Комплетирано третото коло во Евролигата - Канал 5

Комплетирано третото коло во Евролигата

Во кошаркарската Евролига синоќа се одиграа четири средби со кои беше комплетирано 3.коло во ТОП 16 фазата.

Комплетирано третото коло во Евролигата
Најголемото изненадување се случи во Атина каде гераманскиот Бамберг го совлада Олимпијакос со 77-72. На останатите три натпревари, Химки беше подобар од Лаборал со 76-68, Реал Мадрид го совлада Жалгирис со 92-86, а турското дерби Анадолу Ефес - Дарушфака го доби домашиот тим со 84-71.

На средбите одигран ден порано беа постигнати овие резултати: ЦСКА Москва - Барселона 93-82, Фенербахче - Кубан 85-79, Панатинаикос – Црвена Звезда 63-74 и Уникаха - Цедевита 90-67.

Табели:
Е група: Фенербахче 3-0 (победи-порази), Уникаха 2-1, Ефес 2-1, Кубан 2-1, Ц.Звезда 1-2, Панатинаикос 1-2, Цедевита 1-2, Дарушфака 0-3

Ф група: Бамберг 1-2, ЦСКА Москва 2-1, Олимпијакос 2-1, Реал Мадрид 2-1, Химки 2-1, Каха 1-2, Барселона 1-2, Жалгирис 0-3.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Над 3 милиони евра е штетата од кражбата во електровлечната подстаница Драчево, која сега е целосно нефункционална

Над 3 милиони евра е штетета од кражбата во подстаницата Драчево, по која таа остана целосно нефункционална, откако засега непознати сторители превртеле два трансформатори тешки околу 30 тони, украдени се бакарни жици, пруги и други вредни компоненти.

Над 3 милиони евра е штетата од кражбата во електровлечната подстаница Драчево, која сега е целосно нефункционална

По тешката кражба во која засега непознати сторители демонтираа и уништија два железнички трансформатори тешки по 27 тони во Драчево и украдоа бакарни компоненти, електровлечната подстаница остана целосно нефункционална. Штетата се проценува на над 3,5 милиони евра. Во моментов, како што велат од Македонски железници – Инфраструктура, на терен се екипи кои работат на нормализирање на железничкиот сообраќај на тој дел од градот.

Според директорот Синиша Ивановски, зад тешката кражба најверојатно стојат лица кои имаат високо познавање за работа со висок напон, а поради актуелните градежни зафати во тој дел, најверојатно имале информација дека струјата е исклучена. Тој потврди дека веќе се води истрага за тоа каде потфрлиле чуварските служби на железницата, но посочи дека поради големиот опсег на железничката инфраструктура е невозможно целата територија физички да биде обезбедена.

„Овој терен, од Драчево кон Скопје, поради градскиот воз е исклучен од струја. За некој да пристапи таму и да работи, мора да има точна информација дека струјата е исклучена, бидејќи напонот од 110 киловолти е исклучително опасен и ризичен по живот. Некој знаел дека таму нема струја и се осмелил да го направи ова. Ако смеам слободно да кажам, ова е и тероризам, бидејќи покрај финансиската штета, сериозно е загрозена безбедноста на сите патници во железничкиот сообраќај“, вели Ивановски.

Од полицијата велат дека се трага по сторителите. При увидот на местото на кражбата било утврдено дека е оштетена електроенергетската опрема, а од објектот е одземен бакар.

„На 25.07.2026 година во 14:25 часот во СВР Скопје е пријавено дека во електричната подстаница Драчево, сопственост на Македонски железници, во изминатите шест месеци од страна на непознат сторител е извршена тешка кражба, при што е оштетена електроенергетската опрема и е одземен бакар“, велат од МВР.

Инаку, во електровлечната подстаница Драчево, лоцирана помеѓу железничките станици Лисиче и Драчево, при кражбата биле превртени два трансформатори тешки околу 30 тони.

Од нив било истурено трансформаторското масло, а бакарните намотки и другите вредни компоненти биле целосно отстранети и украдени, поради што објектот остана целосно нефункционален. За извршување на кражбата биле користени специјализиран алат и хидраучична дигалка а истражителите утврдуваат по кој пат механизациајта била донесена на местото.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Вучиќ: Претседателски избори во декемви или јануари, најдоцна до почетокот на февруари

Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска изјави дека доколку парламентарните избори се одржат во ноември, тогаш претседателските избори ќе се одржат во јануари, најдоцна на почетокот на февруари.

Вучиќ: Претседателски избори во декемви или јануари, најдоцна до почетокот на февруари

Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска изјави дека доколку парламентарните избори се одржат во ноември, тогаш претседателските избори ќе се одржат во јануари, најдоцна на почетокот на февруари, а доколку парламентарните избори се одржат во октомври, претседателските избори би можеле да се одржат до крајот на декември, објави Телеграф.

„Ако парламентарните избори се одржат во ноември, тогаш тие ќе се одржат во јануари. Ако парламентарните избори се одржат во октомври, можно е да се одржат кон крајот на декември или почетокот на јануари. Ако се одржат во ноември, тогаш дефинитивно ќе се одржат во јануари, или можеби најдоцна на почетокот на февруари.“

Кога го прашаа дали го видел истражувањето на Crte за резултатите од изборите, тој одговори дека на почетокот не верувал, но кога подоцна видел колку пари добиваат од разни земји, тогаш, како што вели, тие сигурно знаат подобро.

„Верувам во тие студии „Крте“. На почетокот не им верував, бидејќи имам некои свои, но кога видов колку пари добиваат од скандинавските земји, разни европски земји, од Европската Унија, тие сигурно го прават тоа подобро и знаат подобро од нас. Значи, ние сме на работ на пораз, тие се на работ на победа, и тоа е во ред. Ќе се бориме до последен момент, а кога ќе изгубиме, ќе продолжиме да се бориме“, рече Вучиќ, додавајќи дека ќе ги признае резултатите од изборите, без оглед на исходот.

Тој рече дека верува оти луѓето ќе ја изберат својата иднина на изборите.

Тој истакна дека денес околу 18 часот оди во Баново Поље за да се види со Богатиќ.

„Сакам да им се заблагодарам на сите граѓани на Србија за досегашната поддршка на политиката на одговорност и сериозност. Веднаш ќе ги признаеме и ќе ги честитаме резултатите од изборите, какви и да се тие. Но, ние ќе ги зачуваме нашите идеи, нашата програма и план, ќе ги заштитиме и ќе се бориме за нив. И тоа е планот Србија брзо да се движи напред, Србија да се развива, пензиите и платите да растат, ние да ги зачуваме семејствата како столб на нашето општество, ние да ја зачуваме нашата земја, за да можеме сами да ја заштитиме и одбраниме“, рече Вучиќ.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Димитриевски од Струмица: Граѓаните паметат кој остана верен на принципите, а кој ги замени за функции и луксуз

Караванот на Движење ЗНАМ за Наша Македонија под мотото „Европска ЗНАМ, Европска иднина, Европска Македонија“ го заокружи викендот со панел-дискусија во Струмица

Димитриевски од Струмица: Граѓаните паметат кој остана верен на принципите, а кој ги замени за функции и луксуз

Караванот на Движење ЗНАМ за Наша Македонија под мотото „Европска ЗНАМ, Европска иднина, Европска Македонија“ го заокружи викендот со панел-дискусија во Струмица, од каде беше испратена јасна политичка порака, Македонија повеќе нема време за политики на изговори, поделби и лични интереси.

Во своето обраќање, претседателот на Движење ЗНАМ, Максим Димитриевски, истакна дека присуството на караванот во Струмица е потврда дека граѓаните бараат нов начин на политичко дејствување, политика која слуша, работи и одговара пред народот.

„Додека народот се бори за секој денар, додека земјоделецот се бори за својот труд и својот производ, некои политичари се натпреваруваат кој ќе покаже поскапа јахта, полуксузен одмор и поголема привилегија. Тоа не е политиката што ја заслужува Македонија. Политиката не е создадена за некој да живее подобро од народот, туку за да работи за народот.“ Димитриевски порача дека Македонија мора да стави крај на времето во кое политиката била користена како алатка за личен интерес и задржување на привилегии.

„Во политиката има луѓе кои влегле за да служат на народот, но има и такви кои политиката ја претвориле во лична корист и привилегија. Секој со својот крст. Граѓаните на Струмица многу добро знаат кој останал верен на идеите со кои започнал, а кој ги заменил принципите за удобност, функции и позиции. На крајот, не судат политичките центри на моќ, туку граѓаните, тие најдобро препознаваат кој се борел за нив, а кој за себе.“

Тој нагласи дека Движење ЗНАМ е создадено како одговор на политиките кои со години создаваа разочарување кај граѓаните и дека денес покажува дека може поинаку, без клиентелизам, без политички договори зад затворени врати и без ставање на партиските интереси пред државните.

„ЗНАМ не е создадено за да биде дел од старите политички матрици. Создадено е затоа што Македонија заслужува политика во која зборот има тежина, а резултатите се единственото мерило. Ние не бараме доверба заради функции, бараме доверба заради работата што ја правиме.“

Во рамките на панел-дискусијата, министерот за јавна администрација Горан Минчев говореше за реформите насочени кон создавање професионална, ефикасна и департизирана јавна администрација.Тој истакна дека институциите мора да бидат вистински сервис на граѓаните, а не алатка за партиски влијанија. Воспоставувањето на мерит-системот, професионализацијата на администрацијата и воведувањето современи стандарди во работењето се клучни чекори кон создавање држава која ќе биде поблиска, побрза и поефикасна за секој граѓанин.

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Борче Серафимовски посочи дека Струмичкиот регион е доказ за потенцијалот што го има Македонија, но и пример дека земјоделците заслужуваат државна поддршка и сигурни политики. Тој нагласи дека земјоделството мора да биде стратешки приоритет, со политики за сигурен пласман, фер услови, модернизација на производството и партнерски однос меѓу државата и земјоделците.

Движењето ЗНАМ продолжува да ја гради својата политика врз директен разговор со граѓаните, чесно преземање одговорност и конкретни резултати, спротивно на политичките практики во кои граѓаните со години беа сведоци на празни ветувања, поделби и систем во кој малкумина имаа привилегии, а мнозинството ги носеше последиците.

Центар за комуникации и аналитика

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер