Концерт на Дуња Иванова - плато пред Општина Центар - Канал 5

Концерт на Дуња Иванова - плато пред Општина Центар

Во рамки на програмата за култура на Општина Центар, на 29 април (среда) пијанистката Дуња Иванова ќе одржи концерт под отворено небо со почеток во 19 часот на скверот „За убави маалски дружби“.

Концерт на Дуња Иванова - плато пред Општина Центар

Сквер „За убави маалски дружби“ (плато пред Општина Центар)

Во рамки на програмата за култура на Општина Центар, на 29 април (среда) пијанистката Дуња Иванова ќе одржи концерт под отворено небо со почеток во 19 часот на скверот „За убави маалски дружби“.

Концертот носи внимателно селектирана програма составена од дела на минималистички и современи, исклучително значајни автори меѓу кои Лудовико Еинауди, Рјуичи Сакамото, Давид Федел, Ханиа Рани... Преку суптилна експресија, повторливи структури и длабока емотивност, оваа музика нуди поинакво доживување – простор за внатрешен мир, фокус и поврзување со моментот.

Настанот има за цел да ја доближи современата класична музика до пошироката публика и да создаде интимна атмосфера во урбан простор, каде уметноста станува дел од секојдневието.

Дуња Иванова е родена во Скопје, магистрира на Факултетот за музичка уметност во Скопје (2010), а магистрира (2009) и докторира (2015) на катедрата за естетика при Филозофскиот факултет на Универзитетот „Кирил и Методиј“ во Скопје.

Како солист и камерен музичар настапува на значајни сцени и фестивали во земјата и странство, вклучувајќи ги Скопско лето, Охридско лето и Денови на Македонската музика, како и во градови како Њујорк, Париз и Виена. Нејзиниот уметнички фокус е насочен кон минималистичката и современата музика, со рецитали посветени на автори како Филип Глас, Арво Перт, Лудовико Еинауди, Макс Рихтер, Рјуичи Сакамото, Мајкл Најман, Ханиа Рани...

Од 2007 година работи како наставник по пијано во ДМБУЦ „Илија Николовски Луј“ – Скопје. Автор е на книги и научни трудови од областа на музичката естетика.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Кратовец осомничен дека прободел со нож полициски службеник

Кумановското обвинителство ќе спроведе истрага против 40-ет годишен кратовец заради напад со нож на полициски службеник при интервенција.

Кратовец осомничен дека прободел со нож полициски службеник

Според обвинителството, осомничениот на 11 септември нападнал службени лица при вршење работи на јавната безбедност поврзани со спречување кривично дело.

Кога двајца полицајци употребиле сила за да ја отворат заклучената врата од собата во која се наоѓал осомничениот, тој ги нападнал. При нападот, на еден од полициските службеници со нож му нанел тешки телесни повреди, меѓу кои прободна рана и посекотина.

Поради опасност од бегство и можност осомничениот да го повтори делото, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка доставил предлог за определување мерка притвор.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски во посета на САД, предвидени се средби на високо ниво

Премиерот  Мицкоски со владина делегација денеска заминува во Соединетите американски држави, како што најави синоќа на националниот сервис ќе има средби на високо ниво во Сенатот, Конгресот и Стејт депратментот.

Мицкоски во посета на САД, предвидени се средби на високо ниво

Премиерот Мицкоски со владина делегација денеска заминува во Соединетите американски држави, како што најави синоќа на националниот сервис ќе има средби на високо ниво во Сенатот, Конгресот и Стејт депратментот, но и разговори со финансиски институции и компании за конкретни проекти во енергетиката, високата технологија и воената индустрија.

Мицкоски со владината делегација прво оди во Вашингтон, а потоа оттаму ќе заминат во Њујорк каде ќе учествуваат на годинешното Генерално собрание на Обединетите нации.

Премиерот најави дека една од средбите во главниот град на САД ќе биде со претставници на финансиската инстутиција ДФЦ, која, потсети, е веќе присутна во земјава преку инвестицијата во проектот „Крстовдол“, кој во јавноста е познат како „Амтимон“.

Според него, оваа институција пројавила интерес и за други проекти во енергетиката и напредната технологија.Прашан во вечерашното интервју дали на агендата е можеби и состанок со бугарската делегација, премиерот одговори дека до овој момент таква средба немаат во план.на дополнително прашање дали има информации за носење уставни измени со одложено дејство со цел одблокирање на интегративниот процес, тој рече дека не може да сподели такви информации во јавноста.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Сончево со мала облачност, попладне локално дожд

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Во попладневните часови локално ќе има врнежи од дожд и засилен ветер. 

Сончево со мала облачност, попладне локално дожд

Наместа ќе има услови за нестабилност во форма на невреме со пороен дожд, грмежи и појава на град. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 16, а максималната ќе достигне од 21 до 29 степени.

Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Во делови од котлината ќе има услови за нестабилност проследена со пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Минималната температура ќе се спушти до 14, а максималната ќе достигне до 24 степени.

До крајот на работната седмица ќе се задржи претежно сончево време со мала до умерена облачност. Утре во попладневните часови локално ќе има врнежи од дожд и засилен ветер.

аместа ќе има услови за нестабилност во форма на невреме со пороен дожд, грмежи и појава на град.

Утре ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец, а од среда ветерот ќе го смени правецот во југоисточен.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер