Комунистички НЛО: Рај за црвената елита (фото) - Канал 5

Комунистички НЛО: Рај за црвената елита (фото)

На три часа оддалечен од Софија, во срцето на Стара планина, патот полн со дупки води до историскиот споменик Бузлуџа.

Комунистички НЛО: Рај за црвената елита (фото)
Го викаат комунистичкиот НЛО.

Бузлуџа е бетонска градба која може да се види и од неколку километри оддалеченост и се наоѓа на едно од највисоките врвови на Стара планина.

На врвот на споменикот Бузлуџа, кој е висок 70 метри, се наоѓа голема црвена ѕвезда, симболот на комунизмот.



Дизајнирана како НЛО, поради што и го добила тој „прекар“, а иако по целиот Балкан има разни интересни комунистички споменици, малку има толку интригантни како Бузлуџа, која од средината на деведесеттите привлекува огромен број авантуристи и урбани истражувачи.

До Бузлуџа нема јавен превоз, односно нема никаков превоз, дури ни туристички, па посетителите мораат самите да се снаоѓаат за да дојдат до него.

Бузлуџа е изграден во 1981 година, после осум години градење, а изградбата била нарачана од тогашната владејачка комунистичка партија. Споменикот е дигнат во слава на комунистичкиот напредок во државата и бил отворен за јавноста која можела да дојде и да го посети.

Изградбата на споменикот не го финансирала партијата, туку обичните граѓани, Бугарите, “доброволно донирале“ дел од своите месечни плати за Бузлуџа да биде изграден, а работниците кои работеле на градилиштето практично волонтирале, исто така “доброволно“.

Шеесетина уметници после изградбата потрошиле 18 месеци за ентериерот да биде збогатен со цртежи, мозаици, коридори и останатите детали кои партијата ги барала.

Бузлуџа пред се бил седиште на Комунистичката партија, која сакала што поголем споменик за да се прикаже во што помоќно светло.

Тука со години се одржувале седници, конференции и разни службени прослави, се до падот на Советскиот сојуз. Затворен е 1989 година.

Градбата останала напуштена и веќе после неколку години почнала да пропаѓа.

Чинела денешни пет милиони евра, а после падот на комунизмот бугарската влада немала пари за реновирање ниту за рушење на Бузлуџа.


Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Преговорите меѓу Русија и Украина ќе продолжат наскоро, ќе се придружат ли европски претставници?

Има напредок во преговорите меѓу Русија и Украина, нов состанок е веќе закажан, а европски претставници би треало да се вклучат во преговорите веќе од наредниот состанок.

Преговорите меѓу Русија и Украина ќе продолжат наскоро, ќе се придружат ли европски претставници?

Изјавија двајцата американски медијатори - Стив Виткоф и Џеред Кушнер. Според најавите, следната рунда преговори би можеле да се оддржат во рок од две недели, меѓутоа учество на Европа засега не е потврдено од ниту еден европски претставник.

Вчера, на состанокот на Европската политичка заедница, дел од европските лидери се спротиставија на барањето на Русија безбедносната архитектура на Европа да се дискутира како дел од мировните преговори за Украина.

Францускиот претседател Емануел Макрон порача дека безбедноста на Европа ќе се одлучува во Европа, додека пак, високиот претставник на ЕУ – Каја Калас посочи дека постои редослед на дипломатскиот процес – прво прекин на огнот во Украина па мировно решение, а во последната фаза би можело да се дискутира за пост-воената европска безбедносна архитектура.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Скопје го одбележува Денот на ослободувањето – 13 Ноември

На денешен ден пред 82 години, на 13 ноември 1944 година, Скопје беше ослободено од фашистичката окупација. 

Скопје го одбележува Денот на ослободувањето – 13 Ноември

По повод празникот, предвидено е положување цвеќе пред Споменикот на ослободителите на Скопје на Партизанските гробишта во Бутел, на Алејата на заслужните граѓани на гробот на генералот Михајло Апостолски на гробиштата во Бутел, како и пред споменикот на Ослободителите на Скопје пред зградата на Владата.

Скопје денеска го одбележува 13 Ноември, Денот на ослободувањето на градот во Втората светска војна .

Од Град Скопје информираат дека вечерва во Македонската опера и балет ќе се одржи свеченото доделување на наградата „13 Ноември“.

На денешен ден пред 82 години, на 13 ноември 1944 година, Скопје беше ослободено од фашистичката окупација. Во ослободителните операции учествувале 42. и 50. Народноослободителна дивизија на македонската војска и 16. Македонска бригада, кои по неколкудневни жестоки борби влегле во градот.

Борбите се воделе на повеќе локации низ Скопје, меѓу кои на улицата „Илинденска“, кај Главната пошта, Офицерскиот дом, Народната банка и Старата железничка станица. Македонските борци ја спасиле хидроцентралата „Матка“ од уништување, додека граѓани учествувале во одбраната на Камениот мост од минирање.

Во борбите за ослободување на Скопје загинале повеќе од 420 борци, а за време на целата Втора светска војна животот го загубиле околу 4.600 скопјани.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Бесплатни скрининг тестови за рак на простата денеска во Железничар

Во здравствениот дом Железничар денеска ќе има бесплатни тестирања за рак на простата.

Бесплатни скрининг тестови за рак на простата денеска во Железничар

Бесплатниот скрининг е наменет за мажи над 45 години и ќе се спроведува во рамки на кампањата „Мовембер“ односно ноември - месец за подигнување на свеста за машкото здравје. Бесплатните прегледи ќе се одвиваат од 13 часот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер