Комплетирано 11. коло во „ТОП 16„ на Евролигата - Канал 5

Комплетирано 11. коло во „ТОП 16„ на Евролигата

Во кошаркарската Евролига синоќа беа одиграни три натпревари со кои е комплетирано 11.коло од „ТОП 16„ фазата.

Комплетирано 11. коло во „ТОП 16„ на Евролигата
Во единствениот натпревар од „Ф„ групата, московска ЦСКА ја потврди фаворитската улога во дуелот со Нижни Новгород кого го победи на гостински терен со 86:82 .

Во групата „Е„ беа одиграни две дерби средби. Во Истанбул, во неизвесен меч, екипата на Галатасарај загуби од Панатинаикос минимално со 84:86.

Во Мадрид, актуелниот шампион Макаби загуби Реал со 86:75 и пропушти шанса уште од сега да обезбеди пласман во плејофот.

На две кола до крајот на „ТОП 16„ фазата пет екипи имаат обезбеден пласман во четвртфиналето: Реал Мадрид, Барселона, (од групата Е), Фенербахче, ЦСКА Москва и Олимпијакос (од група Ф).

Комплетни резултати и табели по 11.коло:

Е група: Жалгирис – Барселона 72:83, Алба Берлин – Црвена Звезда 73:68, Галатасарај – Панатинаикос 84:86 и Реал Мадрид – Макаби 86:75.

Табела: *Реал Мадрид со 102 (победи-порази), * Барселона 9-3, Макаби Тел Авив 7-5, Панатинаикос 7-5, Алба Берлин 6-6, Жалгирис 4-8, Црвена Звезда 3-9 и Галатасарај 2-10.

Ф група: Фенербахче – Уникаха 78:63, Олимпијакос – Анадолу Ефес 86:75, Армани Милано – Лаборал 99:85 и Нижни Новгород – ЦСКА М. 82:86.

Табела: *Фенербахче 10-2 (победи-порази), *ЦСКА Москва 10-2, *Олимпијакос 9-3, Анадолу Ефес 5-7, Лаборал 5-7, Армани Милано 4-8, Нижни Новгород 3-9 и Уникаха 2-10.

*Екипи кои обезбедија пласман во плејофот. /МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Трамп е убеден дека републиканците ќе изненадат на изборите: Резултатите ќе бидат подобри отколку што мислите (ВИДЕО)

Американскиот претседател Доналд Трамп останува уверен дека републиканците можат да поминат добро на среднорочните избори.

Трамп е убеден дека републиканците ќе изненадат на изборите: Резултатите ќе бидат подобри отколку што мислите (ВИДЕО)

Во разговор за Фокс њуз, додека милиони гласачи се упатуваат кон гласачките места, американскиот претседател рече дека изборите се важни „затоа што навистина ја направивме Америка повторно голема“.

„Мислам дека резултатите ќе бидат подобри отколку што мислите. Јас сум на турнеја 30 дена. Не знам што да ви кажам. Стадионите беа преполни“, рече Трамп.

Потоа додаде дека мисли дека митинзите вечерва ќе имаат големо влијание.

„Духот и љубовта кон нашата земја се неверојатни“, додаде тој.

Трамп, исто така, рече дека САД се „најпочитуваната земја во светот“, а потоа ја критикуваше Европа, за која рече дека „се распаѓа“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Стојков: Софија нема да ја дозволи регистрацијата на „ОМО Илинден Пирин“, ниту ќе ги имплементира пресудите

Официјална Софија никогаш нема да дозволи регистрација на македонското здржение “ОМО Илинден Пирин“ во Бугарија, смета копретседателот на ова здржение Стојко Стојков.  

Стојков: Софија нема да ја дозволи регистрацијата на „ОМО Илинден Пирин“, ниту ќе ги имплементира пресудите

Коментирајки ја изјавата на новоизбраната бугарска претседателката Илијана Јотова дека очекува завршување на надзорот на спроведувањето на пресудите од Стразбур на следната седницата на Светот на Европа, Стојков вели дека неговите очекувања се оти Бугарија ќе бара затворање на пресудите без нивно имплементирање.

Позицијата на Бугарија кон Македонија според Стојов е геноцидна и смета дека целта на официјална Софија е да ги снема македонскиот идентитет и Македонците да престанат да постојат како нација. Порача дека со отстапки, компромиси и виткање кичма нема да може да се реши спорот со Бугарија, туку дека е потребна достоинствена политика.

Стојко Стојков кој беше избран за надворешен член на МАНУ во ноември лани, денеска одржа и официјално пристапно предавање на тема „Идентитетот во средниот век: Македонија во балканскиот и империјалниот контекст“.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Велковски: Ќе се отворат шалтери и за оние кои примаат социјална помош преку Алта банка

Министерот за социјална политика Ѓоко Велковски најави дека шалтери ќе бидат отворени и во Скопје и Струмица.

Велковски: Ќе се отворат шалтери и за оние кои примаат социјална помош преку Алта банка

Министерот за социјална политика Ѓоко Велковски најави дека шалтери ќе бидат отворени и во Скопје и Струмица, а приоритет освен пензионерите ќе имаат и лицата кои примаат социјална помош преку Алта банка.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер