КултураКонцерт на гудачкиот квартет „Атака“ на 48. Денови на македонска музикаВо рамки на 48-то издание на фестивалот „Денови на македонска музика“, вечер од 20 часот во Музејот на македонската борба концерт ќе одржи Гудачкиот квартет „Атака“.Како што соопшти Сојузот на композиторите на Македонија (СОКОМ), на програмата се дела од Лука Јанкулоски, Бојана Петровиќ Алексова, Ана Пандевска и Стефан Гајдов. Гудачки квартет „Атака“ е формиран во 2022 година. Составот го сочинуваат Ева Богоевска и Марија Трајковска (виолини), Илза Бафтиари (виола) и Маја Михајловска (виолончело). -Музичарки со веќе значајно искуство како солистки и како членки на различни оркестри и камерни состави, со образование стекнато под менторство на реномирани професори во земјата и странство. Формиран пред три години, „Атака“ за краток период се наметна како еден од најактивните млади камерни ансамбли на домашната сцена, соопшти организаторот. [Во рамки на 48-то издание на фестивалот „Денови на македонска музика“, Сојузот на композиторите на Македонија вечер од 20 часот во Музејот на македонската борба ќе организира Концерт на млади] СОКОМ посочува и дека од основањето, квартетот „Атака“ „развива јасна програмска ориентација кон современото македонско творештво“. -Нивните настапи на фестивалот „Денови на македонска музика“ ги истакнуваат како сигурни интерпретатори на камерните дела на македонски композитори од повеќе генерации – од Драгослав Ортаков и Ристо Аврамовски до Јана Андреевска, Валентина Велковска Трајановска и Филип Иванов. Со ваквата активност квартетот се профилира како значаен промотор и афирматор на националниот современ камерен репертоар, се наведува во соопштенето. Влезот на концертот е слободен за посетители.Тагови: Денови на македонска музика Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиТошковски: Во план се законски измени за управување со електричните тротинети11:18Маленко: Груевски за Унгарија не избега од дома, туку од Охрид15:00Продолжува судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“09:00Филипче: Социјалдемократија не ја мери државата по висината на говорницата, туку по квалитетот на живот18:16СДСМ го одржува 32. конгрес - на дневен ред новата идеолошка платформа и програмската рамка15:48
Филипче: Социјалдемократија не ја мери државата по висината на говорницата, туку по квалитетот на живот18:16
МакедонијаАпелација му потврди 1 година затвор на Стевчо Јакимовски за бесправно градење Скопскиот апелационен суд делумно ја потврди пресудата против екс градоначалникот на Карпош Стевчо Јакимовски, поврзана со изградба на општинската зграда во Карпош.Второ степениот суд, постапувајќи по жалба на обвинетите и на надлежниот јавен обвинител донел пресуда според која, пресудата против Јакимовски за кривичното дело – бесправно градење за кое дело му е утврдена казна затвор во траење од 1 година се потврдува, а во изречената казна затвор му се засметува и времето минато во куќен притвор од 19 март до 15 август 2019 година. Во однос на кривичното дело – злоупотреба на службена положба и овластување жалбата на обвинетиот е уважена и предметот, само во тој дел се враќа на повторно судење. Во однос на ова кривично дело, со оглед да истото е сторено во период од 2011 година до 2017 – та година, предвидената казна е од три до пет години, па согласно одредбите за застарување истото би застарело во 2027 – ма година, соопштија од кривичниот суд во Скопје.Тагови: Стевче Јакимовски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаГрадоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, избран за претставник во АРЛЕМАРЛЕМ функционира во рамки на Комитетот на регионите на Европската Унија и претставува значајна платформа за дијалог, соработка и размена на искуства меѓу локалните власти.Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, е избран за претставник на ЗЕЛС во АРЛЕМ – Евро-медитеранското регионално и локално собрание, кое ги обединува локалните и регионалните власти од земјите членки на Европската Унија и медитеранскиот регион. АРЛЕМ функционира во рамки на Комитетот на регионите на Европската Унија и претставува значајна платформа за дијалог, соработка и размена на искуства меѓу локалните власти. Во рамки на своите активности како претставник во ова тело, градоначалникот Георгиевски присуствуваше на 12. состанок на АРЛЕМ, што се одржа во Брисел. На состанокот беа разгледани актуелни теми поврзани со локалниот и регионалниот развој, одржливите политики, економската соработка и зајакнувањето на улогата на локалните самоуправи во евро-медитеранскиот простор. Изборот на градоначалникот Георгиевски претставува значајно признание за неговата посветеност во унапредувањето на локалната самоуправа и отвора нови можности за Општина Илинден за вклучување во европски и меѓународни иницијативи, размена на искуства и воспоставување партнерства со општини и региони од поширокото евро-медитеранско подрачје. Со активно учество во вакви меѓународни мрежи, Општина Илинден продолжува да го зацврстува својот углед како современа, развиена и европска општина насочена кон создавање подобри услови и нови перспективи за своите граѓани. Општина ИлинденТагови: Општина Илинден Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаКавадарци и украинската Лвивска област ги здружуваат економските силиНови бизнис хоризонти, Кавадарци и украинската Лвивска област ги здружуваат економските сили.Денес во просториите на Општина Кавадарци се одржа Украинско-македонски форум во рамките на бизнис мисијата на Лвивската област од Украина во Република Македонија. На форумот присуствуваа амбасадорката на Украина во Република Македонија, Лариса Дир, градоначалникот на Општина Кавадарци, Митко Јанчев, претставници на Амбасадата на Украина, како и делегација од Лвивската област предводена од началникот на Лвивската областна воена администрација. Свое учество зедоа и претставници на украински компании и компании од Кавадарци, кои преку презентации ги претставија своите капацитети, производствени потенцијали и можности за воспоставување нови деловни партнерства. Во духот на меѓусебното разбирање и заедничката определба за продлабочување на соработката, на форумот беше потпишан Меморандум за разбирање помеѓу Општина Кавадарци и Лвивската областна воена администрација. Документот претставува значаен чекор кон унапредување на регионалната и економската соработка, размена на искуства и создавање услови за реализација на заеднички иницијативи и проекти од взаемен интерес. По завршувањето на официјалниот дел од форумот, предвидени се и директни Б2Б средби помеѓу претставниците на украинските и македонските компании. Овие средби ќе овозможат продлабочување на деловните контакти, размена на конкретни идеи и иницијативи, како и разгледување на можностите за воспоставување долгорочна соработка, нови инвестиции и заеднички настап на домашните и меѓународните пазари. Кавадарци и понатаму останува посветен на градењето силни меѓународни партнерства, отворањето нови можности за локалната бизнис заедница и јакнењето на економските врски кои придонесуваат за одржлив развој и просперитет на заедницата. Тагови: Митко Јанчев Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook