Концерт на Филхармонијата со диригентот Томас Херцог од Швајцарија - Канал 5

Концерт на Филхармонијата со диригентот Томас Херцог од Швајцарија

Македонската филхармонија вечер од  20 часот ќе одржи концерт во рамки на 47. „Денови на македонската музика“. Оркестарот ќе го води диригентот од Швајцарија - Томас Херцог.

Концерт на Филхармонијата со диригентот Томас Херцог од Швајцарија

На програмата се „Девет минијатури за симфониски оркестар“ од Томислав Зографски, Прелудиум бр.2/ CON DELICATEZZA од Панде Шахов, „The apple t(h)ree (to the unmercenaries)“ од Дамјан Темков, а премиерно ќе бидат изведени и делата „Дијада“ бр. 2 од Јана Андреевска и „Disturbance“ од Бојана Петровиќ-Алексова.

Како што соопшти Филхармонијата, диригентот Херцог во периодот од 2014 до 2024 година бил постојан балетски диригент во Театарот Базел. Од 2019 година, често бил гостин-диригент на балетски продукции во „Семперопер“ во Дрезден и Државната опера во Будимпешта.

-Меѓу неговите неодамнешни деби настапи се вбројуваат и концертите со Шпанскиот радио оркестар РТВЕ во Мадрид, Холандскиот национален балет во Амстердам, Нирнбершкиот симфониски оркестар, Камерниот оркестар на Виртемберг во Хајлброн, Националната опера на Рајна во Стразбур и Мулуз, и Резиденцискиот оркестар во Хаг, посочува Филхармонијата.

Повеќе од 15 години Херцог соработува како редовен гостин-диригент со Филхармонијата на Виртемберг во Ројтлинген, Филхармонијата на Монтевидео и симфониските оркестри во Мишколц, Сегед и Сомбатхељ во Унгарија. Во сезоната 2024/25, Херцог ќе дебитира во Дојче Опер ам Рајн во Дизелдорф, Музичкото театар Аалто во Есен и Операта во Рим, а исто така повторно ќе настапи во Дрезден и Будимпешта во неколку уметнички продукции.

-Роден во Базел, Херцог, кој има унгарски корени, студирал ударни инструменти, композиција и диригирање. Во 1997 година, тој ја освои првата награда на натпреварот за композиција на Камерниот оркестар на Лозана. Како диригент, Херцог развива особен афинитет кон изведба на дела од шпански и француски композитори, современа музика и педагошки културни проекти. Неговиот балетски репертоар опфаќа класични ремек-дела како што се „Жизел“, „Дон Кихот“, „Лебедово езеро“ и „Оревокршачка“, како и современи танцови композиции. Како реномиран експерт, Херцог редовно добива покани за диригирање со реномирани ансамбли, како што се Радио оркестарот на Унгарија во Будимпешта, Државната филхармонија на Рајнска-Пфалц, Симфонискиот оркестар на Берн и Симфонискиот оркестар на Кипар, се наведува во соопштението.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Во пресрет на Светскиот ден на животните - Општина Кисела Вода и ЈП „Лајка“ ве канат на голем настан во паркот „Македонија“

Општина Кисела Вода и Јавното претпријатие за благосостојба на животни скитници „Лајка“ - Скопје, ги повикуваат сопствениците и љубителите на животни на настан во сабота, на 03 октомври, во паркот „Македонија“ пред Домот на култура „Билјана Беличанец“

Во пресрет на Светскиот ден на животните - Општина Кисела Вода и ЈП „Лајка“ ве канат на голем настан во паркот „Македонија“

Под мотото „Не можат да зборуваат, но можат да сакаат“, настанот се организира во пресрет на Светскиот ден на животните. Дневната програма започнува во 11:00 часот, а просторот во паркот ќе претставува интерактивна зона за посетителите и милениците. Присутните ќе можат да добијат стручни совети од ветеринарен лекар за здравствената грижа и исхраната, додека професионални грумери ќе одржат практични демонстрации, консултации и шишање на кучиња. Во рамките на настанот предвидени се и содржини од пет-шопови, презентации на храна и реквизити. Исто така, сите заинтересирани граѓани ќе имаат можност на лице место да вдомат бездомни кучиња од стационарот на „Лајка“. Продолжението на програмата следува во вечерните часови, со почеток во 19:00 часот, на истата локација пред киното „Киноверзум“.

Таму ќе се одржи кино проекција на отворено на филмот „Приказната за Силјан“, настан на кој граѓаните можат да присуствуваат во друштво на своите миленичиња.

Општина Кисела Вода

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ристовски на средба со претседателот на Судиската комисија на ЦЕВ, Ди Џакомо

Поддршка за развојот на одбојката и унапредување на судиските стандарди.

Ристовски на средба со претседателот на Судиската комисија на ЦЕВ, Ди Џакомо

Министерот за спорт, Борко Ристовски, денеска оствари средба со претседателот на Судиска комисија на Европската одбојкарска конфедерација (ЦЕВ), Артуро Ди Џакомо, кој в сабота во Скопје, ќе биде специјален гостин – предавач на Семинарот за судии и делегати во организација на Судиската организација при Одбојкарската федерација на Македонија (ОФМ).

Покрај Ди Џакомо на средбата присуствуваа и генералниот секретар на ОФМ, Филип Деспотовски, како и претседателот на СО при ОФМ, Влатко Ристовски и членот на ПСО, Јосип Христов.

„Европските искуства и знаења се важен придонес за развојот на македонската одбојка и унапредувањето на професионалните стандарди. Континуираната едукација на судиите и делегатите е од големо значење за поквалитетни натпреварувања и усогласување со европските стандарди. Министерството за спорт останува посветено на поддршката на иницијативите што придонесуваат за развој на одбојката, унапредување на стручниот кадар и размена на знаења и искуства со европските спортски институции“ - истакна министерот Борко Ристовски.

Како прв човек на Европската судиска комисија, Артуро Ди Џакомо в сабота, во хотелот „Холидеј Ин“ во Скопје ќе одржи предавања за новите официјални правила на одбојката, кои беа тестирани во текот на летото, а ќе започнат да се имплементираат во новата натпреварувачка сезона.

Министерство за спорт

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски: Инфлацијата е под европскиот просек, можен е уште еден ребаланс до крајот на годината

Намалените приходи од акцизите и данокот на додадена вредност може да бидат причина за уште еден ребаланс на буџетот до крајот на годинава, најави премиерот Мицкоски.

Мицкоски: Инфлацијата е под европскиот просек, можен е уште еден ребаланс до крајот на годината

Според владините пресметки во буџетот може да недостигаат меѓу 6 и 7 милијарди денари, пред се поради намалените акцизи и ДДВ-то за горивата.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер