3Цветковска: Колегите се почесто се самоцензурираат и не сакаат да ги истакнат расипаните јаболка во нашава медиумска канта
КултураКонцерт на детскиот хор „Ѕвончиња“ во БитолаДетскиот хор „Ѕвончиња“ и вокалната група „Мелодиум“ вечер во Центарот за култура во Битола ќе одржат хуманитарен концерт.Во програмата ќе се испреплетат звуците на класичната музика, класиците од германската школа и црнечки спиритуали, пропратени со инструментите на кои ќе свират учениците од Музичкото училиште во Битола. - Очекуваме голем музички спектакл, кој освен одбележување на годишнината од постоењето на детскиот хор „Ѕвончиња“, ќе ја задржи и хуманата димензија која почна со првиот концерт со формирањето на хорот, а трае и денес. Музичкиот спектакл под водство на Марина Коруновска, професор по соло пеење во музичкото училиште во Битола, ќе донесе настап на членовите на хоровите „Ѕвончиња“ 1, 2 и 3, како и вокалната група „Мелодиум“, составена од „израснатите“ ѕвончиња поранешни членови на помалите групи, а сега веќе средношколци и формирани гласови, гудачки квартет и музичка придружба, истакна Емилија Сарафска, задолжена за односи со јавност. Детскиот хор „Ѕвончиња“ постои девет години, а традиционално го организира и хуманитариот концерт „Пееме до ѕвездите“, во духот на хуманата мисија на Тоше Проески, а децата пеејќи ги негови песни од овие концерти обезбедија средства за набавка на медицински апарати за болните дечиња во Домот за доенчиња и мали деца во Битола, за инструмент пијанино во музичкото училиште и средства за живеалиштето на нилското коњче во битолската зоолошка градина. Детскиот хор „Ѕвончиња“ во 2013 година во бугарскиот град Созопол ја освои првата награда во категоријата на класична музика, а членката на овој хор Магдалена Кочоска исто така ја освои првата награда во категоријата естраден вокал.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаНад 70 отсто од Европејците поддржуваат формирање армија на Европската унијаОколу 71 отсто од граѓаните на Европа поддржуваат формирање армија на Европската унија, додека 78 проценти од испитаниците во земјите-членки на унијата сметаат дека треба да се зајакнат нејзините одбранбени капацитети во соработка со НАТО.Тоа покажуваат резултатите од спроведеното истражување на безбедносниот Тинк-Тенк Глобсек за 2026 година, објавени во бриселски „Политико“. Поддршката за формирање европска војска е забележана во сите анкетирани земји-членки на ЕУ. Најголема е во Романија, каде што идејата ја поддржуваат 82 отсто од испитаниците, потоа следуваат Литванија со 78 и во Франција со 75 отсто. Во Полска и Бугарија поддршката изнесува околу 70 отсто, додека во Германија е 69 отсто.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСтопанска банка со промотивен депозит за кој каматата се исплаќа однапредСо најновата промотивна понуда, Стопанска банка им овозможува на граѓаните да ги орочат своите средства, со атрактивни фиксни каматни стапки и исплата на каматата однапред, уште на самиот почетокот, во моментот (или на датумот) на орочувањето.Станува збор за промотивен производ кој не е во редовната понуда на депозити во Банката. Рокот на орочување на депозитите од оваа понуда е 25 месеци, со атрактивна годишна каматна стапка од 3,7 отсто за депозити во денари и 2,8 отсто за депозити во евра, која останува непроменета во текот на целиот период на штедење. Една од главните предности е што клиентите ја добиваат пресметаната камата однапред, веднаш при орочувањето на средствата, на сметка по нивен избор. Минималниот износ што може да се орочи е 300.000 денари или 5.000 евра, а понудата е достапна за резиденти и нерезиденти. Клиентите во секое време можат да имаат увид во состојбата на својот депозит преку дигиталните сервиси. Специјална промотивна понуда важи за депозити орочени до 31 декември 2026 година. Со оваа промотивна понуда, Стопанска банка уште еднаш ја потврдува својата посветеност кон креирање атрактивни депозитни производи, приспособени на потребите и интересите на своите клиенти. Преку поволни и фиксни каматни стапки, како и можноста за исплата на каматата однапред, Банката им овозможува на клиентите сигурност и предвидливост во планирањето на нивните средства, како и непосредна придобивка од нивното штедење.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЦветковска: Колегите се почесто се самоцензурираат и не сакаат да ги истакнат расипаните јаболка во нашава медиумска кантаФејсбук објава на новинарката Сашка Цветковска.„Да си новинар (уште и жена) и на прес конференција на министерот за внатрешни работи да ти е најважно да го поддржиш насилството и да инсистираш на статистики за лажни пријавувања на насилства врз жени и девојки, ти не работиш за јавноста и не можеш и не смееш да им служиш на граѓаните. Колегите се почесто се самоцензурираат и не сакаат да ги истакнат расипаните јаболка во нашава медиумска канта поради наводно одбегнување на расправии со колеги. Овие не ни се колеги и ние не им служиме на колегите туку на граѓаните. Секое молчење не е неутралност, не кон жртвите, не кон народот. Срамота! Инаку, станува збор за Ивона Талевска поддржана од уште некои свои колеги кои да немаа партии и криминалци зад себе немаше да бидат никогаш ништо, камоли да делат ум.“-стои во објавата. Тагови: Сашка Цветковска Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter