Концерт на Михајло Куфојанакис и Тодор Светиев во Софија - Канал 5

Концерт на Михајло Куфојанакис и Тодор Светиев во Софија

Во Музичкиот центар „Борис Христов“ во Софија, концерт за виолина и пијано вечер ќе одржат македонските музички уметници и педагози, Михајло Куфојанакис и Тодор Светиев.

Концерт на Михајло Куфојанакис и Тодор Светиев во Софија
Во рамките на циклусот музички концерти насловени „Скопје-Софија“, на 12. Меѓународен музички фестивал „Борис Христов“, покрај дуото Куфојанакис-Светиев, свои целовечерни концерти ќе имаат Даница Стојанова (пијано) на 15 јуни и на 17 јуни Гонца Богоромова-Краповски (сопран) во пијано придружба на познатиот бугарски музички уметник Милен Станев.

Михајло Куфојанакис и Тодор Светиев, пред публиката во Софија ќе се претстават со комплетно македонски музички дела, на програмата ќе бидат исполнети композиции од Т.Зографски, К.Македонски, В.Николовски, С.Стојков, Р.Аврамовски.

Михајло Куфојанакис во својата богата музичка кариера има остварени солистички концерти во Русија, Бугарија, Турција, Грција, Италија, Австрија, Хрватска, Црна Гора, Чешка, настапувал со врвни музички формации од Македонската филхармонија до познатите Загребски солисти. Во 2015 година одбележа 35 години од својата уметничка дејност. Редовен професор по виолина на Факултетот за музичка уметност во Скопје, добитник на врвни домашни и меѓународни музички награди и признанија.

Тодор Светиев повеќе години работи успешно како професор по пијано на Факултетот за музички уметности во Скопје, минатата година одбележа 40 години од својата уметничка кариера. Настапувал на престижни домашни и меѓународни музички сцени, од Охридско лето, преко повеќе успешни турнеи низ Шпанија, Белгија, Бугарија, Русија, Хрватска, Кипар...Добитник на престижни домашни и меѓународни награди и признанија.

Нивното прво заедничко музичко претставување на музичкиот фестивал „Борис Христов“ во Софија е дел од годишната програма на Културно-информативниот Центар на Македонија во Софија, програмски поддржан од Министеството за култура. /МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Дефокус и напад врз СДСМ токму на денот кога го објавивме планот за распродажба преку рудниците

Токму денеска, кога го откривме планот на Мицкоски за распродажба на Македонија преку давање на рудниците и труење на народот за туѓи интереси и профити.

СДСМ: Дефокус и напад врз СДСМ токму на денот кога го објавивме планот за распродажба преку рудниците

Токму денеска, кога објавивме мегаскандал: приватна компанија за оружје плаќала над 1,5 милиони долари за лобирање за Мицкоски.

Кога на јавноста ѝ станува јасно зошто Мицкоски договара антимон без да го праша народот: за милиони да завршат во приватни џебови.

Денеска дефокус и напад врз СДСМ од платформата на Мицкоски, ЗНАМ 2.0.

Дефокус и напад врз СДСМ и претседателот Филипче од луѓе купени со тендери вредни 1,6 милиони евра.

Одговорот на едно едноставно прашање целосно ги разобличува: Кому му одговара да се пренасочи вниманието на јавноста со ваков дефокус?

Кому му одговара да не се зборува за криминалот на Мицкоски и за распродажбата на Македонија?

Одговорот е еден: На шефот на организираната криминална група, арамијата Христијан Мицкоски!

Сè е јасно.

Граѓаните и членовите на СДСМ не се наивни.

Сите гледаат дека единствено СДСМ и претседателот Филипче се секојдневно на терен со граѓаните и деноноќно се борат против бандата на Мицкоски.

ВМРО е во слободен пад. Арамијата веќе нема рејтинг.

Не постои друга опозиција во Македонија.

Затоа сакаат да ја срушат СДСМ, но од тоа нема да има ништо.

Порака до сите нив: сите ќе одговарате, а власта ќе ја вратиме во рацете на народот.

ЗНАМ 2.0 нема да помине!

No pasaran!, се наведува во партиското соопштение.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Стручната комисија утврди: Нема лекарска грешка во лекувањето на родилката од Струмица која остана неподвижна

Нема лекарска грешка во случајот со Станка Михајлова од струмичко Баница, која по породување со царски рез и остана неподвижна, потврди петчлената комисија која го испитуваше случајот. 

Стручната комисија утврди: Нема лекарска грешка во лекувањето на родилката од Струмица која остана неподвижна

Комисијата била составена од гинеколог, анестезиолог, невролог, неврохирург и радиолог, а двајца од експертите биле од Србија и од Словенија.

По извршениот надзор, заклучокот бил едногласен дека невролошката состојба на Михајлова не е последица на спиналната анестезија.

Како најверојатна причина за состојбата, експертите го наведуваат спонтаното крварење од ретка малформација на крвните садови. Сепак, за конечно утврдување на причината е препорачана дополнителна дијагностика, како и продолжување на рехабилитацијата.

Случајот во јавност го објавки свекрот на Михајлова, Велибран Стојанов , и побара помош од министерот за здравство Сашо Клековски.

Министерството за здравство најави темелна проверка , а по налог на министерот, Државниот санитарен и здравствен инспекторат започна вонреден инспекциски надзор и со странски експерти од Словенија во трите установи каде што Михајлова била лекувана.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Членството на Црна Гора доведено во прашање - Хрватска ја спушта рампата за Подгорица?

Билатералниот спор меѓу Хрватска и Црна Гора ја става во опасност можноста Црна Гора да стане 28та членка на Унијата во 2028та година .

Членството на Црна Гора доведено во прашање - Хрватска ја спушта рампата за Подгорица?

Билатералниот спор меѓу Хрватска и Црна Гора ја става во опасност можноста Црна Гора да стане 28та членка на Унијата во 2028та година - воени злосторства, спорна поморска граница и имотни побарувања ја одложија закажаната меѓувладина конференција со кандидатот фаворит откако Хрватска се спротистави на затворањето на неколку преговарачки поглавја – пишува Бриселскиот медиум Еуроњуз повикувајќи се на дипломати вклучени во процесот.

Во последните недели се водат билатерални разговори на министерско ниво со поддршка од Европската комисија, но сè уште не е пронајдено решение. Доколку се постигне доволен напредок, се очекува меѓувладина конференција да ги затвори понатамошните преговарачки поглавја на 12 или 13 октомври. - пишува Бриселски Еуроњуз.

Освен нерешени прашања од времето на југословенските војни, барањата на Загреб кон Подгорица вклучуваат и враќање на училишниот брод Јадран како и преименување на базен именуван по поранешниот југословенски ватерполист Зоран Гопчевиќ.

Неоптоварена од поголеми билатерални спорови, соседна Албанија пак уверено чекори по европскиот пат - Европската комисија работи на затворање на процесот на пристапување на Албанија до крајот на следната година, објави Еуроњуз повикувајќи се на високи претставници од ЕУ.

Комисијата подготвува патоказ за да ја потврди наведената цел на Албанија за затворање на сите преговарачки поглавја до крајот на следната година и да ги утврди приоритетните резултати за пополнување на преостанатите празнини во пристапувањето.

Овие патокази кои шефицата на ЕК – Урсула фон дер Лајен ги најави, ќе бидат вклучени во новиот пакет за проширување што се очекува кон крајот на октомври, а освен за Албанија, се очекува да бидат изработени и за Црна Гора, Украина и Молдавија.

Во случајот со Црна Гора, како што уверува еврокомесарката за проширување – Марта Кос, дури и оваа кандидатка да не ги затвори сите поглавја оваа година, сепак би можела да се приклучи на Унијата во 2028 година, доколку добие брза ратификација на договорот од сите земји членки.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер