Астероидот моментално се наоѓа во близина на Марс, а неговата орбита се очекува да се пресече со орбитата на Земјата за околу еден милион години, објави индискиот институт за вселенско образование СПИС Индија. Тоа е, патем, приватен институт каде двете девојчиња изучувале астрономија.
„Со нетрпение очекувам да добијам шанса да го именувам астероидот“, изјави Ваидехи Векарија, една од ученичките која што го откри астероидот, додавајќи дека сака да стане астронаут кога ќе порасне.
Астероидот, кој моментно го носи името HLV2514, би можел да добие незаборавно име кога НАСА ќе ја потврди неговата орбита, изјави за Ројтерс портпаролката на SPACE India.
Радика Лахани, другата ученичка вклучена во откритието на астероидот, рече дека напорно работи на своето образование: „Јас дури и немам телевизор дома за да можам да се концентрирам на учењето“.
Астероидите и кометите претставуваат потенцијална закана за Земјата, а научниците откриваат илјадници нови секоја година. На пример, во 2013 година, астероид потежок од Ајфеловата кула експлодира во атмосферата над централна Русија, повредувајќи повеќе од 1.000 луѓе од ударниот бран предизвикан од експлозијата.
Девојките кои го откриле новиот астероид доаѓаат од Сурат, град во западна Индија. Астероидот е откриен како дел од голема потрага по астероиди спроведена од САРС Индија во соработка со ИАСЦ (Меѓународна соработка за астрономски пребарувања), на група научници поврзани со НАСА.
Директорот на IASC, Ј.Патрик Мулер го потврди откритието за Ројтерс.
Ученичките користеле специјализирана програма за да ги анализираат сликите направени од телескопот „Пан-СТАРС“ лоциран на Хаваи, со чија помош го откриле новиот астероид во јуни.
SPACE Индија е една од неколкуте приватни образовни иницијативи во Индија, земја позната по користење на ниско буџетна вселенска технологија, која пак ги поттикна мисиите на Месечината и на Марс.