Концерт на Музичка младина во чест на Саша Николовски Ѓумар - Канал 5

Концерт на Музичка младина во чест на Саша Николовски Ѓумар

Камерниот оркестар на Музичката младина на Македонија на 22 април во големата сала на Македонската филхармонија ќе одржи концерт во чест на својот долгогодишен диригент и уметнички раководител Саша Николовски Ѓумар (1966-2017). Првично концертот беше закажан за 21 април, но од технички причини се одложува за наредниот ден.

Концерт на Музичка младина во чест на Саша Николовски Ѓумар
Оркестарот од дваесет млади музичари ќе го води Дијана Имери-Илкоска. Солист на Концертот бр. 4 за пијано и оркестар од Бетовен ќе биде пијанистот Дино Имери. На програмата се и Адаџо од Бах и Мала ноќна музика од Моцарт, а ќе има и изненадување за публиката.

Диригентката Дијана Имери-Илкоска, која во 2014 година дипломираше во класата на Ѓумар, а сега е шеф-диригент на Оркестарот на МММ што многу години го раководеше нејзиниот професор, рече дека со концертот-омаж сакаат да го задржат споменот за Ѓумар и неговиот значаен придонес во македонската музика и едукација на млади музичари.

- Покрај тоа што беше маестрален и неповторлив диригент, за мене најважно во неговата дејност беше тоа што беше професор и, за среќа, јас бев негов студент. Од се што правеше, како музичар и како диригент, според мене најдобро го правеше професорувањето. Бевме многу слични по карактер - со огромен сензибилитет и работевме и разговаравме за делата и музиката. Беше прекрасен педагог. Беше шеф-диригент на Оркестарот на МММ и во многу наши разговори потенцираше дека негова желба е јас да го наследам раководството, истакна Имери-Илкоска.

Пијанистот Дино Имери додаде дека концертот ќе биде не само сеќавање и оддавање почит и благодарност, туку и почеток на нова ера за оркестарот на Музичката младина кој, рече, заслужува поддршка и внимание.

- Многу е тешко денес да се биде уметник во Македонија, но не се откажуваме и ќе го продолжиме патот на маестро Саша, кој сите работи ги правеше со срце и со љубов затоа што тоа е вистинскиот пат, рече Имери, кој синоќа настапи со Софиската филхармонија.
Генералниот секретар на МММ Александар Герасимовски соопшти дека Извршниот одбор на Музичка младина на Македонија донел одлука по концертот на 22 април Оркестарот на МММ да го носи името: Камерен оркестар „Ѓумар“.

- Во континуитет од 1986 година Ѓумар беше комплетно предаден на идејата - и за МММ и Камерниот оркестар, и за продолжување на почетоците на оркестарот поврзани со Фимчо Муратовски. Но Саша Николовски Ѓумар остави најголем белег, и тоа не само со оркестарот, туку, пред се, за промоција на млади музичари, она што е за нас најбитно, рече Герасимовски, зборувајќи за придонесот на Ѓумар во развојот на Музичката младина на Македонија која постои 55 години.

Саша Николовски Ѓумар од 1998 година предаваше хорско и оркестарско диригирање на Факултетот за музичка уметност. Автор е на аранжмани на четири музички изданија. Почина на 50-годишна возраст на 14 јануари 2017.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Кулминација на протестите- судири со полицијата во Франција, сериозни инциденти на протестите во Германија

Хаос на улиците во Франција.

Кулминација на протестите- судири со полицијата во Франција, сериозни инциденти на протестите во Германија

Околу 320 илјади демонстранти голем дел млади маскирани за денот на вештерките излегоа на протести низ земјата барајки мерки за намалување на трошоците за живот.

Судирите со полицијата ескалираа во повеќе градови, по што приведени се околу 300 лица.

Според француските власти во Париз протестирале 70 илјади луѓе, додека организаторите тврдат дека биле речиси 200 илјади. Претежно мирните демонстрации подоцна прераснаа во насилство кога маскирани групи фрлаа предмети кон полицијата, како и запаливи предмети.

Безбедносните сили одговориле со солзавец и вклучување на специјалните единици. Немири и интервенции имаше во Париз, Лион, Марсеј и Бордо.

Француските власти за безбедноста ангажирале дури 70 илјади полицајци .

Немири и насилства имаше и на улиците во Германија.

Мирните собири на младите, во повеќе големи градови прераснаа во немири. Демонстранти ограбуваа продавници, палеа барикади и фрлаа молотови коктели кон полицијата.

По интервенцијата на полицијата уапсени се повеќе од 200 лица и кај дел од нив било пронајдено и оружје.

Најсериозни инциденти се регистрирани во Франкфурт, Келн, Берлин и Хамбург. Во Берлин се повредени речиси 30 полицајци, а приведени се 56 демонстранти. Сепак најголемиот протест е во Хамбург, каде што на улиците излегоа околу 6.700 луѓе.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Дел од Чаир попладнево без струја, имало пожар на бандера

Дел од жителите на Чаир, поранешен Центар 1, во близина на хотел Континентал попладнево останаа без електрична енергија.

Дел од Чаир попладнево без струја, имало пожар на бандера

Според информации добиени од граѓани кои се обратиле до Контакт-центарот, станува збор за дефект на електродистрибутивната мрежа, за кој е поднесена пријава поради пожар на електричен столб, бандера.

Засега нема информации колку домаќинства се засегнати, дали пожарот настанал поради обиди за диви приклучувања и кога се очекува нормализирање на снабдувањето со електрична енергија.

Од ЕВН најавија официјални информации во текот на денот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

УХМР: Влажниот бран ќе се задржи уште два дена, најмногу врнежи во вторник

До вторник според Управата за хидрометеоролошки работи ќе продолжи врнежливото време. 

УХМР: Влажниот бран ќе се задржи уште два дена, најмногу врнежи во вторник

Веќе од средината на идната недела ќе настапи постепена стабилизација.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер