2Скопје станува европски центар на танцот: Официјално најавено „IDO European dance championship 2026“
КултураКонцерт на Градскиот дувачки оркестар по повод 23 ОктомвриГрадскиот дувачки оркестар, по повод празникот 23 Октомври - Денот на македонската револуционерна борба, денеска ќе одржи парадно дефиле низ улиците на Скопје со познатите таканаречени „Чекорници“.Оркестарот ќе тргне од Музејот на Град Скопје и свирејќи ќе се движи по улицата „Македонија“, се до градскиот плоштад. На оваа музичка променада, ќе бидат изведени „Младинска чекорница“, „Вардаре македонски“, „Патриотска чекорница“, „Дикси парада“, „Вашингтон пост марш“, „Трета македонска бригада“, „Огномет на слободата“, „Во спомен на Ваташа“, „Работнички“ и „За сите деца“. Концертот е во организација на Град Скопје и Младинскиот културен центар. /МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиТрамп потпиша закон насочен против руската нафта, гас и поддржувачите на Москва09:10Бајрами спроведен во суд: Не се чувствувам виновен за скандалот во Лотарија18:11Бајрами спроведен во суд: Не се чувствувам виновен за скандалот во Лотарија15:16Продолжува судењето за „Државна Лотарија“, поранешниот директор Бајрами на обвинителна клупа08:24Мицкоски пред Атлантскиот совет: Треба да се применува пристап заснован на заслуги, но не е така во нашиот случај 17:29
Мицкоски пред Атлантскиот совет: Треба да се применува пристап заснован на заслуги, но не е така во нашиот случај 17:29
МакедонијаСтоматолог од Тетово пријавен за сексуално вознемирување од млада пациентка 23-годишна девојка од Тетово пријавила во полиција дека била сексуално вознемирувана од стоматолог во приватна ординација во градот.Според пријавата, на 14 и 18 септември 2026 година, додека пациентката престојувала во ординацијата за медицинска интервенција, стоматологот наводно ја вознемирувал. Случајот, според пријавеното, продолжил и надвор од ординацијата. Девојката навела дека стоматологот подоцна преку мобилна апликација ѝ испраќал пораки со несоодветна содржина. Настанот бил пријавен синоќа во 22:40 часот во СВР Тетово. Од полицијата информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување и документирање на случајот. Тагови: Полиција Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ФудбалЈамал за односот со Бускетс: „Ме фати и ми одржа лекција“Бисерот на светскиот фудбал, тинејџерот на Барселона, Ламин Јамал раскажа што му се случило во Барселона кога легендарниот Серхио Бускетс го фатил и му одржал лекција што ќе ја памети.Еден од најдобрите светски фудбалери во моментов, 19 годишниот ас на Барселона, Ламин Јамал призна дека се исплашил додека ги слушал зборовите на своите соиграчи. Ламин Јамал денес е еден од најдобрите фудбалери во светот и еден од кандидатите за освојување на „Златната топка“. Неговиот талент е неспорен, тој игра одлично и за Барселона и за шпанската репрезентација. Бележи големи успеси и со клубот и со националниот тим, но и самиот е свесен дека можеби тоа немаше да се случи доколку Серхио Бускетс не му одржал лекција на почетокот од неговата кариера. „Бев суспендиран од репрезентацијата на три недели бидејќи, како и сите деца, направив нешто многу глупаво. Денот кога отидов на првиот тренинг со сениорскиот тим, Бускетс ме фати и ме праша: 'Што направи во репрезентацијата?'. Имаше многу сериозен израз на лицето“, ја започна приказната Јамал. Тој и двајца соиграчи предизвикаа хаос во националниот тим кога имаа 15 години. Официјалната причина никогаш не е соопштена; тогаш беше објавено само дека „биле исфрлени поради недисциплина и дека таквото однесување нема да се толерира во националниот тим, без разлика за кого станува збор“. „Бев само дете и признавам дека се исплашив. Му кажав што се случило. Тој ми рече: 'Сега си во Барселона, сите знаат кој си и без разлика колку добар играч си, мораш да знаеш како да се однесуваш'.“ Ламин Јамал призна дека тој разговор со легендарниот фудбалер на Барселона многу му помогнал во кариерата. „Од тој момент, променив сè во мојот живот и целосно му се посветив на фудбалот. Престанав да излегувам. Одам на тренинг, одмарам, ја посетувам мајка ми и потоа почнувам одново. Целосно се посветив само на фудбалот. Фудбал, фудбал и фудбал“, заклучи Ламин Јамал.Тагови: БАРСЕЛОНА Ламин Јамал Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаФилипче: Земјоделците плачат, родот им скапува - власта не сака да ги слушнеПретседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, имаше средби со земјоделци во Обршани во општина Кривогаштани и во село Дебреште во општина Долнени, на кои земјоделци од различни сектори ги изнесоа проблемите со кои се соочуваат.Земјоделците на средбите алармираа дека состојбата во земјоделството е толку катастрофална, што голем дел од родот, на пример од црвената пиперка, е скапан, поради тоа што не се откупуваше на време. Земјоделците од село Обршани и околните села од општина Кривогаштани, посочија дека власта ги излажа во однос на откупот на црвената пиперка - откуп нема, пиперката им скапува, а тоа што се откупува е по понижувачка цена од 17 денари за килограм, која услови кога се поскапено не ги покрива ниту производните трошоци. Филипче на средбата им порача на земјоделците дека СДСМ ќе подготви предлог-мерки за финансиски да им се помогне на земјоделците. „Ќе поднесеме предлог-мерка за интервентен откуп и загарантирана соодветна цена од 30 денари за килограм за тие количини црвена пиперка што не се откупени, а за тие земјоделци на кои што пиперката поради тоа што нема откуп веќе им е скапана и уништена, да се обезбеди обештетување“, рече Филипче. Во селото Дебреште, земјоделците го отворија прашањето за штетите од невремето што се случи летово и потребата од обештетување на погодените тутунопроизводители, особено тутунот во Дебреште каде што штетите се стопроцентни, а исто така огромни штети од невремето имаше и во селата Заполжани, Новоселани, Ропотово, и дел од Пешталево. Филипче на средбата најави дека пратеничката група на СДСМ, согласно барањата и предлозите на земјоделците во најкус рок во Собранието ќе поднесе предлог-мерки за финансиска поддршка, со цел да им се помогне на земјоделците. „Ние сме подготвени да поднесеме предлог-закон во Собранието, за да им се помогне на земјоделците, во овие тешки времиња. Земјоделците бараат помош, бараат решение и бараат некој да ги слушне, но оваа власт упорно ги игнорира и ги остава сами да се справуваат со проблемите со кои се соочуваат“, рече Филипче. Претседателот на СДСМ, на средбите со земјоделците предупреди дека целиот сектор пропаѓа, а власта нема слух за проблемите на земјоделците. Филипче посочи дека земјоделците од цела држава се соочуваат со исти проблеми - нема откуп, понижувачки откупни цени, намалени и неисплатени субвенции. „Во земјоделството, луѓето плачат, а никој не ги слуша. Имаме власт која што нема слух за проблемите на граѓаните и земјоделците. Лозарите не зборуваат за откупни цени. Зборуваат дека не им го откупуваат воопшто. Скапува грозјето на нива. Млекопроизводителите не зборуваат откупната цена веќе иако е мизерна, туку скапува, нема кој да го земе. Пченката, ланската, уште не е откупена. Раноградинарските култури, огромен процент пропаднаа. Сега истиот проблем ќе имаме со тутунот. Зашто? Затоа што оваа власт сè што вети се излажа. Да ја посетам 160 денари ветуваше за тутунот. Воведоа класи за да ја намалат цената. Ние целиот тутун го исплаќавме прва класа“, рече Филипче. Притоа, Филипче потсети и дека СДСМ секогаш кога имале проблем земјоделците им помагаше со интервентни мерки. И сега како опозиција поднесуваше предлози, но власта сите ги одби. „Лани, колку за илустрација, дадовме предлог да има 3 денари за откупено грозје. Го одбија законот. Им го земаа по мизерни цени. И секоја година е сè полошо. Лани за мизерни цени откупуваа, сега не го откупуваат. Млекопроизводителите ми велат знаеме дека до година ќе биде уште полошо, затоа што овие што произведуваат млечни производи имаат купено млеко во прав од странство и велат ние сега знаеме дека до година ништо нема да биде. Ќе биде дебакал. Цел сектор ќе пропадне“, рече Филипче. Скопје, 19.09.2026 СДСМТагови: Венко Филипче Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter