Концерт на Аркадиј Володос на Охридско лето

Аркадиј Володос, eден од најистакнатите и најпознатите пијанисти во светот, вечер ќе одржи концерт во црквата „Света Софија“ во рамки на фестивалот „Охридско лето“.


Овој „гениј на клавијатурата“ уште од своето деби, во 1996 година, постигнува бројни успеси низ целиот свет, свирејќи во најпрестижните сали, соработувајќи со врвни оркестри и диригенти, издавајќи бројни компакт дискови. Со својата безгранична виртуозност и поетичност во изведбата Аркадиј Володос ќе не врати во времето на романтизмот, преку убавите звуци на Франц Шуберт, Јоханес Брамс и Роберт Шуман.

- Несомнено е дека Аркадиј Володос е името по кое ќе се памети 54. издание на фестивалот Охридско лето. Особено ми е драго што по неколку години договарање, конечно го имаме Маестро Володос првпат на фестивалот и во Македонија. Володос е предводник на пијанистичката елита на денешницава, а неговото доаѓање значи вистинска гордост и почестеност за фестивалот. Овој „гениј“ со своето исклучително и неверојатно изведувачко мајсторство постојано ја придобива публиката низ целиот свет. Длабоко верувам дека неговиот концерт ќе биде посебен музички настан кој несомнено ќе остави длабоки траги во сеќавањата на публиката, изјави селекторот на фестивалот Гордана Јосифова-Неделковска.

Аркадиј Володос настапувал во Европа, Азија и Америка, каде соработувал со најеминентните оркестри, како: Берлинската филхармонија, Израелската филхармонија, Минхенската филхармонија, Бостонскиот симфониски оркестар, Њујоршката филхармонија и други предводени од реномирани диригенти, меѓу кои Зубин Мехта, Лорин Маазел, Мјунг-Ван Чунг, Џејмс Левајн и многу други.

Концертот е со почеток во 21 часот.

Што прават скопјани на денот на избори?

Избори видени од сосема поинаков агол.. Што прават скопјани за време на денешниот неработен ден..

Иако за многумина денеска е неработен ден, занаетчијата Руфат Илијаз кој веќе 20 години чисти чевли на Скопскиот плоштад, денот ќе го мине работно. Вели занаетот е во изумирање, па стравува дека скулптурата на чистачот на чевли непосредно до неговиот штанд, ќе остане да ги потсетува луѓето на она што тој со години го прави. Илијаз вели дека и покрај денешните работни обврски, ќе го оствари своето право на глас.

„Моментално ја нема таа гужва, нема толку луѓе дека е неработен ден, луѓето коишто имаат обврски некои одат прво на гласање, па си ги завршуваат обврските, меѓутоа раздвиженост нема којзнае колку странци, туристи нешто има. Кога ќе одам дома ќе гласам со жената.“

Занаетот на Илијаз, како што самиот вели, најмногу ги привлекува странските туристи. Токму тие и беа најприсутни денеска на Скопски плоштад. Дел од нив пред камерата на Канал 5 кажаа дека прв пат ја посетуваат државата и се пријатно изненадени.

„Навистина ми се допаѓа, не е како што замислував. Ќе бидеме само во Скопје, но добро е, ми се допаѓа, се чувстутваме безбедно овде и е многу убаво.

„Прв пат сум во Македонија и ми се допаѓа. Ќе го шетаме градот, Кањонот и можеби ќе одиме во Охрид. Убаво, е топло, многу потопло од Шведска.

Најголемиот дел од граѓаните кои ги анкетиравме, велат дека веќе го искористиле своето право на глас, а остатокот од неработниот ден ќе го минат на кафе и на прошетка со пријателите.

За непречено одвивање на изборниот процес, Владата донесе одлука двата изборни денови да бидат неработни. Учениците овие денови ќе ги обработуваат во текот на работната недела преку подолг престој во училиштата.

Репортажа од Војница, село кое пред секои избори добива по 1 километар асфалт на земјениот пат

Канал 5 и денеска го продолжува циклусот на приказни за избирачки места со симболичен број гласачи.. 

На 15-тина километри од Велес во општина Чашка е родното село на поетот Коле Неделковски селото Војница, револуцинерното јадро на македонските одреди кои се бореле за слобода. Симбол на борбеност решителност и слобода. Денеска селото Војница на избирачкиот список е местото со две избирачки места каде право на глас имаат 18 гласачи. Во избирачкото место 2237 и 2238 гласаат жителите на Војница и Крајници.

Гласичките места се во спомен куќата на поетот Коле Неделковски. Во малата соба стојат спомените за неговиот живот и борба. А на зидот стои и фотографијата каде Неделковски го дал својот живот за слобода. Дел од куќата е во лоша состојба ја одржуваат добронамерници од селото. До пладне имаше гласано еден гласач. Васка Мирчевска живее во селото. Да помине жештината и ќе гласа вели правото треба да се исполни но и политичарите треба да мислат на сите граѓани. А природата и историјата може да бидат место каде ќе живеат и луѓе ќе имаат и работа. Во селото има безброј куќи, но луѓе малку.

Голем дел ги користат како викенд куќи. А најголем дел од куќите сведочат за времето кога имало живот, а денеска останале само спомени.

Селото се наоѓа од левата страна на патот Велес Чашка и од овој пат до селото има седум километри. Од делот од асфалат скоро еден километар има земја. Токму за овој дел од патот веруваат дека до следните избори ќе биде асфалитран и ветувањата со години ќе бидат целосно исполнети.

За да се избере претседател, неопходна е излезност од 40%, односно да гласаат 725.727 граѓани

За да се добие претседател во вториот изборен круг неопходно е да излезат над 725 илјади граѓани..

Колку актуелната излезност е индикатор дека ќе се исполни цензусот, анализира Јован Ѓорговски, кој ќе направи и паралела за одѕивот на денешниот и поранешните циклуси од парламентарните избори..

Јован, што вели денешниот тренд, ќе ја имаме ли неопходната излезност за изборите за шеф на државата?

притисни ентер