КултураКонцерт на Филхармонија со Кристијан Рајф и Афродити ПатулидуВо четврток, со почеток во 20 часот оркестарот на Македонска филхармонија ќе го одржи концертот насловен „Одисеја“ на која ќе бидат изведени дела од скандинавските композитори Едвард Григ и Јан Сибелиус. Диригент е Кристијан Рајф од Германија, а како солистка ќе настапи Афродити Патулиду од Грција. Германскиот диригент Кристијан Рајф е новоименуван шеф-диригент на Симфонискиот оркестар во Гавле, Шведска, позиција на којашто ќе остане до сезоната 2025/26. Во изминатиов период, Рајф воспостави висока репутација на светските сцени, особено поради неговата природна музикалност, иновативност и висока техничка прецизност во водењето на оркестрите. Со Гавле оркестарот, покрај тековната програма, ќе ја предводи и турнејата во Шведска, во март 2024. Од 2022 година, Рајф беше на функцијата музички директор на фестивалот во Минесота „Lakes Area“, кој е посветен на нарачка на нови дела од областа на камерната музика, како и од оперскиот и симфонискиот репертоар. Најистакнатите моменти од сезоната 2023/24 вклучуваат и негови настапи со Симфонискиот оркестар на Синсинати, Симфонијата на Сент Луис, Симфонијата на Сиетл, Симфонијата на Милвоки, Шведскиот радио-симфониски оркестар, Филхармонискиот оркестар на Брно, како и настапот на летниот музички фестивал „Grand Teton“. Мошне значаен е неговиот настап како диригент на грандиозното дело на славниот композитор Џон Адамс – „Ел Нињо“ (опера-ораториум), за кое направи свој аранжман, а кое ќе го изведува со Симфонијата Синсинати, како и со Американската модерна оперска компанија, на турнеја низ САД. Рајф беше постојан диригент на Симфонијата на Сан Франциско, како и музички директор на тамошниот младински оркестар. Студирал со Алан Гилберт на „Џулијард“ и со Денис Расел Дејвис во „Моцартеум“ во Салцбург. Добитник е на повеќе значајни награди за диригирање. Сопранот Афродити Патулиду, родена во Солун, Грција, се смета за една од најинтересните пејачки ѕвезди во подем. Таа е и текстописец и фотограф, но негува и огромна страст кон сликарството и поезијата. Настапува во театри како Државната опера во Берлин, Кралскиот театар во Мадрид, Грчката национална опера, во концертни сали како Берлинската филхармонија или„Концертгебау“ во Амстердам. Нејзините улоги на Ана Трулова во „Животот на развратникот“ од Игор Стравински, Ел во „Човечкиот глас“ на Франсис Пуланк,Сузана во „Свадбата на Фигаро“ од Моцарт, Белинда во „Дидо и Енеј“ од Хенри Персл, Софи Шол во „Бела роза“ од Удо Цимерман, се мошне позитивно оценети од меѓународната критика. Соработувала со врвни диригенти како Барбара Ханиган, Кирил Петренко, Мануел Наври, Тито Чекерини... Патулиду беше една од првите уметници којашто зема учество во „Еквилибриум“ – Иницијативата за млади уметници на Барбара Ханиган. Таа гостува и во познатата компанија на германската кореографка и танчарка Саша Валц, а беше и главен вокал во хеви метал бендот „Игоррр“. Како композиторка, пишува во различни музички манири и жанрови. Живее во Берлин, а студирала на Универзитетот „Македонија“ во Солун, потоа на Кралскиот фламански конзерваториум во Брисел, како и на Универзитетот за уметности во Берлин. Исто така, учела и народно пеење, а свири пијано, гитара и никелхарфа. Добитничка е на повеќе значајни стипендии.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ХороскопДневен хороскоп за 5. октомври 2026 година Дневен хороскоп за понеделник, 5. октомври 2026 година. Вага 24.9.-23.10. Љубов Малите игрички со кои сакате да потврдите што е , а што не е важно во приватниот живот , ќе ви биде главна преокупација. Кариера Не сонувате за нешто нереално , но очекувате повеќе да бидете фокусирани на своите соништа . Имате право на нив. Здравје Мала кашлица. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Ќе и одолеете на секоја провокација и ќе најдете мир во приватните односи. Ќе почувствувате олеснување и намалување на напнатоста. Кариера Оние кои се занимаваат со истражувачки професии , денеска би можеле да го добијат успехот што долго го посакуваат. Здравје Конечно имате позитивен став. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Ако се обидете по секоја цена да го зацврстите својот однос , денеска нема да успеете. Препуштете и се на сегашноста и уживајте во неа. Кариера При смислувањето нова работна стратегија , ви паѓа на памет идеја дека не сте доволно платени . Здравје Немојте да бидете алчни . Јарец 22.12.-20.1. Љубов Ќе посакате чувствата да ги изразите или да ги доверите на некој кој е вмешан во вашата љубовна приказна. Во тоа ќе бидете упорни. Кариера Денеска ќе ви изгледа како она што го работите да не е доволно стабилно или една ситница ќе ве натера да мислите дека ништо не е сигурно. Здравје Посетете стоматолог. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Додека вие го расположувате , партнерот се лути. Ќе мора да го утешите со својата смисла за хумор и со топлина. Кариера Важно е да гледате каде одите.Вашиот пат секогаш е долг и далечен. така ви се чини и до утрешниот работен ден. Здравје Разведрете ги другите со хумор. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Вашето љубовно небо е отворено за поквалитетни интимни односи. Ќе ви признаат дека сепак ве сакаат. Тоа е добро. Кариера Некои ваши непријатели конечно ќе ве остават на мир. Ќе работите поорганизирано , ќе ви биде попријатно , а нема да изостанат ниту резултатите. Здравје Зголемена енергија. Овен 21.3-20.4. Љубов Тешко ќе наоѓате рамнотежа во приватните односи. Повлечете се , смирете се и бидете трпеливи и реални. Кариера Вашите деловни желби ќе бидат едно , а реалните можности нешто друго. Сепак ако почнете да го работите она што најдобро го знаете , резултатите ќе ве расположат. Здравје Емотивни фрустрации. Бик 21.4- 20.5. Љубов Ќе направите куса пауза од љубовните очекувања и тоа ќе биде добро. Но , ниту самите нема денеска да најдете душевен мир. Кариера Попладне ќе добиете информација дека еден извор на пари е прекинат или дека е откажана работата што би ги донела. Немојте да тагувате. Здравје Поработете на методите за релаксација. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Додека вие сакате со цела сила , расте нетрпението кај вас.Ќе мора малку подобро да се контролирате и се ќе биде добро. Кариера Почнуваат нови притисоци на работното место и вие ќе мора со тоа да се соочите. Нема веќе одложување на роковите. Здравје Најдете пет минути за пауза. Рак 22.6-22.7. Љубов Веќе не се плашите од своите тајни или криење на чувствата. Добивате нов полет и на конструктивен начин им приоѓате на односите. Кариера Почнуваат да се редат некои коцки во ваша корист и тоа ве радува. Работите со повеќе волја и сте повеќе продуктивни. Здравје Во секој случај, следува подобрување. Лав 23.7-22.8. Љубов Веројатно доста ќе се движите меѓу луѓе и така ќе доаѓате до нови контакти. Можно е убаво патување или излет. Кариера Нема многу да се грижите за утре. Вашите деловни амбиции се веќе сосема јасни , а вие вредно работите за да ги остварите. Здравје Излезете на свеж воздух. Девица 23.8.-23.9. Љубов Може да очекувате уште еден ден во кој ќе има контакти и можности за дружење. Ќе ви биде пријатно и убаво. Кариера Ново или старо , тоа ќе биде дилемата што полека ќе ја решавате во вашата глава пред понеделник . Како и да е , не ви е лошо. Здравје Забавувајте се.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаПанче Тошковски на „Кавга со Иван“Вечерва, во оригиналното шоу „На кавга со Иван“ ќе гостува Панче Тошковски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаБилјана Ивановска, Звонко Давидовиќ и Петар Богојески во „Само вистини со Александар“Вечерва во „Само вистини со Александар“ гости ќе бидат Билјана Ивановска, Звонко Давидовиќ и Петар БогојескиКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook