Концерт на Инва Мула и Генц Тукиќи вечерва на „Охридско лето" - Канал 5

Концерт на Инва Мула и Генц Тукиќи вечерва на „Охридско лето"

Фестивалската програма на годинешното издание на „Охридско лето" влегува во втората половина со концертот на албанската сопранистка Инва Мула, во пијано придружба на маестро Генц Тукиќи.

Концерт на Инва Мула и Генц Тукиќи вечерва на „Охридско лето"

Инва Мула важи за една од најзначајните сопрани на денешницата. Родена во Тирана, започнува да учи пијано на петгодишна возраст, а пеење на 16 години, најпрво со нејзината мајка, а потоа и на Универзитетот за уметности во Тирана на кој и дипломира. Првата улога на сцената и е Виолета во операта „Травијата" која и ѝ ги отвора вратите на операта во Тирана каде настапува во текот на следните пет години. За овој период, два пати победува на натпреварот „Тефта Ташко Кочо", а во 1987 година е прогласена и за најдобар оперски пејач. Следат победите на натпреварот „Жорж Енеску" во Романија, и Гран при „Мадам Батерфлај" во Барселона во 1992.

Триумфира на првиот натпревар организиран од тенорот Пласидо Доминго во 1993 година, по што нејзината интернационална кариера ќе започне да се движи во нагорна линија со настапи во оперските куќи во Авињон, Лос Анџелес, Бон, Вашингтон, Лирската опера во Чикаго како и Метрополитен операта во Њујорк каде настапува во продукцијата на операта „Боеми". Во 1997 година со голем успех настапува во „Риголето" како Џилда заедно со Лео Нучи во операта во Марсеј, по што е поканета да настапи во истата улога на фестивалот во Арена ди Верона. По ентузијастичкиот прием на публиката, таа повеќе години се навраќа на овој престижен оперски фестивал изведувајќи ги улогите на Виолета, Џилда и Микаела во „Кармен". Во 1998 година по фантастичната соработка со Рикардо Мути во Миланската „Скала", Инва Мула е поканета да ја пее насловната улога во „Травијата" за отворањето на новиот оперски театар во Милано, по што следат нови улоги во „Скала". Со голем успех настапува низ Италија и тоа во Трст, Торино, Сиена, Рим, и во Фиренца каде настапува под палката на маестро Зубин Мехта.

За Инва Мула, улогата на Виолета во „Травијата" претставува еден вид уметнички „потпис", па така истата ја повторува во Виена, Лондон, Милано, Токио, Ница, Берлин, Париз, Мадрид итн. Нејзини сценски партнери се некои од најпознатите тенори на нашето време како: Роберто Алања, Хозе Кура, Пласидо Доминго, Виторио Григоло, а соработува со диригенти како Мишел Пласон, Жорж Претр, Хесус Лопез Кобос, Владимир Спиваков, Зубин Мехта, Мјунг Вун Чунг.

Значаен момент во нејзината кариера е инволвираноста во филмот „Петтиот елемент" на Лук Бесон каде го позајмува гласот за Дивата „Сина Лагуна". Овој проект и носи интернационална слава и надвор од кругот на строгите оперски фанови.

Во ноември 2012 Инва Мула ја режира прославата, и настапува на одбележувањето на Денот на независноста на Албанија. Како дел од свеченоста од страна на Претседателот на Албанија ѝ е доделена највисоката почест „Почест на нацијата" за нејзините достигнувања во уметноста.

Кариерата на Инва Мула и денес продолжува со голем интензитет. Во изминатите сезони настапува во Виенската опера како Манон, таа е Неда во „Палјачи" во Германската опера во Берлин, Сао Паоло и Билбао, Адина во „Љубовен напиток" во Марсеј и Микаела во „Кармен". Редовно е поканета да одржува семинари на академиите во Париз, во Гштад и Санкт Петербург.

Во 2015 година Инва Мула дебитира како режисер (а истовремено ја пее улогата на Неда) во продукцијата на „Палјачи" на Тиранската опера. Големиот успех ќе и донесе нов ангажман во 2017 година кога во истиот театар ја режира операта „Ловци на бисери".

За нејзините уметнички достигнувања, во 2006 година доделено и е највисокото признание од Француската влада „Витез на уметноста"

Албанско-францускиот пијанист и композитор Генц Тукиќи дипломира на Конзерваториумот во Тирана и на Школата за музика во Париз „Алфред Корто" на која предава и денес. Интернационалната пијанистичка кариера го носи во некои од најпрестижните сали во светот, а настапува и со бројни оркестри. За неговата исклучителна музикалност како и „интерпретации кои се подеднаково интелигентни како и емотивни" ја добива наградата „Нино Рота". Остварува снимки со оркестарот на операта во Тирана, оркестрите на Македонската опера, Рускиот оркестар „Чајковски", оркестрите на РТВ Албанија и РТВ Словенија. Редовно настапува со Инва Мула, а како композитор има напишано бројни дела за соло пијано, пијано и оркестар, како и неколку парафрази на оперски теми од Пучини, Верди и Офенбах. Во 2012 година го издава ЦД-то со авторски композиции инспирирано од патриотски песни за соло пијано и сопран заедно со Инва Мула со која ја компонира и оркестрира химната за Мајка Тереза.

Концертот ќе е одржи во црквата „Света Софија" со почеток од 21 часот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

МОН: И на власт и во опозиција - СДСМ поддржува и пропагира противзаконско работење

Обид за манипулација со јавноста е тврдењето на СДСМ дека а инспекциските надзори се користат за политички пресметки и разрешување на неподобни училишни директори.

МОН: И на власт и во опозиција - СДСМ поддржува и пропагира противзаконско работење

Реакција на прес конференција на политичката партија СДСМ

Обид за манипулација со јавноста е тврдењето на СДСМ дека а инспекциските надзори се користат за политички пресметки и разрешување на неподобни училишни директори. Структурата на Државниот просветен инспекторат е идентична како во времето кога тие управуваа со институцијата, но тогаш не ги спомнуваа имињата на истите инспектори кои денес се обидуваат да ги оцрнат.

Основна законска надлежност на Државниот просветен инспекторат е да спроведува редовни контроли врз работењето на образовните установи и да постапува по претставки и иницијативи на граѓани, кои пак, се распределуваат во зависност од моменталниот расположлив кадровски капацитет на институцијата. Се разбира, секаде кадешто ќе се констатираат неправилности, се преземаат соодветни мерки, а НЕВЕРОЈАТНО е како оваа политичка партија секогаш застанува во одбрана на противзаконското работење и поддржува непочитување на правниот систем.

Нерегуларности се констатирани и во работењето на средното училиште „Панче Арсовски“ кое денес беше посочено на прес конференцијата на СДСМ и секако дека и таму се постапува како што наложуваат законските прописи. Таквото постапување оваа партија го смета за политичка пресметка. Тоа го кажуваат јавно и на прес конференции и всушност пропагираат искривени вредности.

Очигледно е дека нивната болка е што конечно образованието го добива потребното внимание од една Влада. Стопиран е слободниот падот и расчистен е хаосот кој го создадоа четири министри за образование во седумгодишното владеење на СДСМ.

За две години вложени се над 70 милиони евра во образовната инфраструктура, набавени се нови наставни програми, учебници има по сите предмети и се достапни на 1 септември, унапредена е инклузивноста, системот на стипендирање ученици и студенти, донесена е нова законска регулатива усогласена со европското право. Се залагаме за воведување на концептот на едносменска ефективна настава во сите училишта кадешто е тоа возможно. Зголемени се платите на наставниците за над 20%.

По однос на училиштата во руралните средини кои сами времено се затвораат поради тоа што немаат запишани ученици, ќе ги потсетиме тоа е резултат токму на нивните погубни политики поради кои во седум години го намалија бројот на ученици за 17 илјади!

Актуелната Влада и раководството на МОН остануваат посветени кон градење квалитетен образовен систем и ниту едно лажно обвинување и обид за опструкција, нема да нé поколеба да продолжиме да го јакнеме образованието - основниот столб на севкупниот развој и работиме во интерес на најмладите и на државата во целина.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Нов обид за нелегален премин во Сеута: Уапсени 150 мигранти

Мароканската полиција пресретна и уапси околу 150 мигранти кои се обиделе да влезат во шпанската северно-африканска енклава Сеута.

Нов обид за нелегален премин во Сеута: Уапсени 150 мигранти

За време на операцијата, како што пренесуваат светските бил употребен солзавец, а на безбедносните сили им помагаа хеликоптери, беспилотни летала и полициски кучиња.

Според извештаите, најголем дел биле граѓани на земјите од подсахарска Африка, но и десетици марокански државјани.

Најновиот обид за нелегален премин на границата доаѓа две недели откако повеќе од 72.000 мигранти влегоа во Сеута, при што околу 100 луѓе загинаа во обидот да стигнат до европско тло.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Отпуштање наставници, затворање училишта и хајка против директори – образованието е под окупација од ВМРО

Додека Мицкоски беше на „научнообразовна екскурзија“ во Белгија, Јаневска дома ја спроведува своја „образовна програма“ - ги злоупотребува образовните институции за политичка пресeметка од најдолен вид.

СДСМ: Отпуштање наставници, затворање училишта и хајка против директори – образованието е под окупација од ВМРО

Наместо фокус на подобро образование – ВМРО и Јаневска создадоа хаос во образованието, се отпуштаат наставници и се затвораат како што најави над 20 подрачни училишта ширум државата.

ВМРО ОКГ ја партизираше секоја институција, па сега на ред дојдоа и директорите од училиштата.

Според информациите кои стигнаа до нас, двајца инспектори од Државниот просветен инспекторат, периодов спроведуваат хајка кон директори кои не се партиски послушници.

Прашуваме, дали едни исти двајца инспектори, Мирјана Насковска и Тони Илиев во повеќе училишта спроведуваат вонредни инспекциски надзори по претставки со слична или идентична содржина.

Дали врз директори од средни училишта се врши притисок да поднесат оставка или да се откажат од функцијата пред истекот на нивниот мандат.

Дали власта на Мицкоски врши политичка операција за чистење на кадри, неподобни директори и поставување на партиски послушници.

Дали инспекцискиот надзор е претворен во механизам за смена на неподобни директори.

Затоа ли овие двајца инспектори се појавуваат во речиси сите инспекциски надзори, а истовремено се и кадровски унапредувани и или наградувани.

Очигледно Наскова и Илиев се „инспектори од доверба“ на ВМРО, за специјална намена. Инспектори кои се користат за однапред зададена политичка задача.

Ваква постапка за притсок и смена на неподобни директори се одвива и во средното училиште во Скопје „Панче Арсовски“, каде што постапуваат токму овие двајца инспектори.

Истовремено, веќе има директори кои ги оспориле решенијата за разрешување.

Дел од постапките се пред второстепени органи, а има и случаи во кои Управниот суд интервенирал и ја вратил постапката на повторно одлучување, како и случаи со мериторни одлуки во корист на разрешени директори.

СДСМ не е против инспекцискиот надзор, но се противи да биде злоупотребен овој механизам како средство за реваншизам и поставување на партиски подобни директори.

Го повикуваме Државниот просветен инспекторат веднаш да ја запре оваа политичка операција за елиминација на неподобни директори.

Јавно да одговори: зошто едни исти инспектори се појавуваат во повеќе вакви постапки?

Бараме проверка на постапувањето на инспекторите, на критериумите за нивните кадровски унапредувања или дополнителните надоместоци, на начинот на распределба на предметите и наводите за притисоци врз директори.

Партиските интереси и канџи мора да се тргнат од образованието. Тоа требало да го види Мицкоски на научната екскурзија во Бриж.

Училиштата не се партиски штабови. Директорите не се партиски послушници.

Затоа македонското образование со ВМРО-ОКГ тоне.

Државниот просветен инспекторат треба да биде чувар на законите, а не чувар на партиските интереси и политички инструмент на власта на ВМРО.

Прес-конференција на СДСМ, Јованче Манасков – Комисија за образование

YouTube video

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер