Концерт на Јана Лолова и Антонио Илиоски во КИЦ - Канал 5

Концерт на Јана Лолова и Антонио Илиоски во КИЦ

Во Културно-информативниот центар во Скопје во Салон 19:19 вечерва концерт ќе одржат Јана Лолова и Антонио Илиоски. На програмата се дела од Лудвиг Ван Бетовен и од Јоханес Брамс. 

Концерт на Јана Лолова и Антонио Илиоски во КИЦ

Илиоски е роден во 2003 година во Скопје. На осумгодишна возраст почнува да свири виолончело во основното музичко училиште - ДМБУЦ „Илија Николовски Луј“ Скопје во класата на проф. Марија Кочарова-Узунова. Има учествувано на повеќето меѓународни и државните натпревари. Добитник е на четврта награда на Меѓународниот натпревар за виолончелисти „Антонио Јанигро“ во Загреб и трета награда на Меѓународниот натпревар во виолончело во Словенија. Ја има освоно и специјалната награда на Меѓународниот натпревар на Персатуан Шопен во Малезија и е прогласен за апсолутен победник на натпреварот. Ја освои првата награда и беше прогласен за „Млад уметник на годината“ на Меѓународниот музички натпревар во Њујорк, а годинава е добитник на првата награда на Меѓународниот музички натпревар „Полихимнија“ во Скопје.

Василева Лолова е родена во 2001 година во Софија. Во 2008 година почнала да учи во националното музичко училиште „Љубомир Пипков“, а од 2018 година студира пијано во класата на проф. д-р Илија Чернаев. Добитник е на првата награда на Меѓународниот натпревар за пијанисти во Ниш во 2014 година и прва награда и гран-при на Меѓународниот натпревар за млади пијанисти во Врање во 2019 година. Во категоријата камерна музика е наградена со прва награда на Меѓународниот натпревар „Млади виртуози“ во Софија во 2018 година, прва награда на Меѓународниот натпревар „Даворин Јенко“ во Белград во 2019 година и Специјална награда посветена на 190 години од раѓањето на Ј. Брамс на Академскиот натпревар по камерна музика во Софија во 2023 година, како и прва награда на натпреварот за академска камерна музика во Софија во 2024 година. Добитник е и на првата награда во категоријата пијано придружба на Меѓународниот музички натпревар „Надеж, таленти и мајстори“ во Добрич, Бугарија во 2017 година и специјална награда по име проф. Савка Шопова-Маркова од Национален академски натпревар за студенти и кореоетитори „Проф. Савка Шопова-Маркова“ во 2022 година. Стипендист е на престижниот фестивал на камерна музика „Musica Mundi“ во Брисел каде работела со музичарите Николас Ангелич (пијано, САД), Јуси Сирала (пијано, Финска) и Ирен Коган (пијано, Латвија). Израел).

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Видео-фото: Таа стана „лек“ за мажите во огнен комбинезон: „Доаѓам право пред твојата врата“

Во нова, малку провокативна кампања за здравствената компанија „Ro“, една од најубавите актерки во Холивуд, Меган Фокс го претставува „Ro Sparks“ – нивниот лек на рецепт за третман на еректилна дисфункција.

Видео-фото: Таа стана „лек“ за мажите во огнен комбинезон: „Доаѓам право пред твојата врата“

„Лично, мислам дека можеби сум родена за ова. Не постои подобра личност што можеше да биде дел од ова“, изјави Фокс (40) за магазинот „People“.

„Зошто дополнително да се усложнува нешто што и онака е сериозна тема? Веќе делува сериозно, па затоа – нека биде забавно“, вели таа.

„Ro Sparks“ е комбиниран третман „два во еден“ за еректилна дисфункција, кој ги содржи состојките силденафил и тадалафил.

Иако двете состојки се одобрени од американската Управа за храна и лекови (FDA), самиот комбиниран лек не е одобрен од оваа агенција.

Според компанијата Ro, третманот се раствора под јазикот, почнува да делува во просек за околу 15 минути и може да остане активен до 36 часа, пренесува „Пипл“ (People).

Во рекламата, која се емитува на телевизија додека кампањата е присутна и на Тајмс Сквер, се појавува Фокс во црвен, тесен комбинезон со логото на „Ро Спаркс“ (Roe Sparks). Како персонификација на лекот, таа зборува за производот преку низа двосмислени и сугестивни пораки.

„Ако ти го препишат, ќе се појавам директно пред твојата врата“, вели Фокс со заводлива насмевка во рекламата. „Не грижи се, моето пакување е многу дискретно.“

Фокс вели дека хуморот во кампањата не е тука само за да го направи снимањето позабавно. Со пристапувањето кон еректилната дисфункција на лежерен начин, таа се надева дека рекламата ќе помогне да се надмине дел од срамот што ја придружува оваа состојба и ќе ги охрабри мажите отворено да зборуваат за неа.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Во недела изменет сообраќаен режим во Скопје поради Виз Ер Скопскиот маратон

Во недела од 06:00 до 14:00 часот дел од улиците и булеварите во Скопје ќе бидат затворени за сообраќај, а возилата ќе се пренасочуваат по алтернативни сообраќајници.

Во недела изменет сообраќаен режим во Скопје поради Виз Ер Скопскиот маратон

Скопје во недела, 4 октомври, ќе биде во знакот на 22. Виз Ер Скопскиот маратон, поради што дел од улиците и булеварите во градот ќе бидат затворени за сообраќај. Од 06:00 до 14:00 часот, сообраќајот по улиците и булеварите опфатени со трасата на маратонот ќе биде пренасочуван по алтернативни сообраќајници.

Затворен за сообраќај ќе биде потегот од Рекорд, односно улиците „Македонија“ и „Димитрие Чуповски“, продолжувајќи по булеварот „Митрополит Теодосиј Гологанов“ и улицата „Васил Чакаларов“ до реонот на Хром.

Затворени ќе бидат и делови од улицата „11 Октомври“, односно потегот од Собранието кон Црвен крст, како и делови од булеварите „Крушевска Република“ и „Трета македонска бригада“, до делот кај Американ колеџ.

Во Аеродром, со посебен сообраќаен режим ќе бидат опфатени потезите кон Воен базен, Мајчин дом и булеварот „Јане Сандански“, до раскрсницата со булеварот „Србија“.

На посочените сообраќајници возачите ќе треба да користат алтернативни правци, а конкретното пренасочување ќе се врши во зависност од движењето на тркачите.

Од Министерството за внатрешни работи апелираат до возачите да го избегнуваат движењето по трасите во периодот од 06:00 до 14:00 часот и да ги почитуваат наредбите и насоките на униформираните полициски службеници на терен.

Организаторите ги замолуваат граѓаните за разбирање поради привремениот сообраќаен режим и ги повикуваат навреме да го испланираат своето движење во недела, со избор на алтернативни сообраќајни правци каде што е потребно.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

МЗТ Скопје Аеродром во Европа

Македонскиот кошаркарски шампион МЗТ Скопје Аеродром по пауза од повеќе од 25 години се враќа на европската сцена, каде што во вторник (6 октомври) со почеток во 19:00 часот, во спортскиот центар „Јане Сандански“ ќе го пречека тимот на Ираклис.

МЗТ Скопје Аеродром во Европа

Македонскиот кошаркарски шампион МЗТ Скопје Аеродром по пауза од повеќе од 25 години се враќа на европската сцена, каде што во вторник (6 октомври) со почеток во 19:00 часот, во спортскиот центар „Јане Сандански“ ќе го пречека тимот на Ираклис од Грција.

Пресметката на теренот ќе биде кулминација на една вечер за паметење, која ќе започне неколку часа претходно пред спортскиот центар „Јане Сандански“.

Почнувајќи од 17:00 часот, посетителите ќе може да уживаат во одлична музика со DJ Alen, вкусна храна, ладно пиво и други пијалоци, додека за најмладите навивачи е обезбедено цртање на лица во боите на клубот.

Исклучително возбудлив дел од пред-натпреварувачката програма ќе биде ADMIRAL FREE SHOOT CHALLENGE-натпревар во слободни фрлања со богат награден фонд (iPhone 17, спортска опрема и друго). Ова е одлична можност за присутните да ја покажат својата прецизност и да освојат примамливи награди.

Билетите за овој спектакл се веќе пуштени во продажба по цена од 200 денари и истите може да се набават преку продажната мрежа на mktickets.mk.

Веруваме дека настанот пред спортскиот центар дополнително ќе ги обедини навивачите, нивните семејства и сите останати љубители на кошарката низ една богата и интересна двочасовна програма. Потоа, дружењето го продолжуваме на трибините, со силна поддршка за МЗТ Скопје во овој голем европски предизвик!

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер