и никој не остана рамнодушен на нејзиниот изглед.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер