Kонцерт на Дуке и пријателите во Метрополис арената - Канал 5

Kонцерт на Дуке и пријателите во Метрополис арената

Композиторот, пијанист и продуцент со меѓународна кариера Дуке Бојаџиев на 20 февруари во Метрополис арена во Скопје ќе одржи концерт „Дуке и пријателите“ организиран од „Авалон продукција“.

Kонцерт на Дуке и пријателите во Метрополис арената
Тоа ќе биде најголем концерт во досегашната кариера на Дуке на кој ќе гостуваат негови пријатели и соработници: гитаристот Влатко Стефановски, пејачките Каролина Гочева и Тања Царовска, актерот Никола Ристановски, кларинетистот Исмаил Лумановски и перкусионистите Матијас Кунзли од Њујорк и Костас Анастасијадис од Грција, придружувани од камерен оркестар под диригентство на Саша Николовски-Ѓумар.

Концертот ќе биде 10-ти во серијата концерти на Дуке и, како што рече тој денеска на прес-конференција, ќе биде проширена верзија на концертниот проект „Сон. Верба. Љубов“ кој минатата година го изведе во Македонија и со кој во октомври настапи во познатата Карнеги хол во Њујорк. Концертот е спој на фрагменти од музика што ја создал за македонски филмови, композиции од албумот „Љубовта е патот“ кои се комбинација од авторска, филмска музика и изворно македонско творештво.

- Ова ќе биде попроширена верзија, на многу поголема сцена. Десетти е во серијата концерти и ќе биде најбогат со музика, гости и продукција. Ќе има и стари и нови композиции зашто проектот еволуира и се менува, рече Бојаџиев додавајќи дека проектот ќе продолжи, и во иднина ќе ги внесува сите нови проекти на филмска музика која е негова главна преокупација. Притоа најави дека ја работи музиката за новиот филм на хрватскиот режисер Рајко Грлиќ и дека неговата соработка со творци од регионот ќе значи и натамошно ширење на овој концертен проект и можност за гостувања надвор од Македонија.

Од најавените пријатели на претстојниот концерт, прва ќе биде неговата соработка со Влатко Стефановски, за кого откри дека ќе ја изведе песната „Татко“ посветена на татко му, и со актерот Никола Ристановски кој ќе кажува љубовна поезија. Почестен е што Стефановски ќе му гостува на концертот зашто, како што рече, растел со музиката на „Леб и сол“. Ристановски, пак, подолго време го имал во план, но поради зафатената агенда на актерот досега не можеле да договорат заеднички термин.

Авалон продукција ги организираше концертите на Дуке минатото лето во Хераклеја и во Античкиот театар.

- Летото ветивме дека нема да застанеме. За само шест месеци пак сме заедно, на мое големо задоволство. Имаме светски концерт со македонски оркестар. Прекрасна соработка во изминатите месеци која очекувам да продолжи и по овој настан, рече Денис Илиоски од „Авалон“ за концертот кој за десет дена ќе се одржи во Метрополис со поддршка на Телеком и на други спонзори. Посетителите на концертот ќе добијат ДВД од концертот на Дуке на Античкиот театар во Охрид од 9 август.

Бојаџиев долго време живее и твори во Њујорк, но своите проекти континуирано ги промовира и пред домашната музичка сцена. Автор е на филмска, електронска и акустична музика. Соработувал со оскаровците Џонатан Деми и Данис Тановиќ, како и со македонскиот режисер Столе Попов за неговиот последен филм „До балчак“. /МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Дводневни разговори зад затворени врати- делегациите на Русија, САД и Украина заминаа од Абу Даби, кој е епилогот?

Вториот ден од трилатералните преговори Украина – САД – Русија заврши со средба која траеше помалку од два часа и без присуство на медиуми. 

Дводневни разговори зад затворени врати- делегациите на Русија, САД и Украина заминаа од Абу Даби, кој е епилогот?

Деталите од преговарачкиот процес нема да се откриваат се додека не се достигне финален договор, соопштија и од руската и од украинската делегација на одделни прес конференции, меѓутоа повоената европска безбедност била централна тема на средбата, која помина без европски претставници. Европа прво треба да се определи кој ќе зборува од нејзино име, нагласи еден од предводниците на американската делегација - Џаред Кушнер.

-Доколку Европа може да идентификува едно лице кое ќе зборува во нивно име, тоа би било поголемо достигнување отколку да се натераат Русите да ги вклучат во преговорите. // Ангажманот со Европа, барем знам дека со украинската и американската страна е многу силен. Неколку пати му кажавме на претседателот Путин и на неговиот тим дека единствениот начин да се постигне ова е да бидат тие покрај нас. Мислам дека се отворени за тоа, се надевам дека утре во Москва, Стив и јас ќе бидеме успешни и дека претседателот Путин ќе даде благослов тоа да се случи. Мислам дека ако тој се согласи со тоа, тогаш мислам дека ќе можеме да постигнеме многу поголем напредок,- - Џаред Кушнер, претставник на американската делегација.

На преговорите е договорена размена на заробени војници од големи размери, соопштија од украинската делегација која оцени дека има вистински моментум да се достигне договор до нова година, доколку европски претставници се вклучат во преговорите.

-Има огромен напредок во однос на прашањата поврзани со безбедноста и просперитетот и за ова ќе разговараме подоцна,- - Рустем Умеров, предводник на украинската делегација.

-Работиме кон конечната цел каде што не треба да биде трилатерално, туку мултилатерално, бидејќи Европејците мора да седнат на маса. Зборуваме за повоена европска безбедност,- - Давид Арахамија, член на украинската делегација .

Предводникот на руската делегација пак - Владимир Медински, остро ги искритикува европските лидери – нека учат од американските претставници што е здрав разум и реализам, порача Медински.

-Ние не сосема разбираме за што може да се разговара со нив (европејците). Ниту една мировна иницијатива, ниту еден конкретен мировен предлог од страна на европските држави ние не добивме. Затоа, за што да се разговара со нив, не е јасно. Но ако пристигнале овде како туристи, нека си разговараат во хотелското лоби, нека си поразговараат за нивните работи,- - Владимир Медински, предводник на руската делегација.

Дипломатските напори продолжуваат. Додека американските претставници Виткоф и Кушнер утре заминуваат кон Москва на средба со Владимир Путин, украинските преговарачи ќе оддржат одделни средби со европските претставници кои од вчера се присутни во Абу Даби, но не и на преговарачката маса.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Тошковски: Добивме огромно, светско признание, ефектот на „Сејф Сити“ е заслуга на сите, особено и на граѓаните

„Меѓународен триумф за македонската полиција. Проектот „Безбеден град“ го освои првото место за извонредност во сообраќајната безбедност на светскиот полициски самит во Дубаи.

Тошковски: Добивме огромно, светско признание, ефектот на „Сејф Сити“ е заслуга на сите, особено и на граѓаните

„Меѓународен триумф за македонската полиција. Проектот „Безбеден град“ го освои првото место за извонредност во сообраќајната безбедност на светскиот полициски самит во Дубаи, оставајќи зад себе светски метрополи и технолошки лидери како Сингапур, Дубаи и Абу Даби.

Што точно значи ова признание, колку се намалени жртвите на патиштата и како системот „Safe City“ ќе се шири низ целата држава, дознаваме од разговорот на колегата Дејан Трајкоски со министерот за внатрешни работи - Панче Тошковски.

Во видеото погледнете го целиот разговор со министерот Тошковски.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Димитриеска-Кочоска: Министерството за финансии апсолутно немало никакво учество при превземањето на банката

Министерството апсолутно нема никаква надлежност во целата постапка за продажба.

Димитриеска-Кочоска: Министерството за финансии апсолутно немало никакво учество при превземањето на банката

Министерството за финансии апсолутно немало никакво учество при превземањето на банката, ниту како Министерство за финансии сме помогнале да се случи продажбата и сопственикот да се стекне со мнозинскиот пакет, истакна министерката за финансии Гордана Димитриеска-Kочоска во рамки на Надзорната расправа во Собранието посветена на причините за воведувањето администрација во АЛТА банка АД Битола, улогата и постапувањето на Народната банка и институционалната одговорност“.

Таа потсети на постапките што се преземени од страна на Народната банка, Комисијата за хартии од вредност до објавување на јавната понуда на 11 септември и дека на 23 септември имајќи ја предвид јавната понуда на Владата се дискутира на тема на тоа дали во државата има одредени институции кои што имаат акции во оваа банка.

„На 1 септември Народната банка дава претходна согласност за квалификувано учество. Што значи тоа? Тоа значи дека до 1 септември целокупната постапка околу лиценцирање на лицата, банка или било физички лице, тоа Народната банка си знае, го имала завршено. На 10 септември Комисијата за хартии од вредност дава дозвола за јавна понуда за превземање, којашто јавна понуда за превземање, односно јавна понуда и проспект, се објавени на 11 септември. Во таа јавна понуда и во тој објавен проспект, стои датум, кој што вели дека секој оној кој што е заинтересиран да ги продаде акциите, има обврска тоа да го направи до 10 октомври, што значи дека нема апсолутно никаква врска со претходните изнесувања, дека записникот бил поврзан со некакви датуми, туку исклучиво со датумот кој што стои во јавната објава, повторно тоа е на Македонска берза. На 19 септември имаме објава во Службен весник, согласно која, сопственикот се стекнал со 74 и нешто проценти, на сопственост иако прагот на успешност во тој период бил 70%. Значи, до овој момент постапката се одвива, така што Народната банка е вклучена, Комисијата за хартии од вредност, заинтересираната банка и тука веќе имаме објава во Службен весник дека продажбата е успешно завршена“, појасни министерката.

При тоа посочи на информацијата од седницата на Владата во која од страна на Министерството за финансии е објаснета постапката, но при тоа да се има предвид дека станува збор за изборен период. При тоа таа се повика на записник од владината седница.

Министерката повтори дека клучниот момент е фактот дека Министерството за финансии апсолутно немало никакво учество при превземањето на банката, купување, коешто завршува на 19 септември и е објавено во Службен весник, од каде што ние во Министерството, всушност, ги добивме и информациите, па врз основа на тоа почнаа постапките за да видиме дали прво државата има некаква сопственост и да предупредиме дека имаме избори и дека немаат можност да вршат продажба“, истакна министерката.

Таа заклучи дека во однос на надлежност како Министерство за финансии, Министерството апсолутно нема никаква надлежност во целата постапка за продажба, затоа што ние, освен тоа што го подготвуваме и предлагаме законот, кој преку Владата се усвојува во Собранието во конкретната ситуција немаме никава надлежност бидејќи целата контрола, супервизија и надзор на банкарското работење е од страна на Народната банка.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер