3Николоски на средба со Абдула Ал Себуси: Постои огромен потенцијал за унапредување на соработката со ОАЕ во авиосообраќајот,..
Претседателот на Наполи најави стадион со капацитет од 70.000 гледачи и упати остри критики кон ФИФА и УЕФА
2Претседателот на Наполи најави стадион со капацитет од 70.000 гледачи и упати остри критики кон ФИФА и УЕФА
КултураКонцерт на Филхармонијата со виолинистот Марк Бучков „Магична виолина“ Оркестарот на Националната филхармонија вечер со почеток во 20 часот ќе го одржи концертот насловен „Магична виолина“ на кој како солист ќе настапи врвниот белгиски виолинист Марк Бучков, под диригентство на маестро Сашо Татарчевски.На програмата се: увертира „Оберон“ од К.М. Вебер, Концерт за виолина и оркестар бр. 3 во Ге-дур од В.А.Моцарт и Симфонија бр. 5 „Реформациска“ во Де-дур/де-мол, оп.107 од Ф.Менделсон. Белгискиот виолинист со руско-украинско потекло, Марк Бучков, критиката го опишува како софистициран музичар со беспрекорна самоувереност, но и како еден од најмултифункционалните и уникатни уметници на новата генерација. Неговата меѓународна кариера е богата и зад себе има настапи со водечки оркестри и диригенти ширум Европа. Неговите оркестарски настапи вклучуваат соработки со Кралскиот Концертгебау оркестар и Марис Јансонс, Минхенскиот филхармониски оркестар, Симфонискиот оркестар во Хамбург, Тонхале оркестарот во Цирих, Националниот оркестар на Белгија, Националниот симфониски оркестар во Торино, Симфонискиот оркестар на Маринскиот театар, Московскиот филхармониски оркестар, Оркестарот „Џузепе Верди“ во Милано, Камерниот оркестар на фестивалот во Вербие итн., работејќи со диригенти како Кристоф Ешенбах, Валери Гергиев, Станислав Кочановски, Михаел Сандерлинг, Андреј Борејко, Дмитри Лис, Кристијан Арминг, Максим Венгеров, Џејмс Џад... Марк Бучков е редовен и во рециталните настапи настапувајќи во најпрестижните концертни сали во светот, како што се Вигмор хол, Карнеги хол, Концертгебау, Елбфилхармонија, Тонхале во Цирих, Концертхаус... Како истакнат камерен музичар, редовно учествува на фестивалот Вербие во Швајцарија. Во последните две сезони, Бучков оствари значајни настапи со Минхенската филхармонија, Бриселската филхармонија, Оркестарот на Хесенскиот радиодифузен сервис и Оркестарот на фестивалот во Вербие. Во 2021 година, беше поканет да настапи во Концертгебау во Амстердам со Холандскиот филхармониски оркестар, под диригентската палка на Лудовик Морло, за потоа да биде поканет како резидент-уметник на оркестарот за сезоната 2022/2023. Првиот албум на Марк Бучков е издаден за „Хармонија Мунди“ и вклучува две негови композиции, а доби признанија како „Diapason d’Or“ и „Diapason Découverte“, но и извонредни критики од списанието „Грамофон“. Инаку, Марк Бучков потекнува од семејство на виолинисти. Првите часови по виолина ги добил на петгодишна возраст од својот дедо. Во класата на Михаела Мартин, го развил својот талент како млад солист на постдипломски студии на Академијата „Кронберг“, а од 2018 година бил под менторство на Едвард Вулфсон. Моментно е професор на Кралскиот конзерваториум во Лиеж (Белгија) и на Меѓународната музичка академија во Лихтенштајн. Свири на виолина од Карло и Микеланџело Бергонзи од 1742/44 година, којашто му е приватно позајмена од „Edwulstrad RMIC Ltd“. Сашо Татарчевски е роден во Битола каде што завршува основно и средно музичко образование. Дипломира и магистрира на Факултетот за музичка уметност во Скопје, на катедрите за хорско и за оркестарско диригирање, а посетува и мајсторски курсеви во Њујорк, Рим, Москва, Берлин, Фиренца, Санкт Петербург и Сартеано. Настапувал со различни ансамбли вклучувајќи ги Македонската филхармонија, Оркестарот на Македонската опера и балет, Симфонискиот оркестар на ИКО – Рим, Симфонискиот оркестар на Ермитаж од Санкт Петербург, Битолскиот камерен оркестар, Битолската опера, Симфонискиот оркестар на Битолско културно лето, Солисти на ФМУ, Симфонискиот оркестар на ФМУ, ансамблите за современа музика „Алеа“ и „КонТемпора“, Мандолинскиот оркестар при МКЦ и други камерни и симфониски состави. Во моментов работи како професор на ФМУ по група предмети од областа на диригирањето и е диригент на Симфонискиот оркестар и мешаниот хор „Драган Шуплевски“, како и уметнички раководител на Женскиот младински хор при МКЦ и на професионалниот мешан хор „Про Арс“. Освен на сцените низ Македонија, вклучувајќи ги и најреномираните манифестации како Охридско лето, Скопско лето, Денови на македонска музика, Есенски музички свечености и многу други, има настапувано и освоено награди со различни ансамбли во Португалија, Словенија, Шкотска, Белгија, Грција, Швајцарија, Шпанија, Хрватска, Италија, Србија, Бугарија, Чешка, Турција, Австрија, Романија, Полска и Русија. Татарчевски е редовен член на неколку жирија на интернационални хорски натпревари, како и раководител на Меѓународниот хорски форум во Струга, наведуваат од Филхармонијата. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОЈО ГОК во тек е акција под кодно име „Филтер 2“10:24Продолжи судењето за Лотарија - Груби и Бајрами повторно на обвинителна клупа15:00Тошковски: Има големи злоупотреби со боледувањата во државниот и во приватниот сектор11:04Средба на Сиљановска-Давкова со претставници на организацијата „Обединети Македонци во Канада“08:36Мицкоски ќе се обрати во ООН во петок, денеска учествуваше на Самит на мултилатеризмот15:00
МакедонијаМВР: Расчистен случајот со објавеното видео со палење на македонското знаме на Тик-токПолицијата го расчисти случајот поврзан со видео објавено на социјалната мрежа „Тикток“, на која се гледа палење на македонското знаме, .Полицијата го расчисти случајот поврзан со видео објавено на социјалната мрежа „Тикток“, на која се гледа палење на македонското знаме, со што е сторено кривично дело „предизвикување омраза, раздор или нетрпеливост врз национална, верска и друга дискриминаторска основа“.. Станува збор за малолетно лице под 14-годишна возраст од Тетово кој го објавил овој чин на својот профил. Со согласност на родителот, за потребите на постапката и фотодокументирањето на доказите, обезбеден е мобилниот телефон од кој било поставено видеото.. Во просториите на полицијата, во присуство на родител и претставници од Центарот за социјална работа Тетово, со малолетникот е извршен службен разговор, при што тој го признал делото, а во текот на службениот разговор, малолетникот посочил уште три малолетни лица кои учествувале во настанот. Тие дополнително ќе бидат повикани во полициска станица за целосно расчистување на случајот.. По целосното документирање на предметот, до надлежното Основно јавно обвинителство Тетово ќе биде поднесен соодветен поднесок.. , информираат од МВР..Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОЈО ГОК во тек е акција под кодно име „Филтер 2“10:24Продолжи судењето за Лотарија - Груби и Бајрами повторно на обвинителна клупа15:00Тошковски: Има големи злоупотреби со боледувањата во државниот и во приватниот сектор11:04Средба на Сиљановска-Давкова со претставници на организацијата „Обединети Македонци во Канада“08:36Мицкоски ќе се обрати во ООН во петок, денеска учествуваше на Самит на мултилатеризмот15:00
Македонија„Платформата“ со конкретен план за суштински реформи во СДСМПлатформата, составена од поранешни и сегашни челници на СДСМ, следните денови ќе излезе со конкретен предлог за суштински реформи во СДСМ.На денешниот брифинг со новинарите објаснија дека планот прво ќе СДСМ му го презентираат на претседателот на партијата, Венко Филипче. Поводот е тоа што, според нив, опозициската партија не успева да дејствува обединувачки кон граѓаните кои се антивладино расположени. дополнително, не се задоволни од моменталниот рејтинг на партијата и сметаат дека ваквиот СДСМ, ако излезе на избори, ќе доживее катастрофален пораз кој може трајно да ѝ наштети на партијата и да ја спушти под егзистенцијалниот минимум. Од Платформата исто така сметаат дека владата на ВМРО-ДПМНЕ покажува едни од најслабите перформанси на една владеачка гарнитура во изминативе 35 години, без да направи прогрес на ниту едно поле. Според нив, за да може да се настапи против таквите политики на владеачката партија, потребна е силна опозиција која ќе формира и поширок опозициски фронт. Според најавите, во текот на викендот ќе објават повеќе детали околу конкретните чекори. Според Филипче постојат сомнежи дека тие луѓе се платени од власта за да ја раситнат опозицијата и уште еднаш ги повика ако сакаат да помогнат во опозициската битка дебатата да ја водат во рамките на партијата, а не со платформи надвор од неа. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОЈО ГОК во тек е акција под кодно име „Филтер 2“10:24Продолжи судењето за Лотарија - Груби и Бајрами повторно на обвинителна клупа15:00Тошковски: Има големи злоупотреби со боледувањата во државниот и во приватниот сектор11:04Средба на Сиљановска-Давкова со претставници на организацијата „Обединети Македонци во Канада“08:36Мицкоски ќе се обрати во ООН во петок, денеска учествуваше на Самит на мултилатеризмот15:00
ФудбалКлоп воведува ред и радикални промени во редовите на „Панцерите“Железната дисциплина на новиот селектор: Клоп воведува ред и радикални промени во редовите на „Панцерите“.Според медиумските извештаи, трофејниот Јирген Клоп, новиот селектор на германската фудбалска репрезентација, по преземањето на функцијата одлучил да воведе правила поврзани со дисциплината. „Билд“ пишува дека германскиот стручњак вовел строги правила, меѓу кои и забрана за користење мобилни телефони пред натпреварите, со цел играчите да останат фокусирани на теренот. Покрај тоа, сите играчи, без исклучок, мора заеднички и навреме да присуствуваат на тимските вечери. Играчите нема да можат да повикуваат фризери во хотелот, туку сите репрезентативци се должни да ги завршат тие обврски пред да се приклучат на националниот тим. За време на големите турнири, посетите од семејството ќе бидат строго ограничени и ќе се дозволуваат само во посебни случаи. Овие правила ќе стават крај на малку поопуштената атмосфера што владееше додека Јулијан Нагелсман беше селектор на „Панцерите“. Клоп сака германската репрезентација да биде целосно затворена за јавноста додека тимот е на собир. Се чини дека експертот за освојување трофеи смета оти токму недостатокот на дисциплина бил проблемот со кој се соочувале Германците во претходниот период, кога бележеле слаби резултати. Останува да се види како играчите ќе реагираат на строгите правила и дали тие ќе вродат со плод. По преземањето на тренерската функција, Клоп изјави дека сака повторно да го направи настапот за националниот тим посебен и дека неговата задача е јасна: да ја врати Германија на врвот на светскиот фудбал. Германските фудбалери ќе го одиграат својот прв натпревар во новата сезона во Лига на нации вечерва на гостински терен против Холандија, додека три дена подоцна ќе ја пречекаат Грција. Потоа, за 1 октомври е закажан натпревар против Србија во Минхен, по што тимот на Клоп ќе гостува во Грција.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook