Комплетирано 6.коло во Евролигата - Канал 5

Комплетирано 6.коло во Евролигата

Со двата натпревари кои беа одиграни синоќа комплетирано е 6.коло од ТОП 16 фазата во кошаркарската Евролига.

Комплетирано 6.коло во Евролигата
На средбата од Е групата, екипата на Барселона славеше победа со 80:70 во дуелот со италијанскиот тим Емпорио Армани, по што шпанската екипа остана единствената со максимално шест победи во оваа фаза од натпреварувањето

На натпреварот одигран во Истанбул, а во рамките од групата Ф, екипата на ЦСКА Москва како гостин го совлада Галатасарај со 74:71.

На средбите кои се одиграа ден порано беа постигнати следниве резултати:

Група Е: Фенербахче - Лаборал 98:64 и Уникаха - Панатинаикос 87:71 и Олимпијакос – Анадолу Ефес 78:60.

Табела: Барселона 6-0 (победи-порази), Олимпијакос 4-2, Емпорио Армани 3-3, Панатинаикос 3-3, Уникаха 3-3, Фенербахче 2-4, Анадолу Ефес 2-4 и Лаборал 1-5.

Група Ф: Локомотив Кубан - Реал Мадрид 74:78, Жалгирис - Партизан 89:77 и Макаби - Баерн 66:64.

Табела: ЦСКА Москва 5-1 (победи-порази), Макаби 5-1, Реал Мадрид 5-1, Локомотив Кубан 3-3, Галатасарај 2-4, Баерн Минхен 2-5, Жалгирис 1-5 и Партизан 1-5.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Во Волково пожарот зафати една куќа, пожарникар доби изгореници

Голем пожар околу пладне избувна и во населбата Волково.

Во Волково пожарот зафати една куќа, пожарникар доби изгореници

И овој пожар е ставен под контрола, благодарение на интевенцијата на скопските пожарникари, кои излегле на терен со 4 возила. Огнот брзо се ширел поради силниот ветер и зафатил една куќа, која целосно изгорела. При гаснењето, еден пожарникар, се здобил со изгореници на раката.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Под контрола е пожарот во Сопиште: Направен е коридор за спас на шумата на Водно, гасат и „ер-тракторите“

Ставен под контрола е големиот пожар што попладнево избувна на територијата на општина Сопиште, зад Водно.

Под контрола е пожарот во Сопиште: Направен е коридор за спас на шумата на Водно, гасат и „ер-тракторите“

Градоначалникот на Сопиште, Јане Мицевски, во изјава за Канал 5 вели дека населението е вон опасност, а направен е коридор за да се спаси шумата на Водно.

Пожарот, кој избувнал над самото село чифлик засега е под контрола, благодарение на интервенцијата на скопската противпожарна бригада, ДЗС, како и доброволното друштво и месното население.

Во гасењето учестувуваат и три авиони ер-трактор, а на терен интервенираат и четири пинцгауери.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

28 годишното момче со повреден врат транспортирано од Кушадаси

Во стабилна здравствена состојба пристигна 28 годишниот скопјанец кој има повреди на ‘рбетниот мозок заради пад од тобоган на летување во Турција.

28 годишното момче со повреден врат транспортирано од Кушадаси

Повредениот пристигна со владиниот авион со тимот предводен од доктор Марта Тренева во комплексот „Мајка Тереза“ и беше итно донесен во ургентниот центар. Тимот на доктори предоводени од директорот на ТОАРИЛУЦ, Игор Мерџаноски објаснија дека операцијата во турската болница е добро направена и по две недели тамошно болничко лекување е донесен во Македонија.

28 годишниот е хоспитализиран во единицата за интензивно лекување и ќе се следи неговата здравствена состојба, објаснуваат докторите.

Скопјанецот се повредил на 22 јули каде бил итно опериран, тој преживел тешка повреда на ‘рбетниот мозок и морало итна интервенција. По итна постапка и во координација со Владата, Фондот за здравствено осигурување и Службата за општи и заеднички работи беше обезбеден владин авион со кој пациентот беше транспортиран во Македонија.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер