3Кузеска: Една недела нема одговор од Савески за Алта банка и кривичната –им купува време на Мицкоски и Славески?
Тамара Тодевска на 7 декември со голем концерт „25 години љубов“ – над 40 музичари, хор и безвременски хитови на сцената
2Тамара Тодевска на 7 декември со голем концерт „25 години љубов“ – над 40 музичари, хор и безвременски хитови на сцената
КултураКонцерт на Александра Коцевска и Глигор Гелебешев во ВелесВо Ликовниот салон во Велес синоќа беше одржан концерт на Александра Коцевска соло пеење – мецосопран во пијано придружба на Глигор Гелебешев, кои од публиката беа враќани на бис, а за крај Коцевска ја отпеа популарната ариа Кармен. Концертот беше во организација на Сојузот на музичкии уметници на Македонија (СМУМ) преку проект поддржан од Владата кој се реализира преку Министерството за култура,во рамки на циклусот концерти низ државата насловени „Про музик". Двајцата успешни уметници и професори од ДМУБУЦ „Илија Николовски-Луј" од Скопје пред велешката публика се претставија со дела од Шопен, Гранадос, Сарасате, Росини, со Шпанска канцона и дело од Обрадорс. По успешниот настап во разговор за МИА, тие оценија дека се задоволни од настапот и велешката едуцирана публика која знае што е добра класична музика. Проф Глигор Гелебешев вели дека во Велес настапувал повеќепати и како солист и како пијано придружба и како камерен музичар и оценува дека велешката публика е едуцирана познава и многу сака класична музика и дека тој со задоволство доаѓа во Велес, а сега и со неговата колешка Александра Коцевска. На новинарско прашање колку е важно освен во Скопје да настапат и во други градови во внатрешноста на земјата, тој појасни дека тоа е важно за нив како уметници но и за публиката која за ваков настан не мора да патува во Скопје. Гелебешев искажа голема благодарност што во таа насока ја добивата подршката од Министерството за култура. Тој информира дека овој програм со кој настапија во Велес е нов и планираат понатаму со овој концерт да настапат и во странство. За разлика од Гелебешев неговата колешка Александра Коцевска првпат настапува – пее во Велес. -Јас сум задоволна од настапот посебно од салата, бидејќи тука можете да си го слушате и да си го раководите гласот во ваква прекрасна сала. Имаше многу публика, а тогаш адреналинот расте и вие имате чувство дека треба навистина да го докажете тоа што сте го работеле со години, појаснува Коцевска. Таа вели дека настапот во внатрешноста многу и значи бидејќи нејзините почетоци биле во педагогијата кога почнала во 1996 година во Штип и каде е основоположник на соло пеењето. – Многу ми значи што во овие четири години настапував во многу градови и гледав тоа да е музука која е привлечна за народот не многу тешка за слушање,меѓутоа привлечна и гледам дека луѓето навистина се желни за музика. Не само за народната и забавната, тука и за класичната и сакаат да слушнат нешто навистина убаво. Затоа јас на крај на концертот на бис ги наградив со популарната арија Кармен,затоа што народот ја познава и ја сака и затоа се одлучив токму нејзе да ја изведам, а и затоа што е за мецосопран,појасни Коцевска. Воедно најави дека на 18 декември ќе има свој последен годинашен концерт во салонот 19/19 во Скопје. Коцевска информира дека годинава и била многу плодна и настапила во повеќе градови во земјава: во Прилеп со „Трио колегиум",имала настап со дуо „Пани" односно како квартет во Кочани, со „Трио колегиум" во Штип,настапувала на „Куклите". Во понеделникот имала концерт „Танго звуци" во Музејот на македонска народна борба, a претходно и голем проект докуметарен филм со Македонската телевизија за големата композиторка Клара Шуман./MИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Шоу бизЏенифер Лопез: Разводот од Афлек е разочарување на сите нивоаСветската музичка ѕвезда, Џенифер Лопез отворено проговори за своите неуспешни бракови, вклучително и за разводот од холивудскиот заводник, актерот Бен Афлек. Таа призна дека, по нејзината најнова разделба, морала повторно да ги преиспита сопствените одлуки и да научи како да пронајде среќа без партнер. Гостувајќи во подкастот „Friends Keep Secrets“ – како што пренесува „Page Six“ – Лопез го опиша разводот од Афлек како разочарување на секое ниво. Таа откри дека со години преминувала од една сериозна врска во друга, верувајќи секојпат дека ја пронашла личноста со која ќе го помине остатокот од својот живот. „Постојано бев во сериозни врски, една по друга, барајќи го ’оној вистинскиот‘ и надевајќи се дека овој пат, конечно, тоа е тоа“, раскажа таа. Како што објасни, овие разделби ја оставиле целосно скршена – до тој степен што, во одредени моменти, немала сила дури ни да стане од кревет. Со текот на времето, сфатила дека проблемот не лежи само кај нејзините партнери, туку и во обрасците на однесување што постојано ги повторувала. Како резултат на тоа, морала да научи да се сака себеси. Лопез призна дека дури ни големата популарност не ѝ помогнала да се ослободи од чувството на осаменост. – Долго време бев славна и се чувствував малку изгубено во светот. Тоа е осамен живот. Луѓето мислат дека постојано сте опкружени со други луѓе, но сепак, на некој начин, сте осамени – рече таа. Лопез првпат стапи во брак со Оџани Ноа во 1997 година, а нивниот брак заврши во 1998 година. Од 2001 до 2003 година беше во брак со танчерот Крис Џад. Во трет брак стапи со пејачот Марк Ентони. Заедно ги имаат 18-годишните близнаци Макс и Ема, а се разведоа во 2014 година. На почетокот на 2000-тите беше свршена со Бен Афлек, но раскинаа во 2004 година. Речиси две децении подоцна ја обновија љубовта и се венчаа во 2022 година. Лопез поднесе барање за развод во август 2024 година, на втората годишнина од нивната венчавка во Џорџија. Бракот официјално заврши на почетокот на 2025 година.Тагови: Џенифер Лопез Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаДЕМАНТ од САНТЕ ПЛУС ГРУП СкопјеСанте Плус Груп Скопје побараа да објавиме демант на веста поврзана со одреден финансиски криминалПЗУ „Санте Плус Груп“ Скопје реагираше до нашата интернет редакција за неоснованото и неточно поврзување со деветтемина осомничени и со предметната истрага за финансиски криминал. Грешката настана поради ненамерна пермутација на називите на здравствените установи. Недвосмислено појаснуваме дека ПЗУ „Санте Плус Груп“ Скопје не е установата на која се однесуваат објавените наводи и дека во неа не се вршат операции на очи. Исто така наводите за двојна наплата на здравствени услуги, противправна материјална корист од речиси 4,5 милиони евра и штета на Буџетот од 1,7 милиони евра не се однесуваат на оваа установа. Јавно ги повлекуваме и се извинуваме за ненамерните невистинити констатации во нашата вест како и за неточните поврзувања на оваа установа со лицата опфатени со истрагата. Во духот на професионалните новинарски вредности, посочената сторија ќе биде симната од нашата интернет страна. Канал 5 ТВ ИнтернетКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветВидео: Трамп, Путин и Си на свечена вечера во КинаПретседателот на САД, Доналд Трамп, пристигна во Шенжен, Кина, каде што на аеродромот лично го пречека кинескиот претседател Си Џинпинг, што претставува отстапување од вообичаениот протокол. Претходно, Си се сретна со рускиот претседател Владимир Путин, а за утре е предвидена трилатерална средба меѓу тројцата лидери во рамките на самитот на АПЕК. Се очекува нуклеарното разоружување да биде една од главните теми. Putin, Trump and Xi Jinping shake hands and briefly exchange remarks. https://t.co/0epxbYNJJm — Clash Report (@clashreport) November 18, 2026 Американскиот претседател Доналд Трамп и рускиот претседател Владимир Путин пристигнаа на свечена вечера, чиј домаќин е кинескиот претседател Си Џинпинг, во рамките на самитот на АПЕК. Trump arrives at APEC Economic Leaders' Meeting accompanied by live music from Chinese performers https://t.co/4RMZygITCZ — RTBreaking (@RT_Breaking_) November 18, 2026 Тагови: Владимир Путин Доналд Трамп Кина Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter