3Јанчев: Нашата програма е остварена речиси 90 проценти, а Кавадарци се развива со нови милионски инвестиции
КултураКонцерт „Монастир“ денеска напладне во Предворјето на „Света Софија“Тринаесеттиот фестивалски ден на 62-то „Охридско лето“ продолжува денеска напладне со проектот „Монастир“ кој во Предворјето на црквата „Света Софија“ ќе спои музичари од Израел, Република Македонија и САД.Тие ќе изведат песни кои во минатото биле омилени кај Евреите од Монастир со тематика што во себе носи носталгија, меланхолија, спасение и слично. Некои песни се изведуваат на јазикот Ладино, сефардски јазик кој го говореле Eвреите во Монастир, додека пак други се на еврејски и на македонски, и во нив се споменуваат Евреите од Монастир. „Монастир“, проект предводен од вокалистката и композиторка Сара Ароесте ја слави богатата еврејска култура која цветала во Монастир (денешна Битола) пред Втората светска војна. Ароесте која потекнува од Монастир - Битола посветува години на истражување и проучување на приказните и музиката на оваа сега веќе непостоечка заедница. За време на пандемијата, Сара Ароесте успева дa го создаде и сними албумот заедно со нејзиниот музички соработник Шаи Бахар (Израел), и албумот е издаден во 2021 година кога добива одлични критики и награди. Концертот ова лето претставува прва изведба во живо на албумот заедно со Хелена Суша, Вевки Амедов, Сефедин Бајрамов, Шани Шавит, Мајан Доари и други гости. Со неверојатни визуелизации и со нови, но и стари композиции „Монастир“ ја раскажува музичката историја на една заедница која била нераскинлив дел од животот во Македонија. Проектот е еден вид сведочење за едно минато време, со надеж дека музиката од тој период ќе продолжи да „живее“ и денес. Овој проект е поддржан од Фондот на Холокаустот на Евреите од Македонија. Целовечерен концерт со македонските уметници Томе Атанасов и Марија Ѓошевска Во рамките на музичката програма на „Охридско лето“ , во црквата „Света Софија“ вечерва од 21 часот ќе се одржи концерт на македонските уметници, обоистот Томе Атанасов и пијанистката Марија Ѓошевска. Томе Атанасов, првите едукативни насоки во музиката ги добива во средното музичко училиште во Скопје во класата на својот родител и педагог м-р Васил Атанасов. Добитник е на стипендија на престижната Interlochen Arts Academy во САД (2002) во класата на познатиот педагог Даниел Столпер, каде добива богато уметничко искуство. Студиите ги продолжува на Универзитетот за уметности во Есен, Германија во класите на проф. Пјер Фајт и Михаел Низеман. Меѓу неговите ментори се вбројуваат имиња на прочуени педагози, обоисти од светот: Давид Волтер, Штефан Шили, Џон Мек, Илејн Дувас, Џозеф Робинсон, Алексеј Огринчук, Вaшингтон Барела, Христо Касметски и други. Звукот на неговата мелодична,привлечна за уво интерпретација, продолжува да го носи на врвни концертни сцени на кои свири фасцинантно освојувајќи ја целосно публиката. Незаборавни се настапите со Филхармонијата на Република Северна Македонија, Камерниот оркестар „Скопски солисти",Триото „Атанасов", „Симфониета" Софија, но најголем подвиг се бројните настапи со Камерната филхармонија од Келн, како и многуте концертни турнеи низ Европа, Азија, Австралија и САД. Соработува со повеќе оркестри меѓу кои: Камерна филхармонија - Келн, Класична филхармонија - Бон, Филхармониски оркестар - Франкфурт, Филхaрмониски оркестар - Хаген, Вестфалиска камерна филхармонија Гутерсло, Симфониски оркестар Рур, Нова филхармонија- Келн, Филхармонија на нациите, Симфониски оркестар „Нирвана“ од Јужна Кореја... Томе Атанасов покрај бројните награди од државните натпревари за музика во земјата е лауреат на натпреварот „Mузички таленти" во Софија - Бугарија и добитник на наградата „Феникс" за врвни постигнувања во музичката уметност за 2015 г. Моментално е прв обоист на Националната опера и балет. Марија Ѓошевска е една од најистакнатите пијанистки во нашата земја. Дипломира, магистрира и докторира на Факултетот за музичка уметност во Скопје во класата на истакнатиот пијанист и педагог проф. Борис Романов. Добитник е на повеќе награди и признанија на голем број државни и меѓународни натпревари. Како солист и камерен музичар настапува на сите реномирани фестивали во Македонија но и надвор од неа во САД, Англија, Франција, Австрија, Италија, Полска, Чешка, Хрватска, Србија, Бугарија, Турција итн. Настапува како солист со Филхармонијата на Република Македонија, а значајни се и концертите со Симфонискиот оркестар во Дубровник, Камерниот оркестар на Музичка Младина на Македонија и фестивалскиот оркестар на меѓународниот фестивал „Охридско лето”, соработувајќи со повеќе домашни и странски диригенти. Често настапува како камерен музичар и пијано соработник со истакнати инструменталисти. Ѓошевска е еден од македонските учесници во проектот „Пијано – рефлексија на европската култура” со концерти во пет земји: Франција, Австрија, Полска, Молдавија и С. Македонија. Во октомври 2021 година, на покана од Маестро Антони Вит и филхармонијата во Краков, го изведе Пијано концертот бр.2 од Сергеј Рахмањинов како дел од концертната сезона 2021/22 на овој оркестар. Во април 2016 година се закитува со престижната награда „Виртуози” за најдобар музички изведувач во 2015 година. Неколку години подоцна, во 2018 година ја добива наградата „Златна лира“ од Сојузот на музички уметници на Македонија за врвни уметнички достигнувања. Марија Ѓошевска е редовен професор и раководител на катедрата за клавишни инструменти и харфа и раководител на трет циклус - докторски студии за музичка интерпретација и композиција на Факултетот за музичка уметност при Универзитетот „Св.Кирил и Методиј” во Скопје.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
АвтомобилизамФолксваген подготвува повлекување на 5.000 електрични возила- погодени се пет модели Германскиот производител на автомобили „Фолксваген“ се подготвува да повлече неколку илјади електрични возила во Германија поради неисправни високонапонски ќелии на батериите.Германскиот производител на автомобили „Фолксваген“ се подготвува да повлече неколку илјади електрични возила во Германија поради неисправни високонапонски ќелии на батерии, кои во екстремни случаи можат да предизвикаат пожари, објави денес компанијата со седиште во Волфсбург. Внатрешните контроли за квалитет утврдија дека некои ќелии на батерии во одредени возила од семејството модели ID не ги исполнуваат пропишаните стандарди поради грешки во производството кај добавувачот. Проблемот во ретки случаи може да доведе до прекумерно загревање на батеријата, а во најлош случај и до пожар. Според германскиот весник „Ханделсблат“, засегнатите возила ги вклучуваат моделите „ID.3“, „ID.4“, „ID.7“ и „ID. Buzz“, како и моделот „Cupra Born“, кој го произведува шпанскиот SEAT во рамките на групацијата „Фолксваген“. Повлекувањето веќе е започнато во Обединетото Кралство и САД, а компанијата подготвува соодветни мерки во Германија и на други пазари, во соработка со надлежните органи. Како привремена безбедносна мерка, „Фолксваген“ го ограничува полнењето на засегнатите автомобили на максимум 80 проценти од капацитетот на батеријата. Дел од возилата ќе бидат испратени во овластени сервисни центри за проверка на високонапонските батерии, а ограничувањето за полнење ќе биде укинато само откако ќе се утврди дека батеријата е во добра состојба. Компанијата ќе ги извести засегнатите сопственици по писмо, со информации за постапката и следните чекори.Тагови: електрични возила фолксваген Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски најави информирање на НАТО за бегството на Михаилова во Бугарија15:00Мицкоски: Бугарија може да стане прибежиште за криминалци,за случајот со Михаилова ќе разговараме со партнерите во НАТО и ЕУ 08:42Мицкоски: Апсолутна лага е дека Михаилова и адвокатот границата ја минале легално15:00Мицкоски: Нова инвестиција на „Кромберг и Шуберт“ и 2.000 нови работни места во Битола, за производство на Ауди12:11Мицкоски на потпишување договор за нова инвестиција08:43
Мицкоски: Бугарија може да стане прибежиште за криминалци,за случајот со Михаилова ќе разговараме со партнерите во НАТО и ЕУ 08:42
Мицкоски: Нова инвестиција на „Кромберг и Шуберт“ и 2.000 нови работни места во Битола, за производство на Ауди12:11
БалканБугарија на нозе поради Путин: Демонстрантите бараат оставки од Радев и Јотова (ВИДЕО)Стотици луѓе се собраа вчера пред зградата на бугарското претседателство во Софија, барајќи оставки од премиерот Румен Радев и претседателката Илијана Јотова.Стотици луѓе се собраа вчера пред зградата на бугарското претседателство во Софија, барајќи оставки од премиерот Румен Радев и претседателката Илијана Јотова, протестирајќи против она што организаторите го нарекоа проруска политика на владата. Протестот беше закажан за 18:30 часот, а повеќе од 10.000 луѓе го потврдија своето присуство преку Фејсбук страницата на настанот. Протестот беше поддржан од организациите BOEC, Движењето за јавен притисок, Движењето „3 март 1918“ и други групи. Демонстрантите скандираа: „Оставка и затвор - Радев е срам!“ Организаторите ги обвинија Радев и Јотова дека се засрамиле со својот став за инцидентите во кои бродови биле потонати или погодени во ексклузивната економска зона на Бугарија. Тие тврдат дека Русија стои зад нападите и дека лидерите на земјата одбиваат да го признаат тоа, објавува порталот „Новините“. „Јотова и Радев се целосно засрамени од нивното однесување во врска со инцидентите со бродовите што беа потонати или погодени во ексклузивната економска зона на Бугарија. Цела Европа знае дека ова беа руски напади, само нашиот претседател и влада се преправаат дека не знаат. Доста со менталитетот на „зелени чорапи“ (воено-политички кадри)! Доста со глупостите! Доста со зависноста од Русија! Плоштадот нè чека!“, рекоа организаторите. 🇧🇬#Bulgaria: People gathered in Sofia to protest against the reaction of the PM and the President after 4 ships were hit near the coast of Bulgaria. While most of the ships have links to Ukraine and the people it's obvious Russia hit them, PM Rumen Radev and President (former vice-president to Radev) Iliyana Yotova keep claiming there is no evidence which side hit the ships. Many Bulgarians are worried since Radev, this government and Yotova have proven to be pro-Russia in their words and actions. — Nina Petrova (@the_nina_way) October 15, 2026 Тие оценија дека Бугарија станала цел на агресијата на рускиот претседател Владимир Путин откако поранешните комунисти, за кои тврдат дека само се преправале како „прогресивни“ (Прогресивната бугарска партија), дошле на власт. Според организаторите, во текот на петте месеци од владеењето на Радев, режимот што го нарекоа „путинистички“ бил одговорен за серија саботажи на бугарска територија. Тие вклучуваат пожари во воени магацини, напад врз копнена станица Старлинк и руски напади со беспилотни летала врз четири брода во ексклузивната економска зона на Бугарија пред само неколку дена. Организаторите тврдат дека цивилни морнари биле убиени во нападите. Тие ги обвинија Радев и Јотова дека ја влечат Бугарија во војна со, како што рекоа, кукавичко однесување. Протестот се одржа и откако украинскиот претседател Володимир Зеленски објави дека Украина ќе продолжи со нападите врз руските рафинерии за нафта бидејќи повеќе не се смета себеси за обврзана од таканареченото енергетско примирје објавено од американскиот претседател Доналд Трамп. Зеленски, исто така, го критикуваше Трамп минатата недела за неговиот договор за дизел со рускиот претседател Владимир Путин. Зборувајќи во Брисел, бугарскиот премиер Радев се спротивстави на нападите врз рафинериите и енергетските капацитети за време на пресметката меѓу Украина и Русија. Тој го поддржа договорот Трамп-Путин за рускиот дизел, нарекувајќи го „чекор 2 што обезбедува намалување на цените на горивата“. Еден од демонстрантите во Софија рече дека надворешната политика на владата го поттикнала да излезе на протест. „Тука сум затоа што почнувам малку да се чувствувам засрамен. Не можам да ја разберам оваа повеќеслојна, повеќенасочна надворешна политика на владата“, рече демонстрантот.Тагови: Бугарија Румен Радев Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МетеоСончево за време на викендот со температури од 0 до 20 степени Утре времето ќе биде сончево со умерена локална облачност, соопштуваат од УХМР.МАКСИМАЛНА ТЕМПЕРАТУРА 4 Попова Шапка, 8 Крушево, 11 Берово, 12 Прилеп, 14 Претор, Крива Паланка, 15 Битола, Охрид, Тетово, Штип, 16 Зајчев Рид, Виница, Велес, Скопје Петровец, 17 Кавадарци, 18 Демир Капија, Струмица, Гевгелија. КОЛИЧИНА НА ВРНЕЖИ за изминатите 9 часа во (l/m2) 1 Штип. ВРЕМЕТО ДЕНЕСКА И ДО КРАЈОТ НА ДЕНОТ Времето денес беше променливо облачно, наместа со повремени локални врнежи од дожд. Дуваше слаб до умерен, повремено засилен ветер од северен правец. Во вечерните часови ќе има услови за повремени локални врнежи од дожд. ВРЕМЕТО УТРЕ Сончево со умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 7, а максималната ќе достигне од 13 до 20 степени. Во Скопје, сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне до 18 степени. ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ Следува период на стабилно и релативно топло време со променлива облачност во текот на денот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook