Денеска официјално ќе биде промовирана „Везилка“ – првиот центар за вештачка интелигенција во земјава
2Денеска официјално ќе биде промовирана „Везилка“ – првиот центар за вештачка интелигенција во земјава
3Минчев ќе оствари билатерална средба со министерката за јавна администрација и локална самоуправа на Србија
КултураКонцерт на камерниот оркестар „Профундис“ со виолончелистот Петар ПејчиќКамерниот оркестар „Профундис“ вечер од 20 часот ќе има концерт во Македонската филхармонија, на кој како солист ќе настапи српскиот виолончелист Петар Пејчиќ, под диригентство на Ѓурѓица Дашиќ. Концертот го организира НУ „Охридско лето“ во рамки на оф-програмата на фестивалот, која годинава првпат се претставува пред скопската публика. -Концертот ќе се одржи во препознатливата candlelight атмосфера, под светлината на илјадници свеќи – амбиент кој ширум светот прерасна во современ симбол за интимно, емотивно и визуелно импресивно музичко искуство. Овој уникатен концепт, кој обединува минимална светлина и максимална музичка експресија, овозможува слушателот да се фокусира на секој звук, секој здив на инструментите и секоја суптилна динамика што ја создава ансамблот, соопшти организаторот на концертот. Диригентката на „Профундис“, Ѓурѓица Дашиќ, изјави дека е чест што „Охридско лето“ токму на „Профундис“ му ја довери премиерата на оф-програмата во Скопје. -Верувам дека овој концерт ќе биде посебен не само по атмосферата, туку и по начинот на кој музиката ќе прозвучи – искрено, концентрирано и со длабока намера. Нашата цел е да создадеме простор каде звукот и светлината се во совршен дијалог, а публиката да ја почувствува онаа тивка, но моќна магија што ја прави музиката неповторлива, вели Дашиќ. Ексклузивен гостин-солист на концертот на овој камерен оркестар е Петар Пејчиќ од Србија, еден од најперспективните млади европски уметници, финалист на престижниот натпревар „Кралица Елизабета“ и солист кој веќе настапува со водечките европски оркестри. -Публиката ќе има можност да ужива во внимателно селектирана програма што ги спојува контемплативната минималистичка естетика на Филип Глас преку свитата од филмот „The Hours“, драматичната експресивност и виртуозност на Поперовата Унгарска рапсодија оп. 68, како и елеганцијата, духовитоста и романтичната длабочина на Чајковски и неговите рококо варијации – создавајќи заедно музичка целина исполнета со динамика, суптилна емоција и беспрекорна артистичност, идеална за свечениот candlelight амбиент. Овој концерт е исклучителна можност скопската публика да го почувствува уметничкиот идентитет на „Профундис“ – оркестар кој со континуирана посветеност, автентичност и висок квалитет го гради своето место на македонската и регионалната музичка сцена, најави „Охридско лето“. Тагови: Македонска филхармонија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаИнтерпелација за работата на министерот за внатрешни работи Панче Тошковски Денеска на собраниска седница е интерпелацијата за работата на министерот за внатрешни работи Панче Тошковски поднесена од пратениците од опозицијата.Го обвинуваат министерот Тошковски за креирање на „приватна партиска полиција заради владино прикривање и таргетиран политички реваншизам кон опозицијата“; командна одговорност за полициските пропусти кои доведоа до трагедијата во Кочани; непостапување на македонската полиција во случаи на семејно, врсничко и родово базирано насилство и говор на омраза. Меѓу другото, забележуваат и за, како што наведуваат, непрофесионални „двојни стандарди“ при постапувањето на полицијата со различно однесување за исти или слични случаи проследено со злоупотреба на овластувањата при употреба на сила. Ова е трета интерпелација за министерот Тошковски.Тагови: Панче Тошковски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаДенеска официјално ќе биде промовирана „Везилка“ – првиот центар за вештачка интелигенција во земјаваДенеска официјално ќе биде промовирана „Везилка“ – првиот центар за вештачка интелигенција во земјава. Проектот е воспоставен во рамки на европската заедница за пресметување со високи перформанси, кофинансиран од Европската унија и координиран од факултетот за компјутерски науки и инженерство при УКИМ во соработка со министерството за дигитална трансформација. Проектот е од важност за зајакнување на дигиталниот суверенитет, забрзување на дигиталната трансформација, поттикнување на иновациите во јавната администрација, подобрување на одлучувањето засновано на податоци и создавање можности за истражување, претприемништво и технолошки развој. Има за цел и да ја зајакне соработката меѓу институциите, универзитетите, истражувачките центри, организациите на граѓанското општество и деловната заедница.Тагови: Везилка Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМинчев ќе оствари билатерална средба со министерката за јавна администрација и локална самоуправа на СрбијаМинистерот за јавна администрација на Република Македонија, Горан Минчев, ќе оствари билатерална средба со министерката за јавна администрација и локална самоуправа на Република Србија.Средбата се организира со цел размена на искуства и унапредување на соработката во областа на јавната администрација. По завршувањето на билатералната средба, двајцата министри ќе дадат изјави за медиумите. Кабинет на Министер за Јавна АдминистрацијаТагови: Минчев Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДенеска официјално ќе биде промовирана „Везилка“ – првиот центар за вештачка интелигенција во земјава09:33Владата очекува годишната стапка на раст на цените на основните прехранбени производи во јули да биде 3%15:00Мицкоски: Во јули годишната стапка на промени на цените на основните прехранбени производи да биде под 3 проценти11:05Граѓанската иницијатива „Стоп за Усје“ во 18 часот пред собрание повикува на марш за чист воздух08:41Цената на дизелот се намалува за 7 денари, на БС - 95 за 3,5 денари, на БС – 98 за 4 денари по литар13:12
Денеска официјално ќе биде промовирана „Везилка“ – првиот центар за вештачка интелигенција во земјава09:33
Владата очекува годишната стапка на раст на цените на основните прехранбени производи во јули да биде 3%15:00
Мицкоски: Во јули годишната стапка на промени на цените на основните прехранбени производи да биде под 3 проценти11:05
Граѓанската иницијатива „Стоп за Усје“ во 18 часот пред собрание повикува на марш за чист воздух08:41
Цената на дизелот се намалува за 7 денари, на БС - 95 за 3,5 денари, на БС – 98 за 4 денари по литар13:12