Десетгодишно дете од Скопје е тешко повредено откако било удрено од автомобил управуван од 70-годишна жена
1Десетгодишно дете од Скопје е тешко повредено откако било удрено од автомобил управуван од 70-годишна жена
3Македонски дипломат бил повикан во бугарското МНР, откако на бугарски пратеник не му бил дозволен влез во земјава
ТехнологијаКомпнаијата „Adobe“ направи алатка за работа на повеќе луѓе на еден проектАлатката „Productions“ е направена да ја олесни работата на неколку луѓе во исти проект, а дизајнирана е најмногу за луѓето од светот на филмот.Новиот „Productions“ панел им нуди можност на креативците да ги споделуваат деталите од проектот меѓу себе. Повеќе монтажери со овој додаток можат да работат на ист проект со помош на локално или заедничко складиште, а се ќе биде прикажано внатре во одделот за фајлови во програмата „Premier“. За тоа да работи, не треба дури ниту интернет конекција. „Adobe“ ја намени новата алатка за креативците и професионалците кои работат на големи и комплекси проекти, како играни филмови и ТВ серии. „Adobe“ веќе има слична алатка која се вика „Team Projects“, која пак овозможува работа на еден заеднички проект на луѓе од различна професија- монтажери, графички дизајнери, аниматори... Исто така за оваа алатка е потребна интернет конекција. Новата алатка „Productions“ ќе биде достапна од следното ажурирање на „Creative Cloud“ наведува „PC Press“.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМакедонски дипломат бил повикан во бугарското МНР, откако на бугарски пратеник не му бил дозволен влез во земјава08:45„Секси мама“ врз грoбот на Никола Карев во „Македониум“ - 500 евра платил косовски рапер за спотот 18:05Косовскиот рапер Дон Џони го изнајмил Македониумот за 500 евра за снимњае на спотот „Секси мама“14:00Мицкоски: За да имаме ефект во преговорите со Бугарија добро е да има претставници од Европската унија 11:11Дизелот од полноќ поевтин за 4,5 денари, бензините поскапи за денар08:38
Македонски дипломат бил повикан во бугарското МНР, откако на бугарски пратеник не му бил дозволен влез во земјава08:45
„Секси мама“ врз грoбот на Никола Карев во „Македониум“ - 500 евра платил косовски рапер за спотот 18:05
Косовскиот рапер Дон Џони го изнајмил Македониумот за 500 евра за снимњае на спотот „Секси мама“14:00
Мицкоски: За да имаме ефект во преговорите со Бугарија добро е да има претставници од Европската унија 11:11
МакедонијаДесетгодишно дете од Скопје е тешко повредено откако било удрено од автомобил управуван од 70-годишна женаДесетгодишно дете од Скопје е тешко повредено откако било удрено од автомобил „шевролет“, управуван од 70-годишна скопјанка.Несреќата се случила во неделата околу 20 часот на крстосницата од улицата „Христо Татарчев” и улицата „Франк Харкорт Манинг” во Скопје. „Пријавено е дека 70-годишната М. Г. од Скопје, управувајќи патничко возило ‘шевролет’ со скопски регистарски ознаки, удрила во 10-годишно дете од скопје“,информираат од МВР. Детето се здобило со тешки телесни повреди, констатирани во болницата „Свети Наум Охридски” во Скопје.Тагови: сообраќајка Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСо изведување докази продолжува судењето за „Државна Лотарија“Со изведување на материјалните докази од страна на Јавното обвинителство денеска во Основниот кривичен суд Скопје треба да продолжи судењето за предметот „Државна Лотарија“, во кој меѓу обвинетите се поранешниот прв вицепремиер Артан ГрубиСо изведување на материјалните докази од страна на Јавното обвинителство денеска во Основниот кривичен суд Скопје треба да продолжи судењето за предметот „Државна Лотарија“, во кој меѓу обвинетите се поранешниот прв вицепремиер Артан Груби и поранешниот директор на АД „Државна Лотарија“, Перпарим Бајрами. Покрај поранешниот вицепремиер Артан Груби и ексдиректорот на лотаријата Перпарим Бајрами, кои беа во бегство, но се вратија и се предадоа на властите во земјава, во овој судски предмет обвинети се и Башким Авди, Методија Димовски, Скендер Мехмети, Бојан Јанев, Фатмир Рамадановски и Александар Димитриоски. Тие се товарат дека со пречекорување на службените овластувања предизвикале штета на Ад „Државна Лотарија“ во износ од над 9 милиони евра.сите обвинети во претходниот тек на постапката се изјаснија дека не се чувствуваат виновни за делата што им се ставаат на товар.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ФудбалЛошо второ полувреме за нов пораз на најдобрите фудбалери во Лигата на нации Најдобрата фудбалска репрезентација на Македонија и покрај осумте нови фудбалери во однос на лошата премиера против Швајцарија, синоќа го доживеа и вториот пораз во новото издание на Лигата на нации. На гостувањето во Љубљана по лошото второ полувреме, Словенија славеше со 2-0 . Избраниците на Гоце Седлоски имаа рамноправно прво полувреме, но повторно останаа без реализација. Словенците го скршија нашиот отпор во вториот дел, постигнаа два гола и стигнаа до победа и три бода. Седлоски направи дури осум промениво стартниот состав во однос на дуелот со Швајцарија. Македонија добро се постави на теренот и во најголемиот дел од првото полувреме успеваше да му парира на домаќинот. По две кола во Б-дивизијата од новата сезона во Лигата на нации Македонија е без бодови и постигнат гол.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter