КултураКонцерт на Белградската филхармонија под диригентство на Зубин Мехта во Скопје Во рамки на иницијативата „Отворен Балкан“ вечерва со почеток во 20 часот во концертната сала на Македонската филхармонија ќе гостува Белградска филхармонија, предводена од славниот маестро Зубин Мехта. Мехта ќе го предводи оркестарот на Белградската филхармонија во изведбата на „Симфонијата бр. 7“ од Лудвиг ван Бетовен и „Фантастичната симфонија“ од Хектор Берлиоз. - Со своите 87 години, маестро Мехта важи за еден од најзначајните диригенти на светската музичка сцена, на која е присутен повеќе од 60 години со своите настапи кои денеска важат за историски. Концертот со кој Белградската филхармонија одбележува и 100 години од основањето, ќе биде негов 11 настап со овој оркестар. Концертот со Белградската филхармонија ќе биде трет настап на славниот маестро во Скопје - првиот беше во 1967 година, кога настапи со Филхармонискиот оркестар на Лос Анџелес во Универзалната сала, вториот во 2007 година кога го предводеше концертот на Израелската филхармонија во „Метрополис арена“ на Скопскиот саем, се наведува во соопштението на Македонската филхармонија. Зубин Мехта е роден во 1936 година во Бомбај, а своето прво музичко образование го стекнал под менторство на својот татко Мехли Мехтa, истакнaт концертен виолинист и основач на Бомбајскиот симфониски оркестар. По краткиот период на студии по медицина во Бомбај, во 1954 година се сели во Виена, каде се запишува на Музичката академија, на диригентскиот оддел кај Ханс Сваровски. Во 1958 година Зубин Мехта победува на меѓународниот натпревар по диригирање во Ливерпул и ја освојува наградата на Летната академија во Тенглвуд. До 1961 година веќе диригира со Виенската, Берлинската и Израелската филхармонија, а неодамна прослави и 50 години од музичката соработка со овие три ансамбли. Бил музички директор на Монтреалскиот симфониски оркестар од 1961 до 1967 година, додека во 1962 година ја презема позицијата музички директор на Филхармонискиот оркестар на Лос Анџелес, на која се задржува до 1978 година. Во октомври 2019 година се збогува од Израелската филхармонија, во која помина 50 години. Во таа прилика е именуван за музички директор емеритус на Израелската филхармонија. Во 1978 година ја презема функцијата музички директор на Њујоршката филхармонија, со што го започнува својот 13-годишен мандат, најдолг во историјата на овој оркестар. Од 1985 до 2017 година бил шеф-диригент на Оркестра дел Маџо Музикале Фјорентино во Фиренца. Зубин Мехта дебитирал како оперски диригент со „Тоска“ во Монтреал во 1963 година. Од тогаш диригирал во операта „Метрополитен“ во Њујорк, Виенската државна опера, Кралската опера, Ковент Гарден, миланската „Скала“ и во оперските куќи во Чикаго и во Фиренца, како и на фестивалот во Салцбург. Помеѓу 1998 и 2006 година бил музички директор на Баварската државна опера во Минхен. Во октомври 2006 година ја отворил Уметничката палата на кралицата Софија во Валенсија и бил претседател на годишиот Медитерански фестивал во Валенсија до јуни 2014 година, каде го диригира циклусот „Прстенот на Нибелунзите“ со театарската трупа Ла Фура делс Баус во копродукција со Фирентинската опера. Останатите циклуси од „Прстенот“ ги комплетира во Чикашката опера и во Баварската државна опера. Списокот на награди и признанија на Зубин Мехта е голем. Тој е почесен граѓанин на Фиренцa и на Тел Авив. Почeсeн члeн на Виенската државна опера станува во 1997 година, на Баварската државна опера во 2006 година и на виенското Друштво на музичко пријателство – во 2007 година. Титулата почесен диригент му ја доделија следните оркестри: Виенската филхармонија (2001), Минхенска филхармонија (2004), Филхармонијата на Лос Анџелес (2006), Театро дел Маџо Музикале Фјорентино (2006), Берлинската државна капела (2014) и Баварскиот државен оркестар (2006), со кој настапи во Сринагар во Кашмир, во септември 2013 година. Во 2016 година Театро ди Сан Карло во Неапол го именува Зубин Мехта за почесен музички директор, а Израелскиот филхармониски оркестар и Филхармонијата на Лос Анџелес во 2019 година го прогласија за диригент емеритус. Во февруари 2019 година и Берлинската филхармонија го именува за свој почесен диригент. Посебна чест му е укажана и во 2022 година, кога новата концертна сала на Театро дел Маџо Музикале во Фиренца го доби неговото име. Во октомври 2008 година, Зубин Мехта е одликуван со Царската награда од страна на јапонското царско семејство. Во март 2011 година, добива посебно признание со поставувањето ѕвезда на Холивудскиот булевар на славните. Командантскиот крст и Орденот за заслуги му ги додели Германија во јули 2012 година, а индиската Влада, во септември 2013 година го одликува со наградата „Тагоре“ за културна хармонија, која година дена порано ја доби и Рави Шанкар. Во 2022 година Владата на Австралија го именува за почесен носител на Орденот на Австралија. Зубин Мехта продолжува да ги открива и поддржува музичките таленти ширум светот. Заедно со својот брат Зарин ја води Музичката фондација „Мехли Мехта“ во Бомбај, каде повеќе од 200 децa стекнуваат знаење од областа на западната класична музика. Музичката школа „Бухман-Мехта“ во Тел Авив развива млади таленти во Израел и блиску е поврзана со Израелската филхармонија, преку нов вид подучувања на младите арапски Израелци во градовите Шфарам и Назарет, со локални наставници и со членови на Израелската филхармонија. Одбележувајќи 100 години од своето постоење во 2023 година, Белградската филхармонија денес е позиционирана како најдобар оркестар во регионот и ансамбл што претставува освежување на меѓународната концертна сцена.Според пишувањата на меѓународните медиуми, Белградската филхармонија е култен српски оркестар (Financial Times), еден од водечките европски оркестри (Independent), оркестар кој гледа само напред (Washington Post), и ансамбл кој со себе носи голема доза на наследство и гордост (New York Times). Специфичниот имиџ, кој е резултат на инвентивните уметнички концепти и на креативниот маркетинг, влијаел на препознатливоста на оркестарот. На тој начин, Белградската филхармонија брзо привлекла многу познати имиња од класичната музика, кои ја дале својата поддршка на нејзиниот понатамошен развој. Меѓу нив посебно се издвојува повеќедецениското пријателство со Зубин Мехта, кој редовно одржува добротворни концерти со оркестарот. Белградската филхармонија иницира, реализира и поддржува акции од значење за унапредување на општеството, промоција на толеранцијата, регионални и меѓународни соработки. Оригиналниот и единствен концепт на циклусот новогодишни концерти, кои преку музиката ги промовираат етничките и верските различности, привлече големо внимание кај домашната и кај меѓународната јавност, а исто така е препознаен и поддржан и од страна на Европската Унија. Предводен од Зубин Мехта, оркестарот во 2011 година го оствари и првото гостување во Хрватска - Дубровник, по воените случувањата на просторот на поранешна Југославија. Исто така, Белградската филхармонија ја иницираше и реализираше и првата регионална соработка на трите национални филхармонии на Србија, Хрватска и Словенија во новата историја, во рамки на проектот „Пика-точка-тачка“, кој е поддржан од страна на Стејт департментот. Еден од најзначајните проекти во последните неколку години е Бетовен маратонот, кој Белградската филхармонија го реализираше во копродукција со Дортмундската филхармонија. Во јуни 2022 година, прво во Дортмунд, а потоа и во Нови Сад, Европската престолнина на културата во 2022 година, двата оркестра во еден ден наизменично ги изведуваа сите симфонии на Бетовен. Концертите ги предводеше Габриел Фелц, шеф-диригент на двата оркестра. Во текот на изминатите децении, оркестарот има значајни меѓународни турнеи и гостувања во Италија, Германија, Австрија, Швајцарија, Шведска, Франција, Словенија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Унгарија, Русија, Оман и така натаму. Најважниот интернационален ангажман во новата историја е првата турнеја во САД во историјата на оркестарот, која опфати настапи во главните концертни сали во Чикаго, Кливленд, Вашингтон и Њујорк, во октомври 2014 година. Белградската филхармонија во 2017 година започна традиција на концерти на отворено кои бележат историски успех и претставуваат најголеми концерти на класична музика на отворено на Балканот. Повеќе од 30 илјади луѓе присуствуваа на првиот концерт кој го предводеше шеф-диригентот Габриел Фелц, на кој како специјален гостин настапи Зубин Мехта. Следната година Белградската филхармонија го надминува претходниот успех, собирајќи повеќе од 40 илјади луѓе на концерт. Најважните цели на оркестарот во рамките на петгодишното планирање на активностите и развојот се позиционирање на меѓународната музичка сцена, промоција на оркестарот на други континенти, како и изградба на новата концертна сала во Белград – една од најзначајните државни инвестиции во областа од културата. Во текот на концертната сезона 2023/24, Белградската филхармонија слави еден век од своето постоење со неколку големи проекти, со кои ги испишува првите страници во новото поглавје од својата историја. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Шоу бизЏенифер Лопез позира во боди со длабоко деколте (ФОТО)Џенифер Лопез повторно привлече внимание со објава на Инстаграм.57-годишната пејачка сподели неколку фотографии по тренинг, на кои позира во кафеаво боди со длабоко деколте. Освен што ја покажува својата фигура, таа откри и со што сака да се почасти по тренингот - колачиња и млеко. „Вежбајте и јадете колачиња. Рамнотежа“, напиша таа покрај фотографиите. Во коментарите набрзо почнаа да го фалат нејзиниот изглед. „Прекрасна жена“, „Совршенство“ и „Ти си мојата најголема инспирација“ се само дел од пораките што ги оставија нејзините следбеници. View this post on Instagram A post shared by Jennifer Lopez (@jlo) Најави концертен филм Лопез го претстави и својот нов проект, концертниот филм „The JLO Show: Live in Las Vegas“, кој ги носи најинтересните моменти од нејзините настапи во Лас Вегас оваа година. Премиерата е закажана за Денот на благодарноста, 26 ноември, на американската телевизиска мрежа „CBS“ и стриминг платформата „Paramount+“. „Со ова шоу, сакам да раскажам кратка приказна и да им оддам почит на сите забавувачи кои стоеле на оваа сцена пред мене“, рече Лопез во најавата. Таа се подготвувала за настапи до 13 часа на ден Пред премиерата, пејачката и порача на публиката да не престанува да танцува, без оглед на животните предизвици. Таа ја одржа својата последна серија концерти во Лас Вегас во март, а подготовките, според извори за Дејли Меил, биле исклучително напорни. Наводно, таа вежбала кореографија со танчерите во танцово студио во Северен Холивуд до 13 часа на ден, сакајќи да ѝ пружи на публиката најдобра можна изведба. Извор: Индекс.хрТагови: Џенифер Лопез Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМихаилова ја разбранува и Бугарија – на снимка тврди дека тајните служби ѝ се заканувале дека ќе остане без помош15:00Ќе ги отстрани ли новиот Кривичен законик штетните последици од 2023 година?15:00Мицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55На коалициска средба ќе се пеглаат разликите во владата околу полагањето на Правосудниот испит15:00Скопје го одбележува Денот на ослободувањето – 13 Ноември08:49
Михаилова ја разбранува и Бугарија – на снимка тврди дека тајните служби ѝ се заканувале дека ќе остане без помош15:00
Мицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55
АвтомобилизамСпортски автомобил во кој возачот седи како мотоциклист (ФОТО)„Sanrivatti One“ е хипер автомобил со V10 мотор од 800 КС и необична положба за возење.„Sanrivatti One“ е нов хипер автомобил дизајниран исклучиво за возење на тркачки патеки, а неговата најголема карактеристика не е моторот, туку сосема поинаква положба за возење. Наместо вообичаената положба за седење, возачот „лежи“ на стомак, со рацете испружени кон воланот и нозете повлечени назад кон педалите. Проектот го презентираше Сантијаго Санчез Риверо, кој го нарече овој аранжман „Apex Position“. Инспирацијата доаѓа од мотоциклистичките трки, а целта е да му се обезбеди на возачот значително подобро видно поле. Според конструкторите, вертикалното видно поле е 28 степени, додека кај хипер автомобилот што се користи за споредба е 15,5 степени. И покрај својата необична позиција, „Sanrivatti One“ задржува класичен волан и педали, наместо џојстици што се користат во некои експериментални тркачки автомобили. Бидејќи овој автомобил е без преседан, купувачите ќе мора да поминат низ посебна програма за обука. Санчез Риверо планира да организира еден вид клуб каде што сопствениците ќе научат како да го возат автомобилот. Под каросеријата инспирирана од борбен авион се наоѓа атмосферски 5,5-литарски „Judd V10“ мотор. Целната моќност е 800 КС при 9.000 вртежи во минута, со околу 700 Nm вртежен момент. Моќта се пренесува на тркалата преку секвенцијален шестстепен менувач „Hewland“. Конструкцијата е базирана на карбонски монокок, а целната тежина без течности е само 1.100 кг. Дизајнираната максимална брзина е 322 км/ч. Важно е да се напомене дека сите горенаведени бројки се целни вредности засега, бидејќи развојот, тестирањето и хомологацијата се уште се во тек. Првите испораки до клиентите не се очекуваат до 2030 година. Дотогаш, малиот тим зад проектот ќе треба да докаже дека необичната положба на возење всушност носи предности на тркачката патека. Извор: Б92Тагови: Sanrivatti One Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаНасилни судири во Берлин: Полицијата ги удира демонстрантите (ВИДЕО)Нов протест на иницијативата „Gen Z regelt“ во Берлин во саботата навечер доведе до судири меѓу демонстрантите и полицијата.Видео објавено на социјалната мрежа „X“ покажува како полицијата турка и совладува група млади луѓе во вагон на метрото. Според полициските податоци, околу 1.200 луѓе поминале низ западниот дел на Берлин во еден момент, иако собирот бил регистриран само за 100 учесници. Колоната тргнала околу 17 часот од Савињи Плејс во областа Шарлоттенбург, поминала по Курфирстендам и се разотишла на станицата Халенсе, објавува Тагесшпигел . Портпаролката на полицијата изјави во недела наутро дека 20 лица се привремено уапсени, вклучително и за поставување огномет, отпор при апсење и напад на полицајци. Поднесени се 28 кривични пријави, вклучително и за нарушување на јавниот ред, напад на службени лица и кршење на прописите за експлозиви. Тројца полицајци се повредени, додека полицијата не даде информации за повредени демонстранти. Портпаролката додаде дека податоците сè уште се обработуваат и дека бројките би можеле да се променат. The police in Berlin have had enough of those who create chaos in Germany. https://t.co/MOhad35F3m — RadioGenoa (@RadioGenoa) November 15, 2026 Обид за пробивање на полицискиот кордон Како што објави полицијата на својот „WhatsApp“ канал, учесниците се обиделе да го пробијат полицискиот кордон на чело на колоната пред да тргнат. Полицијата ги запрела со туркање и удирање со тупаници. На теренот имало околу 700 полицајци, а колоната била запрена неколку пати за време на нејзиното движење. На митингот биле извикувани слогани против Израел и германскиот канцелар Фридрих Мерц, додека полицијата изјави дека неколку пати биле скандирани и слогани против полицијата. Тагесшпигел пишува дека биле видени палестински и курдски знамиња и дека митингот не бил исклучиво студентски протест, бидејќи присуствувале и левичарски групи и пропалестински активисти. Организаторите го опишаа митингот како мирен и се дистанцираа од насилство и екстремизам. Портпаролката на полицијата рече дека протестот бил во голема мера мирен и дека нема оштетени продавници на Курфирстендам. Најавен е европски штрајк на младите Иницијативата „Gen Z regelt“ протестира против лошите услови во училиштата, задолжителната воена служба и намалувањата на универзитетите и социјалното осигурување. На крајот на октомври, таа организираше протести во повеќе од 30 германски градови, а во Берлин, околу 5.000 луѓе се собраа пред Бранденбуршката порта, според полициските податоци. Најавен е европски штрајк на младите за 20 ноември, а организаторите пријавија 15.000 учесници само во Берлин. Се очекуваат протести и во Франција, Италија, Шпанија, Белгија и Обединетото Кралство.Тагови: Берлин Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМихаилова ја разбранува и Бугарија – на снимка тврди дека тајните служби ѝ се заканувале дека ќе остане без помош15:00Ќе ги отстрани ли новиот Кривичен законик штетните последици од 2023 година?15:00Мицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55На коалициска средба ќе се пеглаат разликите во владата околу полагањето на Правосудниот испит15:00Скопје го одбележува Денот на ослободувањето – 13 Ноември08:49
Михаилова ја разбранува и Бугарија – на снимка тврди дека тајните служби ѝ се заканувале дека ќе остане без помош15:00
Мицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55