Концерт на Националниот џез оркестар и Пјер Миле & Бети Жардан - Канал 5

Концерт на Националниот џез оркестар и Пјер Миле & Бети Жардан

Во Филхармонија вечер со почеток од 20 часот Националниот џез оркестар ќе одржи концерт на кој како гости ќе ги има француските уметници Пјер Миле (труба) и Бети Жардан (вокал). Диригент на концертот ќе биде маестро Џијан Емин.

Концерт на Националниот џез оркестар и Пјер Миле & Бети Жардан

Роден во средината на 1970-тите, Пјер Миле се етаблира како инспиративен инструменталист и композитор кој покрај џез музиката соработува со бројни уметници од областа на рок музиката, како и разни други жанрови, од циркуска музика до шансони.

Во својата кариера има настапувано со различни музички ансамбли, почнувајќи од биг-бендот на неговиот татко Jean-François Millet, потоа AB Sextet, Les Elles, и во поново време Surnatural Orchestra, покрај пијанистот Faraj Suleiman. Тој е лидер, ко-лидер и композитор во неколку ансамбли меѓу кои триото Ana Kap, дувачкиот оркестар Chromatic Museum, квартетот Blast, и квинтетите Renza Bô и Décor-um.

Бети Жардан е француска пејачка која живее во Нормандија и во својата кариера често соработува со Пјер Миле. Има студирано џез теорија на Конзерваториумот во Каен, а изучувала и индиска музика во Јужна Индија, каде престојувала повеќе од една деценија.

Дел е од биг-бендот Jazz à Montpellier, како и составите Ana Kap и Breath & Breath. Бети e карактеристична по својот уникатен вокален стил и способноста да комбинира различни музички жанрови. Критиката за неа ќе забележи дека е препознатлива по „интеракцијата меѓу џезот и индиската музика кои ѝ даваат препознатлив вокален сензибилитет и уникатност“.

На концертот со Националниот џез оркестар имате можност да уживате во биг-бенд аранжманите на композициите и стиховите на Пјер Миле и Бети Жардин кои истражуваат различни емотивни пејзажи и човечки врски изразени преку музика и поезија, како и широк спектар на чувства, од носталгија и ескапизам до надеж, издржливост и интроспекција.

Преку поетските текстови и музичките композиции, овие двајца уметници ја истражуваат убавината на сонот, текот на времето, невиноста на детството и борбата со себичноста и стравот. Секое нивно дело рефлектира длабока врска со културните, личните и универзалните моменти, спојувајќи ја имагинацијата со искрените рефлексии, притоа славејќи ја во целост човечката природа, во сета нејзина убавина и противречности.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Уставниот суд возврати: Судската независност не може да биде оправдување за непочитување на Уставот

Судската независност не може да биде оправдување за непочитување на Уставот, одговори Уставниот суд на забелешките на Судскиот совет и Здружението на судии .

Уставниот суд возврати: Судската независност не може да биде оправдување за непочитување на Уставот

Судската независност не може да биде оправдување за непочитување на Уставот, одговори Уставниот суд на забелешките на Судскиот совет и Здружението на судии кои побараа воздржаност и внимателност од Уставниот суд за случајот со судијата од Основниот суд Скопје, пријавен за непочитување на нивна одлука за конкеретн предмет... Заедничкиот став на Судскиот совет и Здружението на судии има одредени противречности и уставно-правни апсурдности – се вели во реакцијата на Уставниот суд , кој повикувајчуи се на повеќе членови од Утсавот оценува дека овој суд има посебна уставна положба и не подлежи на начелото на поделба на власта.

-Почитувањето и извршувањето на одлуките на Уставниот суд не е прашање на избор, на толкување или пак, согласност на кој било орган или кое било службено лице. // Односот на Уставниот суд кон останатите власти не е однос на надреденост, туку одржување на состојбата на уставноста, и оттука извршувањето на неговите одлуки не претставува извршување на одлука на државен орган, туку претставува постапување во согласност со Уставот. Извршувањето на одлуките на Уставниот суд значи постапување во согласност со Уставот,- - Појаснување во врска со извршувањето на одлуките на Уставниот суд.

Уставниот суд појаснува и дека неправосилноста на одлуката не ја менува фактичката состојба дека судијата не ја извршил нивната одлука, а дополнително, ја игнорирал и практиката на Европскиот суд за човекови права, спротивно на ставот на Судскиот совет и на Здружението на судии, кои ценат дека за законитоста на одлуката треба да одлучува Апелација.

Правниот експерт Дарко Аврамовски оценува дека во конкретниот случај, има пропусти во одлучувањето и на Уставниот суд и на Основниот, меѓутоа, како што посочи, во државава постои недоволно развиена правна пракса а се уште до крај не се диференцирани колкави се надлежностите на Уставниот суд.

-Многу би било добро доколку овој случај е иницијалната каписла која ќе ги седне на иста маса Уставниот суд, Судскиот совет и редовното судство, на која ќе може да се договори некаква предвидливост во постапувањето и на Уставниот суд при одлучување за сторени повреди од страна на редовните судови но и механизмите за примена и давање на практичен ефект на овие одлуки на Уставниот суд од страна на редовните судови. Самиот пропуст на Уставниот суд да наведе дека ги поништува одлуките и како треба да се спроведе одлуката во пракса, не создава имунитет кај редовните судови затоа што одговорноста е префлена кај нив и тие мора да најдат начин како да ги имплементираат одлуките на Уставниот суд,- - Дарко Аврамовски, Коалиција сите за правично судење.

Во однос на тоа дали судијата од Основниот суд ќе сноси дисциплинска или кривична одговорност за своето постапување, Аврамовски посочува дека се уште е рано да се зборува дали таква постапка ќе биде покрената, а како клучен аргумент ја наведува токму правната дилема, дали се работи за различно толкување на правото и фактите од страна на Основниот суд во контекст на одлуките на Уставниот суд.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Утре ќе биде познато дали водата во Гостивар повторно ќе може да се користи за пиење

Утре по истекот на 72 часа од последното лабораториско испитување ќе се знаат официјалнитее резултати од третото тестирање на водата во Гостивар, по кое ако ги потврди претходните два резултати, гостиварци ќе можат да пијат вода од чешма.

Утре ќе биде познато дали водата во Гостивар повторно ќе може да се користи за пиење

Ова било констатирано на денешниот состанок на Кризниот штаб во Гостивар. Извори од штабот за Канал 5 велат дека последните микробиолошки тестови се чисти, а по наредбата за намалување на количината на хлор, и двете последователни мерења покажале вредности во рамките на дозволените граници.

Сепак според истите извори, одлуката за евентуално укинување на забраната за користење на водата за пиење треба да ја соопштат надлежните институции, најверојатно Агенцијата за храна која и донесе одлуката за забрана.

На денешната прес-конференција во Министерството за здравство, заменик-министерот Јовица Андоновски, одговарајќи на новинарско прашање кога би можел да биде прогласен крај на епидемијата во Гостивар, рече дека очекува состојбата наскоро да се нормализира, доколку и следните анализи го потврдат подобрувањето на квалитетот на водата.

„Колку што сум информиран, квалитетот на водата е драстично подобрен во однос на последните анализи и очекуваме да се направи уште една анализа. Не сум присуствувал на последниот состанок на Кризниот штаб, но доколку водата биде во ред, се надевам во најбрз можен рок ситуацијата да се нормализира. Во суштина, тоа го прогласува Кризниот штаб заедно со АХВ.“ изјави – Јовица Андоновски, заменик-министер за здравство.

Од Министерството за здравство велат дека внимателно се следи здравствената состојба во градот.

Дотогаш, гостиварци можат да ја користат водата од водоводот единствено како техничка. Останува на сила забраната за користење на водата од гостиварскиот водовод и за подготовка на храна за сите граѓани, угостителски објекти и оператори со храна Снабдувањето со вода за пиење во Градот се обезбедува преку цистерни, а на граѓаните им се дистрибуира и пакувана вода.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Прогласена епидемија на западно-нилска треска во пет скопски општини- почина 83 годишен пациент

Почина 83 годишен пациент со нилска треска на клиниката за инфективни болести.

Прогласена епидемија на западно-нилска треска во пет скопски општини- почина 83 годишен пациент

Пациентот возраста имал и други хронични заболувања, потврди директорот на клиниката Фадил Цана. На клиниката од нилска треска се лекуваат 20 пациенти пет од нив се на интензивно лекување.

Најчесто симптомите се висока температура, поврќање и дијареа, вртоглавица. Посебно треба да се внимателни возрасните граѓани и оние со хронични заболувања, појаснуваат докторите.

Во оштините Кисела Вода, Аеродром, Гази Баба, Бутел и Илинден, а во населните места Драчево, Пржино, Долно Лисиче, Јурумлери и Кадино е прогласена епидемија, потврдија од Центарот за јавно здравје. На терен ќе има редовно прскање од комарци во сите овие општини и населени места, објаснува Арсениевски од центарот за јавно здравје.

Досега осум пациенти се излекувале и заминале од инфективната клиника, а вкупно од стратот на нилската треска биле хоспитализирани 29 пациенти.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер