Концерт на Дино Имери во Загреб, свиреше на историско пијано од марката „Плејел“ - Канал 5

Концерт на Дино Имери во Загреб, свиреше на историско пијано од марката „Плејел“

 Македонскиот пијанист Дино Имери синоќа одржа солистички концерт во Загреб, Хрватска, во прекрасното здание на Државниот архив. 

Концерт на Дино Имери во Загреб, свиреше на историско пијано од марката „Плејел“

Пред многубројната публика, Имери се претстави со изведба на романтичните и импресивни дела: „Ноктурно“ од Мануел Де Фаља, „Песни и танци“ бр. 1 и бр. 3 и „Млади девојки во градината“ од суитата „Сцени од детството“ од Фредерик Момпу, „Благородни и сентиментални валцери“ и „Alborada del gracioso“ од Морис Равел и „Кармен“ варијации од Ж. Бизе/В. Хоровиц.

Она што посебно интригираше во врска со овој настан, е што македонскиот пијанист свиреше на историскиот инструмент „Плејел“ од 1911 година, кој бил во сопственост на Светислав Станчич - таткото на хрватската пијанистичка педагогија и славен пијанист, кому специјално му го испорачале од Париз. Во внатрешноста на инструментот, има и автограм на Имери, што на целиот настан му даде посебна убавина.

-Ова е мое четврто рецитално гостување во Загреб - град во кој често се слушаат изведбите на светските имиња на пијанизмот, но и центар на една многу сериозна пијанистичка школа. Сум настапувал во различни стадиуми од мојата кариера, од студентските денови па се до оваа зрела фаза и за сите тие посети можам да кажам дека секогаш чувствувам неверојатна топлина, љубов и вистинска предаденост од страна на верната публика која одново се враќа на моите концерти, вели Дино Имери, по синоќешното концертирање кое имаше извонреден одзив.

Посочи дека тоа е огромен комплимент за него особено затоа што станува збор за луѓе кои се постојано изложени на концерти од светски калибар - нешто кон кое се стремел уште во почетокот на неговата меѓународна кариера.

-Не беше различно и овој пат, се случи прекрасна музичка вечер и со нетрпение го чекам моето враќање во овој град“, додава Имери.

Инаку, пијаното на кое свиреше Имери, како што сведочат и наследниците на Станчич, има топлина, љубов и убавина – карактеристики кои ретко кој инструмент го поседува сам по себе. Правејќи паралела со познатата марка „Стенвеј“, велат дека по силниот и продорен звук на „Стенвеј“ на кој сме навикнати, кога ќе се слушне звукот на „Плејел“, на кој инаку, свирел и славниот Шопен, се чувствува дека тој „самиот од себе пее“. Неговите тонови се топли, нежни, а сепак, не им недостига силата на звукот за да го исполнат амбиентот.

Концертот на Дино Имери беше дел од Циклусот „Pleyel Svetislava Stančiča“, а организатор на настанот е уметничката организација „Кристофориум“, во соработка со Културно-информативниот центар на РМ во Загреб. Уметничката организација „Кристофориум“, е основана во чест на италијанскиот градител на инструменти - Бартоломео Кристофориј.

Македонскиот пијанист Дино Имери до крајот на годината го очекуваат уште два значајни настани. На 24 ноември настапува во Ленгерих, Германија, во рамките на „Виртуозо фестивал“, додека на 4 декември, пак, во Скопје, во Камерната сала на Филхармонија на РМ, ќе настапи заедно со македонската истакната диригентка Дијана Имери - Илкоска, а ќе го реализираат долгоочекуваниот проект „Музика и поезија - вечер со музиката на Шопен“. /МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Ford“ ја враќа ознаката „Cobra“

Новиот „Mustang Cobra“ доаѓа во 2027 година, но потенцијалните купувачи ќе мора брзо да дејствуваат.

„Ford“ ја враќа ознаката „Cobra“

„Ford“ го подготвува враќањето на значката „Cobra“ на „Mustang“, а новиот спортски модел треба да продолжи таму каде што застана „Shelby GT350“. Се очекува да има атмосферски V8 мотор, мануелен менувач и моќност од најмалку 550 КС.

„Ford Racing“ објави кратко тизер видео со кое се потврдува пристигнувањето на нов „Mustang“ со мотор развиен врз основа на искуството од трките. Премиерата е најавена за 2027 година, а сè укажува на враќање на значката „Cobra R “.

Според информациите објавени од „Ford Authority“, новиот модел ќе биде духовен наследник на „Mustang Shelby GT350“, а треба да пристигне во салоните како модел од 2028 година. Производството би можело да трае релативно кратко, до моделската година 2029 година. Под хаубата се очекува атмосферски 5,2 или 5,4-литарски V8 мотор, поврзан со шестстепен мануелен менувач „Tremec“. Официјалните бројки за моќност сè уште не се објавени, но се проценува дека моторот би можел да развие помеѓу 550 и 575 КС.

За споредба, претходниот „Mustang Shelby GT350“ користеше 5,2-литарски „Voodoo V8“ со 533 КС и 582 Nm вртежен момент.

Сегашниот „Mustang Dark Horse“ со 5,0-литарски V8 мотор развива 508 КС, додека „Dark Horse SC“ има дури 806 КС.

Враќањето на името „Cobra“ има и финансиска позадина. „Ford“ повеќе не сака да му плаќа на „Shelby American“ за користење на неговото име.

Според текстот, „Ford“ претходно плаќал околу 800 долари за секој продаден „Shelby Mustang“, што вкупно изнесувало повеќе од 30 милиони долари трошоци за лиценцирање.

Затоа, новиот модел би можел да се нарече „Cobra“ наместо „Shelby GT350“.

Последен пат кога „Ford“ ја користеше оваа ознака беше на почетокот на 2000-тите, на моделот „Mustang SVT Cobra“ со V8 мотор со компресор.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Кирјас со остар настап пред европските либерали: 2026 не е 2001, ЕУ мора повторно да стане атрактивна и да престане со надменост!

Емил Кирјас, испрати остра, директна и отрезнувачка порака за улогата на Европската Унија во современиот геополитички поредок.

Кирјас со остар настап пред европските либерали: 2026 не е 2001, ЕУ мора повторно да стане атрактивна и да престане со надменост!

На состанокот на европските либерали во Даблин за време на неформалниот самит на ЕУ, претставникот на Либерално-демократската партија (ЛДП), Емил Кирјас, испрати остра, директна и отрезнувачка порака за улогата на Европската Унија во современиот геополитички поредок, истакнувајќи дека времињата на безусловно следење на европските лидери се минато, а граѓаните во регионот сè погласно ја гледаат хипокризијата и недостигот на конкретни резултати.

Кирјас ги повика европските колеги да ја прифатат новата глобална реалност, нагласувајќи дека четврт век подоцна светот е далеку покомпетитивен и дека Европската Унија повеќе не е единствениот „производ“ на светската сцена.

„Мораме да сфатиме и да прифатиме дека 2026 година не е 2001 – 25 години подоцна светот изгледа многу поразлично и е далеку покомпетитивен. Ако порано единствената опција и модел што можеа да го видат граѓаните беше европскиот модел, денес на пазарот постојат и кинески, и руски, и турски модел, па во последно време и американски модел кој е различен од европскиот. За нас, особено за либералите, европскиот модел на благосостојба, економски развој, слобода на говор, просперитет и гарантирање на правата е најдоброто решение. Но, не можеме да очекуваме дека граѓаните секогаш слепо ќе ги слушаат своите лидери, нема да ги следат вестите и нема сами да носат одлуки за тоа кој е способен да преземе решенија, да го исполни ветеното, да гледа визионерски и да проектира моќ на светската сцена“, порача Кирјас во Даблин.

Тој предупреди дека европските институции се наоѓаат во состојба на самоодрекување од глобалната реалност и веќе не се доживуваат како морализирачка сила во регионот. Како што објасни пред присутните, дури и во Македонија веќе не се зборува само за формално членство во ЕУ, кое за многу граѓани стана непривлечен поради долгогодишните блокади и неисполнети ветувања, туку за градење држава според стандардите на земји како Бенелукс, Данска, Ирска или Естонија.

„Ако не направиме сѐ во наша моќ за повторно да ги направиме европската идеја и европскиот проект атрактивни, ќе имаме огромен проблем – не само со граѓаните, туку и со иднината на нашиот континент. Време е да престанеме да гледаме на нашиот проект како на единствена солуција во светот. Нашите граѓани сакаат да живеат просперитетно, да говорат слободно и да имаат правна држава, но тоа значи дека и на европско ниво сите мора да бидат подеднакво почитувани – без надменост, без надредување, без второкласни граѓани и без наметнување каде што само еден одлучува и ги суди другите, туку систем каде што сите си помагаме еден на друг. Колку побрзо го направиме тоа, толку ќе биде подобро за сите нас во Европа“, заклучи Емил Кирјас во своето излагање пред европските либерали на состанокот на АЛДЕ.

Либерално-демократска партија

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Еден ден трета економија, друг ден банкрот – ММФ ги разби бајките на Мицкоски

Еден ден Мицкоски раскажува бајки и зборува за трета економија во Европа, а друг ден за банкрот ако има избори. 

СДСМ: Еден ден трета економија, друг ден банкрот – ММФ ги разби бајките на Мицкоски

Еден ден се фали со економси раст, друг ден признава дека државата нема пари.

Неговите противречни изјави ја разобличуваат целата владина пропаганда, сите негови лаги.

И ММФ ги разби бајките на Мицкоски. Каква трета економија, Македонија е на дното во Европа.

Според проекциите на ММФ, Македонија е на 41. место меѓу 48 европски економии по БДП по жител, со 11.762 долари. Од земјите во регионот, пред нас се Србија, Црна Гора и Албанија. Разликата со најбогатите европски економии останува огромна.

Ова е реалната состојба на македонската економија. Не бајките на Мицкоски за трета економија во Европа. Не лагите за најбрз раст на платите и пензиите.

Ова е сè она за што СДСМ предупредува последната година. Сега потврдено и од ММФ.

Реалноста е дека има 4 милијарди евра ново задолжување за две години. Реалноста е дека луѓето живеат полошо. Реалноста е очекуваното поскапување на парното и струјата. Реалноста е дека нема зголемување на минималната плата – само бајки.

Пари во буџетот нема, пари за граѓаните нема. Но знаеме каде има – кај Мицкоски и неговата банда.

Вистината е сега на виделина, и со скандалот со Алта банка, и со неговите врски со Вучиќ.

За сè ова, одговорност ќе има.

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер