ВМРО-ДПМНЕ: Разликата меѓу Алта банка и Еуростандард е тоа што Заевци ја уништија и испокрадоа Еуростандард
2ВМРО-ДПМНЕ: Разликата меѓу Алта банка и Еуростандард е тоа што Заевци ја уништија и испокрадоа Еуростандард
КултураКонцерт на Бенџамин пијано триото вечер на „Охридско лето“ Музичката програма на „Охридско лето“ продолжува со вечерашниот концерт на Бенџамин пијано триото во катедралната црква „Света Софија“.Триото го сочинуваат Емир Имеров на виолина, Ваг Папијан на пијано и Александар Кагановски на виолончело. Концертот ќе почне во 20:30 часот, а на програмата се клавирското трио во Ц-мол на Николај Римски Корсаков и клавирското трио опус 50 на Петар Илич Чајковски. Виолинистот Емир Имеров е роден во Скопје. Тој освојува прва награда на натпреварот за виолинисти кога имал само 12 години. Во 1991 година се сели во Германија каде ги продолжува студиите по виолина и дипломира на Академијата во Вурцбург во класата на Г. Жислин. За време на студиите победува на натпреварот „Феликс Менделсон“ и како награда добива двегодишна стипендија на Баварската висока школа за музика. Како член на квартетот „Виртуозо“ од Санкт Петербург, Имеров активно концертира во САД, Австралија, Русија, Швајцарија и во Германија. Во 1998 година со триото кое го основа Имеров победува на натпреварот за камерна музика во Тулуз и истата година тој освојува втора награда на натпреварот за млади виолинисти во Ташкент. Се усовршува во класата Д. Геде – концерт-мајстор на Виенската филхармонија и посетува мајсторски курсеви кај Захар Брон и Виктор Третјаков. Од 2004 година Емир Имеров е концерт-мајстор на Симфонскиот оркестар на Минхенглајдбах-Крефелд и предава на тамошната музичка академија. Тој е член на ансамблот „Европски солисти“ од Луксембург и постојан гостин-педагог на мајсторски курсеви во Грција, Полска, Германија, Белгија и Хрватска. Пијанистичката кариера на Ваг Папијан започнува во 1979 година со неговата победа на престижниот натпревар „Виана да Мота“ во Лисабон, по што е поканет да настапува во сите значајни концертни сали во поранешниот Советски Сојуз вклучувајќи рецитали во Санкт Петербург и Москва. Дипломира на Московскиот конзерваториум во класта на М. Воскресенски, а диригирање студира со познатиот Иља Мусин. Во 1984 година на покана на Валериј Гергиев, Папијан станува постојан диригент на Ерменската филхармонија, а три години подоцна станува уметнички директор и шеф-диригент на овој оркестар со кој остварува повеќе од 200 концерти. Покрај тоа, тој постојано настапува како пијанист гостувајќи во Базел, Барселона, Женева, Торонто, Отава, Њујорк, како и на турнеи во Јужна Америка и Азија. Диригира со Англискиот камерен оркестар, со Израелскиот камерен оркестар, со Новата јапонска филхармонија, симфониските оркестри во Ерусалим, Москва, Белград, Трондхајм, а на фестивалот „Енеску“ во Романија го предводи познатиот хор на „Виенските момчиња“. Во 2005 година дебитира со Израелската филхармонија. Како дуо партнер на Максим Венгеров снима за ЕМИ класикс и со него настапува на сите континенти. Тој е постојан гостин-диригент на Националната опера на Ерменија и е професор на Академијата за музика „Самуел Рубин“ во Тел Авив. Виолончелистот Александар Кагановски е роден во Киев, а започнал со часови по музика на петгодишна возраст. Само по неколку години веќе настапувал како солист, а на 16 години победил на националниот натпревар за музика. Студиите ги продолжил на Академијата „Самуел Рубин“ во Тел Авив во класата на проф. Узи Визел и победил на неколку натпревари во Израел. Од 1985 година е постојан член на Израелскиот гудачки квартет. Александар Кагановски настапувал на реномирани фестивали во Австрија, Италија, Швајцарија, Норвешка, Русија, Франција, Тунис, Германија и Луксембург, а со оркестри, покрај во овие земји настапувал и во Белгија, Португалија, Шпанија, САД, Јапонија, Унгарија, Србија, Хрватска и др. Тој настапувал и со многу респектирани диригенти меѓу кои Баршаи, Борејко, Јусупов, Китаенко и др. Одржува мајсторски курсеви во Германија и во Словачка, Франција, Луксембург, Израел итн. /МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МетеоУХМР: Променливо време за викендот, од вторник затоплувањеПроменливо облачно за викендот и во понеделник, а од вторник затоплување – покажуваат прогновите на УХМР. Облачно време со сончеви периоди се очекува денеска утре и во понеделник, кога се очекуваат и локални врнежи од дожд. Од вторник пак следува стабилизирање на времето и пораст на температурите, а нови врнежи од дожд се најавуваат од петок. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДали Софија дефинитивно го одби европско посредништво во дијалогот со Скопје?15:44Мицкоски: Продолжуваме со посветена работа на реформите12:29Муцунски: Работиме на дијалогот со Бугарија, имаме поддршка од ЕУ и земјите членки15:00Народна банка: Пензионерите кои сакаат нова банка, мора прво да се одјават од АЛТА банка 10:27Муцунски: Нема назадување во ниту една област во извештајот на ЕК08:28
ЗдравјеВременски шокови и во ноември: Просекот на колапси на јавни места ист како во летните месециНаглите температурни промени земаат сериозен данок, па така во ноември просекот на колапси на јавни места останува висок со пет до шест лица дневно. Времето не бира кого ќе кутне, наглите температурни разлики земаат данок во здравје, па колапс на улица повеќе не е слика само за летните горештини, бидејќи и во ноември просекот на колабирања е ист како во август – пет до шест лица губат свест на јавни места во текот на 24 часовната смена на службата за Итна помош. И овој период, атмосферскиот притисок и влажноста на воздухот влијаат врз здравјето, па најчесто на удар се хронично болните, за нив наглите промени знаат да имаат посилни последици, вели д-р Елена Карева Пиловска. Од Итната медицинска помош нотираат дека освен за колапси, имаат повеќе интервенции за случаи на срцев удар, но и повици кога граѓаните се жалат на слабост, вртоглавица, тресење и конфузија, што се симптоми на хипогликемија, или „паѓање на шеќерот“. При нагло заладување се стеснуваат крвни садови што може да доведе до покачен крвен притисок и оптоварување на срцето, објаснуваат лекарите и апелираат дека хронично болните кои секако се почувствителни на промените на време да ја земаат својата терапија, а претходно редовно да го мерат притисокот. Сепак, главната препораката до сите граѓани е да се води поголема грижа за општата состојба, бидејќи само со здрави навики, спортувања и грижа за себе може да се влијае организмот полесно да ги поднесува временските шокови. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Разликата меѓу Алта банка и Еуростандард е тоа што Заевци ја уништија и испокрадоа ЕуростандардСекој ден се повеќе СДС личи на расипана грамофонска плоча за ширење на лаги и дезинформации. Народната банка и гувернерот се тие кои носат одлуки за банкарскиот систем, а не премиерот и Владата. Не е вистина дека било кога и било каде гувернерот Славески кажал дека одлуката за Алта банка ја донел Мицкоски. Така да, ова е уште една лага на СДС и со цел да се шири паника и да се прави саботажа со банкарскиот систем на земјава. Таквата саботажа на СДС, ја потврдува нивната неконструктивна улога од која штета имаат бизнисите, економијата и граѓаните. Премиерот не носи банки. Но очигледно, тие се поучени од времето кога братот на експремиерот Вице Заев, со неговите бизнис партнери земаа кредити без покритие од Еуростандард банка, со што ја уништија банката и ги украдоа граѓаните. Е тоа е криминал. Разликата помеѓу Алта банка и Еуростандард е тоа што Заевци ја украдоа банката, а во случајот со Алта, проблемот е увезен односно престана да постои нејзината матица која е во друга држава. Но за среќа, решение ќе има и граѓаните нема да се дозволи да бидат оштетени, се наведува во партиската реакција.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook