На Исар–Марвинци е откриен монументален комплекс на римска бања со зачуван систем за загревање (ВИДЕО)
1На Исар–Марвинци е откриен монументален комплекс на римска бања со зачуван систем за загревање (ВИДЕО)
3Зајкова: Муралот „Жена Феникс“ е приказна за илјадници жени кои создаваат, се грижат, се жртвуваат и се борат
КултураКонцерт на хорот „Менада“ и групна изложба - први настани во македонскиот КИЦ во БелградКонцерт на Mакедонскиот женски младински хор „Менада“ од Тетово и групна изложба насловена „Два конца парај“ утревечер се првите настани кои ќе бидат организирани во македонскиот Културно-информативниот центар во Белград. КИЦ Белград е сместен на улица „Македонска“ 30 и неговото официјално отворање се планира за во мај. Mакедонскиот женски младински хор „Менада“ од Тетово ќе одржи концерт утревечер во 19 часот. Педводен од маестро Ивица Зориќ, хорот ќе се претстави со 50-минутна музичка програма, која во најголем дел ќе содржи духовна музика, а ќе бидат исполнети и неколку македонски евергрин композиции. Хорот „Менада“ во своето 44-годишно постоење има исполнувано преку 500 ренесансни, класични и современи дела, како и дела од македонската народна музика, духовни песни и евергрин композиции. Диригентот Зориќ има организирано повеќе од 1000 концерти на класична музика, а за својата долгогодишна успешна работа е наградуван со врвни државни награди. Покрај концертот на хорот „Менада“, утревечер во КИЦ Белград ќе биде отворена и групна изложба со наслов „Два конца парај“, на која ќе бидат претставени дела од 24 уметници, кои, како што информира организаторот на настанот, „се своевиден мост на поврзување и пријателство помеѓу македонската и српската ликовна уметност и култура.“ -КИЦ Белград во соработка со Друштвото на ликовни уметници „Македонци во Србија“, Галеријата „M“ и „Нушиќ Фондацијата“, избраа 50 дела од сите генерации уметници, кои во најголем дел од својот животен век твореле во Белград и во Србија, наведува КИЦ Белград во најавата за утрешниот настан.Тагови: хор „Менада“ КИЦ Белград Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиНа коалициска средба ќе се пеглаат разликите во владата околу полагањето на Правосудниот испит15:00Скопје го одбележува Денот на ослободувањето – 13 Ноември08:49По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00Продолжението на надзорната расправа во Собранието за АЛТА банка ќе биде дополнително утврдено 08:32Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20
По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00
Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20
КултураНа Исар–Марвинци е откриен монументален комплекс на римска бања со зачуван систем за загревање (ВИДЕО)Археолошките истражувања на локалитетот Исар–Марвинци кај Валандово во 2026 година донесоа исклучителни откритија, кои отвораат нови сознанија за урбаниот развој и секојдневниот живот во античкиот град.Во рамките на истражувањата на комплексот на јавната римска бања, откриен е монументален базен со димензии поголеми од 4,5 × 2,5 метри и длабочина над 1,5 метри, обложен со повеќе од осум различни видови мермер. Особено значајно е откривањето на исклучително добро зачуваниот систем за загревање под базенот, кој функционирал преку посебна печка и циркулација на топол воздух. Комплексот е поврзан и со градската цистерна, а се наоѓа на длабочина од околу седум метри под денешната површина. Покрај монументалната архитектура, откриени се и значајни движни наоди: сребрена монета на Ихнајците (500–480 г. пр. н. е.), бронзени монети од хеленистичкиот и римскиот период, мермерна биста со претстава на воен командант, фрагменти од скулптури и епиграфски споменик од син мермер со посветен натпис. Овие откритија сведочат за развиената јавна инфраструктура, економската моќ и значењето на античкиот град, а овозможуваат и нови сознанија за неговиот урбан и општествен живот. Истражувањето на комплексот ќе продолжи во 2027 година, во рамките на Годишната програма на Министерството за култура и туризам. Со истражувањата раководеше кустос-советник Јане Клековски, а во стручниот тим учествуваа Игор Ширтовски, Сања Битрак, Андриана Петковска, Стефан Трајковски, Васил Николовски, Елена Рафајловска и Славица Бабамова. Националниот археолошки музеј изразува благодарност за поддршката и соработката на Министерството за култура и туризам, Управата за заштита на културното наследство, НУ Завод и музеј – Струмица и Општина Валандово, објавија на ФБ од Националниот археолошки музеј. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиНа коалициска средба ќе се пеглаат разликите во владата околу полагањето на Правосудниот испит15:00Скопје го одбележува Денот на ослободувањето – 13 Ноември08:49По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00Продолжението на надзорната расправа во Собранието за АЛТА банка ќе биде дополнително утврдено 08:32Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20
По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00
Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20
ЕвропаВо недела во Брисел почнува форум за проширување на ЕУ- „ Поширока Европа, посилна Европа“ Дводневниот форум за проширување на ЕУ „Поширока Европа - Посилна Европа“ ќе започне во недела, 15 ноември во Брисел.Дводневниот форум за проширување на ЕУ „Поширока Европа - Посилна Европа“ ќе започне во недела, 15 ноември во Брисел, и ќе ги собере политичките лидери, претставниците на граѓанското општество, експертите за јавни политики од ЕУ и земјите-кандидатки за да разговараат за самиот процес, како и за безбедноста на Европа. Форумот е клучен собир за донесувачите на одлуки од ЕУ и земјите-партнери, како и за водечките општествени актери, а неговата цел е да се разговара за идниот пат на Унијата и нејзиното членство, според веб-страницата на ЕК. На форумот ќе се дискутира и за перспективите за проширување на ЕУ во светлината на актуелните геополитички предизвици и тектонски промени, давајќи им поттик на сите вклучени страни да продолжат по курсот што го започнале и дополнително да го забрзаат овој процес. Конференцијата се отвора во недела во 18 часот со концерт на Марко Хатлак, Капобанд и Младинскиот оркестар на Западен Балкан, а официјалниот дел од конференцијата ќе се одржи во понеделник, кога на неколку панели ќе се дискутира за проширувањето и безбедноста, ставовите на локалните самоуправи и граѓанските општества за проширувањето, новите пазари, реформите и други важни теми. Домаќин на настанот, кој се одржува по втор пат, е европската комесарка за проширување Марта Кос, а меѓу најавените учесници се претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен, претседателот на Европскиот совет Антонио Кошта, европскиот комесар за одбрана и вселена Андриус Кубилиус, европскиот комесар за економија и продуктивност Валдис Домбровскис и други.Тагови: Европа Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЗајкова: Муралот „Жена Феникс“ е приказна за илјадници жени кои создаваат, се грижат, се жртвуваат и се борат„Денес пред нас не стои само мурал. Пред нас стои приказната за илјадници жени. За жената која работи, создава, се грижи, се жртвува, се бори.“„Денес пред нас не стои само мурал. Пред нас стои приказната за илјадници жени. За жената која работи, создава, се грижи, се жртвува, се бори. За мајката која и кога нема сила за себе, наоѓа сила за своите деца. Но и за жената која зад затворени врати преживува страв, закани и насилство, а сепак не престанува да сонува за слобода“, изјави претседателката на ЛДП и пратеничка во Собранието, Моника Зајкова на промоцијата на муралот „Жена Феникс“, по повод 50-годишнината на Општина Центар. Муралот „Жена Феникс“ е авторско дело на Драган Китановски-Драш, Миро Грчев-Микс и Марјан Димиќ-Мачка и го симболизира митолошкото повторно раѓање и издигнување од пепелта. „Јас сакам денес да испратам една поинаква порака: Жената не треба прво да изгори за општеството да ја препознае нејзината сила! Овој мурал нека биде потсетник дека зад секоја жена стои приказна што заслужува почит, достоинство и еднакви можности“, додава Зајкова. Наша задача, според Зајкова, не е само да им се восхитуваме на жените што успеале повторно да се издигнат, туку да изградиме општество во кое ниту една жена нема да мора сама да поминува низ огнот. „Затоа што на жените не им требаат само крилја за повторно да полетаат. Нив им треба слобода, сигурност и држава што ќе ги заштити“, заклучува Зајкова. Либерално-демократска партијаКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиНа коалициска средба ќе се пеглаат разликите во владата околу полагањето на Правосудниот испит15:00Скопје го одбележува Денот на ослободувањето – 13 Ноември08:49По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00Продолжението на надзорната расправа во Собранието за АЛТА банка ќе биде дополнително утврдено 08:32Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20
По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00
Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20