Над 141.000 лица во Македонија живеат со дијабетес: Раното откривање може да спречи тешки компликации
1Над 141.000 лица во Македонија живеат со дијабетес: Раното откривање може да спречи тешки компликации
КултураКонцерт на Камерно трио на Скопско летоКамерното трио што го сочинуваат Билјана Петровска – пијано, Марија Јакимовска – флејта, Верица Ајтовска – виола, ќе настапат вечер во 21:00 часот во фоајето на Националната опера и балет, во рамки на 45. издание на Скопско лето.Билјана Петровска е активен музички ументик на македонската музичка сцена. Образованието го стекнува во Скопје. Средно музичко образование завршува два отсека инстументален осек- пијано во класа на проф. Рита Поповиќ и наставно теоретски во ДМБУЦ Илија Николовски – Луј, дипломира (1997г.) и магистрира (интерпретација на пијано 2002г.) во класа на Евушка Елезовиќ- Трпкова на ФМУ – Скопје. Во текот на своето музичко образование учествува на многу семинари меѓу кои се Првиот интернационален фестивал во чест на Владимир Хоровиц во Авеиро – Португалија, престојува во Париз два месеца во Градот на уметноста (Site the Arts), каде што одржува повеќе концерти. Акцентот на интерпретациското творештво кај неа е насочен кон камерното музицирање. Досега има повеќе настапи со македонски музички уметници на манифестации во земјава како Скопско Лето, Еенски музички свечености, Охридско Лето, Денови на Македонска Музика. Настапува во многу градови низ земјава, како и во Истанбул (Турција),Франција (Париз), Бугарија (Софија), САД (Њујорк), Србија, Хрватска. Активно камерни состави со кои концертира се Трио/квартет ВивАрт, The Quartet. Настапува со камерен состав кој изведува авторска музика на композиторот и аранжер Сашо Ливрински – Лаврод (македонски танго композиции и аранжмани на македонски фолклорни песни), како и авторска музика на Давор Јордановски. Моментално е редовно вработена во ДМБУЦ „Илија Николовски – Луј“ како пијано соработник. Од 2012 г. до денес е хонорарен пијано соработник на ФМУ во Скопје. Од 2015г. до 2019г. настапува како прво пијано во оркестарот и бендот во мјузиклите „Чикаго“ и „Мама Миа“, кои се изведуваа во Македонскиот народен театар. Досега има учествувано во реализација на повеќе носачи на звук: Кларинетски Фантазии (со кларинетистот Петар Колевски), Македонски композитори (со кларинетистот Љупчо Чедомирски), Романтични мелодии (со трубачот Васо Ристов, онлајн албум со The quartet – свита за флејта и џез пиjано трио од Клод Болинг). Во јуни 2022 година М- СОЛ Рекордс го издаде нејзиониот прв авторски албум „Здивот на Вечната љубов“ со подршка на Министерство на култура на Република Северна Македонија. Верица Ајтовска е родена 1997 година во Кочани. Основно музичко образование завршува во ООМУ „Ристо Јуруков“ – Кочани, како ученик на генерацијата, а средно во ДМУЦ „Сергеј Михајлов“ во Штип. Учествува на повеќе државни и меѓународни натпревари по виолина и освојува награди. Во 2021 година дипломира виола со cum laude на Факултетот за музичка уметност при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, во класата на проф. м-р Фросина Балова. Учествува на Интернационалниот курс за музика во Ајон, Шпанија, каде посетува настава по виола кај Михаил Земцов и настава по камерна и современа музика кај истакнати професори на универзитети во Шпанија. Ајтовска е член на Камерниот оркестар на Музичка младина на Македонија „Саша Николовски - Ѓумар“ со кој настапува на Охридско и Скопско лето, како и ансамблот на МММ Нонет + со кој има настапувано во Македонија и Бугарија. Таа е член на квартети и повеќе приватни ансамбли и оркестри – во повеќе музичко-сценски проекти. Ајтовска има настапувано како солист и како дел од ансамбл на повеќе фестивали во Македонија и странство, како Денови на македонската музика, DAM Fest - Приштина, Curso International de Musica - Ayllon. Од 2018 година свири во оркестарот на FAMES (Orchestral Music Recording). Aјтовска од 2023 е вработена како виолист во Македонска Филхармонија. Марија Јакимовска започнува да изучува флејта од рана возраст водена од професор Радмила Попоска, најпрво во нижо музичко образовани, па во средно музичко образование во ДМБУЦ „Илија Николовски – Луј“, закитувајќи се со бројни награди и успеси, а подоцна и на Факултетот за музичка уметност каде што дипломира и магистрира во класа на професор Страшо Темков. За време на образованието посетувала семинари и мастеркласи кај бројни професори. Настапувала како солист со камерниот оркестар при ДМБУЦ „Илија Николовски –Луј“, со Филхармонија на Р.С.Макединија, и на голем број камерни концерти и рецитали. Како солист има настапувано во Македонија, Израел, Чешка, Италија, САД, Австрија, Косово, Бугарија, Русија итн. Пројавува особен интерес и афинитет кон камерната музика и од 2012година е член на „Скопскиот дувачки квинтет“ како и на камерниот оркестар „Скопски солисти“, на камерниот состав „ TheQuartet“, и 10 години била член на квартетот флејти „Аулос“. Како флејтист во Националната Опера и Балет и надворешен соработник на симфонискиот оркестар за филмса музика F.A.M.E’.S соработувала со голем број врвни диригентски имиња: Бенџамин Шварц, Тимоти Редмонд, Емил Табаков, Габриел Бебешелеа, Јерухам Шаровски и др. Нејзина пасија се едукативни проекти наменети за млада публика и млади музички професионалци. Од 2017 година соработува со МММ и е проектен координатор на кампот и на камерниот оркестар на Музичка младина на Македонија. Координатор е и на летниот музички камп во Михајлово. Како еден од позначајните проектот наменети за развој на млада публика "Balckboard music project"-подржан од ЕУ и Министерството за култура, Јакимовска била дел од серија концерти низ голем број училишта во Данска и Белгија во кои биле пријатно изненадувачки прифатени, од различни возрасни групи на ученици. Редовно одржува концерти за млада публика низ сите градови во државата. Добитник е на повеќе лични награди и признанија од државни и интернационални натпревари, семинари. Моментално вработена во оркестарот на Националната опера и балет, наведуваат од Дирекцијата за култура и уметност - Скопје. Билетите за концертот се во продажба на eTickets (karti.com.mk), како и пред почетокот на настанот на влезот на Националната опера и балет.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЌе ги отстрани ли новиот Кривичен законик штетните последици од 2023 година?15:00Мицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55На коалициска средба ќе се пеглаат разликите во владата околу полагањето на Правосудниот испит15:00Скопје го одбележува Денот на ослободувањето – 13 Ноември08:49По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00
Мицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55
По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00
МетеоУтре променливо облачно со сончеви периодиВремето утре ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла. Попладне и кон крајот на денот ќе има повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, поизразен долж Повардарието. Минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 8, а максималната ќе достигне од 8 до 13 степени. Во Скопје, променливо облачно, попладне ќе има повремен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне до 12 степени. Следува период на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд со променлив интензитет. Од понеделник температурите ќе бидат во постепен пораст и повторно над просекот за овој период од годината. Ќе дува умерен до засилен, а од среда повремено силен ветер од јужен правец (над 60 km/h), особено во западните делови.Тагови: променливо облачно Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Култура„Мал формат / МиниАртура“ на ДЛУМ во КИЦВо организација на Друштвото на ликовните уметници на Македонија – ДЛУМ, на 16 ноември во Културно- информативниот центар –КИЦ, Скопје, во 20.30 часот ќе биде отворена изложбата „Мал формат / МиниАртура“.Во рамки на „Мал формат“ ќе бидат претставени 37 автори со 64 дела, а во „МиниАртура“ 27 автори со 47 дела. „Мал формат“ го насочува вниманието кон уметничкото дело со ограничени димензии, но со неограничен простор за визуелна, концептуална и емоционална интерпретација. Малата површина овозможува концентрација на ликовниот јазик и ја нагласува важноста на секој потег, линија, боја, форма и текстура. Претседателката на ДЛУМ, проф. д-р Јана Манева –Чупоска укажува дека во рамките на оваа изложба се среќаваат различни авторски пристапи, техники и поетики кои покажуваат дека форматот не ја ограничува идејата, туку може дополнително да ја засили нејзината експресивност. „Делото со помали димензии често создава непосредна и интимна комуникација со набљудувачот, барајќи поголемо внимание и поблизок контакт. „’Мал формат’“ , вели таа, е простор во кој малото станува значајно – како концентрација на мислата, чувството и личниот уметнички ракопис. Изложбата ја потврдува разновидноста на современото ликовно творештво и можноста во мал простор да се создаде силен и целосен визуелен исказ“. За изложбата „МиниАртура“ Манева -Чупоска ќе рече дека ја претставува уметноста на прецизноста, концентрацијата и вниманието кон деталот. „Минијатурниот формат создава специфичен ликовен простор во кој секој елемент има своја функција и значење, а малата димензија станува предизвик за уметникот и можност за исклучително концентриран визуелен израз. Во ‘МиниАртура’ големината на делото не ја определува неговата содржинска или естетска вредност, напротив, ограничениот простор отвора можност за суптилност, прецизност и истражување на формата, линијата, бојата, светлината и текстурата“, вели меѓудругото . претседателката на ДЛУМ. Особената вредност на изложбата „Мал формат“ според проф. д-р Маја Рауник Кирков, претседателка на уметничкиот совет на ДЛУМ, произлегува од коегзистенцијата на различни авторски сензибилитети, техники и поетики. „Мал формат 2026“ е афирмација на уметничката мисла, креативната слобода и способноста на визуелниот говор преку минимална физичка форма да презентира комплексни естетски, емотивни и концептуални содржини. Вистинската вредност на делата на оваа изложба се наоѓа во капацитетот одлично да ги презентираат моќта на ликовните идеи и нивните ликовни артикулации“, вели меѓудругото Рауник Кирков. Таа смета дека изложбата „МиниАртура“ претставува специфичен простор на уметничка концентрација. „Физичката присутност на ликовните дела со минијатурни димензии го менуваат ритамот на гледање, поттикнуваат побавно набљудување, приближување и откривање на визуелните слоеви што не секогаш се откриваат при првиот поглед. Овие ликовни дела бараат внимание и посветеност, но за возврат нудат богатство од значења, асоцијации и естетски доживувања. Во нивните ограничени димензии често се отвораат неограничени простори на имагинацијата. Разновидноста на авторските ракописи и ликовните решенија ја потврдува способноста на современата минијатура да ги надмине конвенционалните претстави за размерот, обемот и монументалноста на уметничкото дело. Минијатурата станува простор на истражување во кој малото не значи ограничено, туку интензивно, промислено и содржински богато. Оваа изложба ја афирмира уметноста на суптилното присуство – онаа што не ја наметнува својата големина, туку ја освојува вниманието со својата внатрешна комплексност, поетичност и изразна моќ“, потенцира претседателката на уметничкиот совет на ДЛУМ.Тагови: Мал формат Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЌе ги отстрани ли новиот Кривичен законик штетните последици од 2023 година?15:00Мицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55На коалициска средба ќе се пеглаат разликите во владата околу полагањето на Правосудниот испит15:00Скопје го одбележува Денот на ослободувањето – 13 Ноември08:49По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00
Мицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55
По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00
МакедонијаМинистерството за спорт со поддршка за инклузивната трка „Run Together 2026“ во ГевгелијаДржавниот секретар во Министерството за спорт, Сашо Огњеновски денеска присуствуваше на инклузивната трка „Run Together 2026“ што се одржa во Гевгелија, во рамките на спортскиот настан November Run, и изрази поддршка за учесниците и за организаторите.Трката која годинава го бележи третото издание, ја организира Фондацијата „Ице Бегов“ во соработка со Атлетскиот клуб „7 Ноември“. „Run Together“ е ненатпреварувачка трка на 1 км. на која лица со и без попреченост, деца, семејства, спортисти, волонтери, претставници на училишта и на здруженија се движат заедно на иста патека. Настанот создава простор за рамноправно учество и ја поттикнува инклузијата и достапноста на спортот за сите. „Вистинската вредност на спортот е во можноста секој да учествува, да биде прифатен и да се чувствува како дел од заедницата. Токму таа порака ја испраќа инклузивната трка „Run Together 2026“, настан кој преку спортот ги обединува сите луѓе со добра волја. Ми претставува особено задоволство што Министерството за спорт ја поддржува оваа прекрасна иницијатива, која покажува дека спортот е многу повеќе од натпреварување – тој е заедништво, еднаквост, почитување и можност за сите“ - истакна Огњеновски. Во трите досегашни изданија трката обедини над 2.250 учесници и поддржувачи од целата држава. Спорт достапен за сите во целата држава е една од целите и заложбите на Министерството за спорт што се реализира преку програмата за изградба и реконструкција на спортската инфраструктура и поддршка за спортските и рекреативните настани кои значат промоција на спортот и на спортските вредности. Со почит, Министерство за спортТагови: Министерство за спорт Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter