Концерт на електроакустична музика со дела на композиторката Ана Пандевска - Канал 5

Концерт на електроакустична музика со дела на композиторката Ана Пандевска

Во Музејот на град Скопје вечер од 20 часот ќе се одржи концерт на електроакустична музика со дела од младата и афирмирана композиторка Ана Пандевска.

Концерт на електроакустична музика со дела на композиторката Ана Пандевска
На програмата се дела за пијано, гитара, хорна и четирирачно пијано и трака, меѓу кои „Landscape Atmosphere“, „Life in a box“, „Echo Illusions”, „The space time traveler“…

На концертот ќе настапат пијанистите Дуња Иванова и Ива Виденовиќ, гитаристот Ади Имери и Никола Велковски на хорна.
Ана Пандевска дипломирала на Факултетот за музичка уметност во Скопје, на одделот за композиција. Нејзин интерес и инспирација во дел од нејзините композиции се вокалната музика, фолклорот и џезот.

Авторка е на солистички, камерни, хорски и симфониски композиции. Во последните неколку години истражува во областа на електроакустичната музика. Како редовен член на СОКОМ, Пандевска е добитник на три награди за класична композиција.

Нејзините дела редовно се изведуваат на фестивалот Денови на македонска музика, како и на концерти во САД, Србија, Словенија, Босна и Херцеговина и во Македонија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Трамп: „Гласањето во Америка е корумпирано“

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, денес изјави дека гласањето во САД е корумпирано, особено кога брзината на утврдување на резултатите ќе се спореди со онаа во Бразил.

Трамп: „Гласањето во Америка е корумпирано“

„125 милиони луѓе гласаа во првиот круг од претседателските избори во Бразил. Резултатите беа објавени кратко по затворањето на избирачките места – истиот ден“, напиша Трамп во објава на својата социјална мрежа „Трут“ (Truth).

„Во Детроит, Филаделфија, Калифорнија и во бројни други американски градови и сојузни држави, честопати се потребни недели за да се утврдат резултатите – односно да се пребројат – иако станува збор за значително помал број гласови.

Гласањето во Америка е корумпирано“, додаде американскиот претседател.

Десничарскиот кандидат на претседателските избори во Бразил, Флавио Болсонаро, и поранешниот претседател од левицата, Луис Инасио Лула да Силва, се пласираа во вториот круг од претседателските избори во Бразил, кој ќе се одржи на 25 октомври.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Видео: Магијата на Никола Јокиќ – феноменална асистенција од агол во агол

Кошаркарите на Денвер Нагетс синоќа загубија од Јута Џез со резултат 109:97 во натпревар од предсезоната во НБА. 

Видео: Магијата на Никола Јокиќ – феноменална асистенција од агол во агол

Еден од најдобрите светски кошаркари во последните пет години, центарот на Денвер, Никола Јокиќ, одигра само 14 минути и забележа 3 поени, 3 скока и 7 асистенции, но за една од нив особено се зборува.

Додавањето преку целата одбрана е потег што Јокиќ го изведува речиси совршено, а овојпат се надмина себеси.

Тој упати додавање зад грб низ тројца одбранбени играчи поставени на основната линија и го пронајде осамениот Камерон Џонсон во десниот агол за шут за три поени.

Магија. Едноставно кажано.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

САД ги повлекоа сите свои бомбардери од британската воена база каде се случи инцидентот што го истражува полицијата

САД ги повлекоа сите свои бомбардери од Раф Ферфорд, британската воена база каде се случи инцидентот  што го истражува полицијата за борба против тероризмот.

САД ги повлекоа сите свои бомбардери од британската воена база каде се случи инцидентот што го истражува полицијата

Во соопштението од официјален претставник на Пентагон се потврдува дека вчера ги отстраниле своите бомбардери - за кои се смета дека се околу десетина, од базата назад кон нивните матични станици во Америка.САД не наведоа причина за повлекувањето, но тоа следува по големиот инцидент на 27 септември кога полицијата беше предупредена за три „сомнителни возила“ во близина на воздухопловната база.

Петмина мажи првично беа уапсени под сомнение за терористички дела во близина на базата, а потоа ослободени со кауција. Шестиот маж, британски државјанин со иранско државјанство, исто така беше подоцна уапсен и ослободен со кауција.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер